Electrolux EOB6850AOX Instrukcja obsługi

Typ
Instrukcja obsługi
EOB6850
................................................ .............................................
MK ПЕЧКА НА ПАРЕА УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
PL PIEKARNIK PAROWY INSTRUKCJA OBSŁUGI 44
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 6
4. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
5. КОНТРОЛНА ТАБЛА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
6. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 9
7. ФУНКЦИИ НА ЧАСОВНИКОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14
8. АВТОМАТСКИ ПРОГРАМИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15
9. КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 16
10. ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 20
11. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 22
12. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 35
13. ШТО ДА СТОРИТЕ АКО... . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 40
14. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 42
15. МОНТАЖА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 42
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што купивте Electrolux апарат. Одбравте производ со долгогодишно професионално
искуство и иновативност. Револуционерен и стилски, мислевме на Вас кога го дизајниравме. Со секое
користење, бидете сигурни дека секогаш ќе имате супер резултати.
Добродојовте во Electrolux.
Посетете ја нашата веб страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за
сервисирање:
www.electrolux.com
Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги:
www.electrolux.com/productregistration
Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
СЛУЖБА ЗА ПОТРОШУВАЧИ И СЕРВИС
Ви препорачуваме да користите оригинални делови.
Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци.
Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број.
Предупредување / Внимание - Сигурносни информации.
Општи информации и совети
Еколошки информации
Можноста за промени е задржана.
2
www.electrolux.com
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги доставените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба предизвикаат
повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или траен инвалидитет.
Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8
години и постари и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или со недостаток на искуство и
знаење доколку ги надгледува лице кое е одговорно за
нивната безбедност.
Деца не смеат да играат со апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Држете ги децата и миленичињата подалеку од апаратот
кога тој работи или кога се лади. Деловите кои се достапни
се жешки.
Ако апаратот има безбедносен уред за деца, ви
препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
1.2 Општа безбедност
Само квалификувано лице може да го монтира уредот и да
го замени кабелот.
Апаратот се загрева во внатрешноста при работа. Не
допирајте ги греачите кои се во апаратот. Секогаш
користете ракавици за рерна за вадење или ставање прибор
или огноотпорни садови.
Не користете чистач на пареа за чистење на уредот.
Пред одржувањето, исклучете го апаратот од струја.
МАКЕДОНСКИ 3
Не користете силно абразивни средства или остри метални
стругалки за да го чистите стаклото на вратата бидејќи тоа
може да предизвика прскање на стаклото.
За да ги извадите држачите на решетките повлечете го
предниот дел од држачот, а потоа задниот крај настрана од
страничните ѕидови. Монтирајте ги држачите на решетките
по обратен редослед.
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба да се
замени од страна на производителот, овластен сервисен
претставник или слично квалификувани лица за да се
избегне опасност.
Пред да ја менувате сијалицата во рерната, уверете се дека
уредот е исклучен, за да ја избегнете можноста од струен
удар.
2.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да биде монтиран
само од квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа.
Никогаш не монтирајте и не користете
оштетен апарат.
Следете ги инструкциите за монтирање
дадени со апаратот.
Бидете внимателни кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
Не влечете го апаратот за рачката.
Одржувајте минимална оддалеченост од
другите апарати и делови.
Уверете се дека апаратот е инсталиран под
најблиските сигурносни структури.
Страните на апаратот мора да останат во
близина на апаратите или до уредите со
иста висина.
Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар и електричен
шок.
Секое поврзување на струја треба да биде
направено од квалификуван електричар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали податоците за струјата од
плочката со спецификации одговараат на
напојувањето со електрична енергија. Ако
не, контактирајте со електричар.
Секогаш користете правилно инсталирана
приклучница, обезбедена од струјни удари.
Не употребувајте повеќекратни приклучоци
и продолжени кабли.
Внимавајте да не ги оштетите приклучокот
за струја и кабелот. Контактирајте со
сервисниот центар или со електричар за да
го смените оштетениот кабел.
Не дозволувајте кабелот да дојде во допир
со вратата на апаратот, особено кога
вратата е жешка.
Заштитата од електричен удар на
активните и изолираните делови мора да
се поврзе на таков начин што нема да
може да се извади без алатки.
4
www.electrolux.com
Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали има пристап до
приклучокот за струја по монтажата.
Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за струја.
Не влечете го кабелот за напојување за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го штекерот за напојување.
Користете само правилни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот), заземјување
и контактори.
Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува да
го исклучите апаратот од приклучокот за
струја од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со ширина од
најмалку 3 mm.
2.2 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои опасност од повреда,
изгореници или електричен шок или
експлозија.
Користете го апаратот само во домашни
услови.
Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
Погрижете се отворите за вентилација да
не се блокирани.
Не оставајте го апаратот без надгледување
додека работи.
Исклучете го апаратот по секоја употреба.
Внимавајте кога ја отворате вратата на
апаратот додека тој работи. Може да се
ослободи жежок воздух.
Не ракувајте со апаратот со влажни раце
или кога тој има контакт со вода.
Не притискајте на отворена врата.
Не употребувајте го апаратот како работна
површина или како простор за складирање.
Секогаш држете ја вратата на апаратот
затворена кога апаратот работи.
Отворете ја вратата на апаратот
внимателно. Користењето на состојки со
алкохол може да предизвика мешање на
алкохол и воздух.
Кога ја отворате вратата, не дозволувајте
апаратот да дојде во контакт со искри или
отворен оган.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до или на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
За да го заштитите емајлот од оштетување
или губење на бојата:
- не ставајте огноотпорни садови или други
предмети директно на дното на апаратот.
- не ставајте алуминиумска фолија
директно на дното на апаратот.
- Не ставајте вода директно во врелиот
апарат.
- Не чувајте влажни чинии или храна во
апаратот откако сте завршиле со
готвењето.
- Бидете внимателни при отстранување или
поставување на приборот.
Обезбојувањето на емајлот нема ефект врз
работата на апаратот. Тоа не е дефект во
смисол на гаранцијата.
Користете длабока тава за влажни колачи.
Овошните сокови предизвикуваат дамки
кои може да останат постојано.
Готвење на пареа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници и
оштетување на апаратот.
Не ја отворајте вратата од апаратот додека
готвите со пареа. Може да излезе пареа.
2.3 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди, пожар или
оштетување на апаратот.
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од
приклучницата.
Проверете дали апаратот е ладен. Постои
опасност од кршење на стаклените плочи.
Веднаш заменете ги стаклените плочи на
вратата кога се оштетени. Контактирајте со
сервисот.
Бидете внимателни кога ја вадите вратата
од апаратот. Вратата е тешка!
МАКЕДОНСКИ 5
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на материјалот на
површината.
Заостанатата мрснотија или храна во
апаратот може да предизвика пожар.
Исчистете го апаратот со навлажнета мека
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
средства, сунѓери со жица, растворувачи
или метални предмети.
Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните инструкции
на пакувањето.
Не чистете го каталитичкиот емајл (доколку
има) со никаков тип на детергент.
2.4 Внатрешно светло
Типот на светилката или на халогената
лампа која се користи за овој апарат е само
за употреба во апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во куќата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од струен удар.
Пред да ја замените светилката, исклучете
го апаратот од напојувањето.
Користете само светилки со истите
спецификации.
2.5 Отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или задушување.
Исклучете го апаратот од приклучокот за
струја.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
Извадете ја рачката на вратата за да
спречите затворање на деца и миленичиња
во апаратот.
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
4
11
8
9
7
3
10
6
5
4
1
2
3
1 2
5
1
Eлектронски програмер
2
Фиока за вода
3
Скара
4
Светилка во печката
5
Вентилатор
6
Држач за решетка, се вади
7
Цевка за цедење
8
Вентил за испуштање пареа
9
Плочка со спецификации
10
Положби на решетките
11
Довод на пареа
3.1 Прибор за печката
Решетка
За садови за готвење, калапи за торта,
тави за печење.
Плех за печење
За колачи и кори.
Тава
За печење на тесто или месо или како сад
за собирање маснотија.
Телескопски шини
За решетки и плехови.
Диетален сад за печење
За функциите за готвење со пареа.
6
www.electrolux.com
4. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
4.1 Прво чистење
Извадете ги сите додатоци и држачите кои
се вадат (ако е применливо).
Исчистете го апаратот пред првата
употреба.
Видете во поглавјето „Нега и
чистење“.
4.2 Прво поврзување
Кога го приклучувате апаратот на струја или
по прекин на напојувањето со струја, морате
да го поставите јазикот, контрастот на
екранот, осветленоста на екранот и времето
во денот.
1.
Допрете го или за да ја
поставите вредноста.
2.
Допрете го OK за да потврдите.
4.3 Загревање
Загрејте го апаратот додека е празен за да ја
извадите преостаната мaснотија.
1.
Поставете ги функцијата на печката и
максималната температура.
2.
Оставете го апаратот да работи околу 45
минути.
3.
Поставете ги функцијата на печката и
максималната температура.
4.
Оставете го апаратот да работи околу 15
минути.
Додатоците може да станат пожешки од
обично. Апаратот може да испушта миризба и
чад. Тоа е нормално. Погрижете се да има
доволно проветрување.
5. КОНТРОЛНА ТАБЛА
Eлектронски програмер
1 10
11
2 43 8 95 6 7
Користете ги сензорските полиња за да работите со апаратот
Број
Сензорско
поле
Функција Коментар
1
Вклучено/
исклучено
За вклучување и исклучување на апаратот.
МАКЕДОНСКИ 7
Број
Сензорско
поле
Функција Коментар
2
Функции на
греење или
Помош при
готвење
За одбирање на функција на греење или
функција за Помош при готвење . За
пристап до потребната функција, допрете
го полето еднаш или двапати кога е
вклучен апаратот. За вклучување или
исклучување на светлото, допрете го
полето 3 секунди.
3
Почетно копче За враќање назад едно ниво во менито. За
враќање во главното мени, допрете го
полето 3 секунди.
4
Избор на
температура
За поставување на температурата или за
прикажување на моменталната
температура во апаратот. За вклучување
или исклучување на функцијата Брзо
загревање , допрете го полето 3 секунди.
5
Омилена
програма
За зачувување и пристап до вашите
омилени програми.
6
Копче за нагоре За да се движите нагоре во менито.
7
Копче за надолу За движење надолу во менито.
8
Време и
дополнителни
функции
За поставување различни функции. Кога
работи функцијата за загревање, допрете
го сензорското поле за да го поставиете
тајмерот, Блокадата за деца, меморијата
на Омилена програма , Топлина +
Задржување , Set + Go , или за да ги
промените поставките на Сензорот за
температура во средината (се однесува
само на одбрани модели).
9
Потсетник во
минути
За да го поставите Потсетник во минути .
10
OK За потврда на изборот или на поставката.
11
Дисплеј Ги прикажува тековните поставки на
апаратот.
Екран
A
DE
B C
A)
Функција за греење
B)
Време во денот
C)
Показател за загревање
D)
Температура
E)
Функции Траење и Крај на готв.
8
www.electrolux.com
Други показатели на екранот
Знак Функција
Потсетник во минути Функцијата работи.
Време во денот На екранот се прикажува времето во денот.
Траење На екранот се прикажува потребното време за
готвење.
Крај на готв. Не екранот се прикажува кога времето на готвење е
завршено.
Означување на
време
На екранот се прикажува колку долго работи
одредена функција за греење. Притиснете ги
истовремено
и за да го вратите времето на
нула.
Показател за
загревање
На екранот се прикажува температурата во апаратот.
Показател за Брзо
загревање
Функцијата работи. Оваа функција го намалува
времето на загревање.
Автоматска тежина На екранот се прикажува дека работи автоматскиот
систем за тежина или дека можете да ја промените
тежината.
Топлина +
Задржување
Функцијата работи.
6. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
6.1 Движење низ менијата
Работа со менијата:
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Допрете го или за да ја изберете
опцијата од менито.
3.
Притиснете OK за да дојдете до
подменито или за да ја прифатите
поставката.
Во секое време можете да се вратите назад
во главното мени со
6.2 Преглед на менијата
Главно мени
Знак Ставка во менито Примена
Функции на греење Содржи листа со функции за греење.
Помош при готвење Содржи листа со автоматски програми за готвење.
Омилена програма
Содржи список со омилени програми за готвење
зачувани од корисникот.
Основни поставки Содржи листа со другите поставки.
МАКЕДОНСКИ 9
Знак Ставка во менито Примена
Специјални Содржи листа со додатни функции на греење.
Под-менија за: Основни поставки
Знак Под мени Опис
Постави време во денот Го поставува точното време на часовникот.
Означување на време
Кога е ВКЛУЧЕН, екранот го покажува точното
време кога ќе го исклучите апаратот.
SET + GO
Кога е ON (вклучена), можете да ги вклучите
функциите кога ја вклучувате функцијата за греење.
Топлина + Задржување
Кога е ON (вклучена), можете да ја вклучите оваа
функција кога ја вклучувате функцијата за греење.
Дополнително време Ја активира и деактивира функцијата.
Контраст на екран Го регулира контрастот на екранот во степени.
Осветленост на екран Ја регулира осветленоста на екранот во степени.
Постави јазик Го подесува јазикот на екранот.
Јачина на звучен сигнал
По степени ја регулира јачината на звуците при
допир и на сигналите.
Тонови на копчиња
Ги активира и деактивира звуците на полињата на
допир. Не може да се исклучи тонот на допирното
поле за ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО.
Тревога/Грешка Тонови Ги вклучува и исклучува тоновите за тревога.
Сервисирање
Ги прикажува верзијата на софтверот и
конфигурацијата.
Фабрички поставки Ги враќа сите поставки на фабричките вредности.
6.3 Функции за греење
Подмени за: функции на греење
Специјални Примена
Готвење со вентилатор За печење на најмногу три нивоа истовремено.
Кога ја користите оваа функција, намалете ја
температурата на рерната за 20 - 40°C од
стандардните температури што ги користите за
Вообичаено готвење .
Вентилатор + Пареа За парење јадења. Користете ја оваа функција за
намалување на должината на времето на готвење
и за зачувување на витамините и хранливите
состојки во храната. За да ја користите, изберете
ја функцијата и поставете ја температурата меѓу
130°C и 230°C.
10
www.electrolux.com
Специјални Примена
Поставки за пица За правење пица, киш или пита на пареа.
Вообичаено готвење За печење тесто и месо на едно ниво.
Бавно готвење За подготвување особено меко, сочно печено
месо.
Долен греjач За печење колачи со крцкаво дно или дно со кора
и за конзервирање храна.
влажна печење со
вентил.
За да заштедите енергија кога печете и готвите
суви печени производи. Исто така за да печете
испечени производи во конзерва на едно ниво.
ЕКО печење на месо Функиите ЕКО ви овозможуваат да заштедите
електрична енергија за време на готвењето.
Неопходно е прво да го поставите траењето на
готвењето.
Смрзната храна За правење храна за разни пригоди како крцкав
чипс, резанки или пирошки.
Печење скара За печење рамни парчиња храна на средината на
скарата и за печење тост од леб.
Брзо печење За печење рамни парчиња храна во големи
количини и за печење тостови од леб.
турбо печење За печење поголеми парчиња месо или живина со
коски на едно ниво на решетката. Исто и за
запекување и потпекување.
Подгревање на пареа За повторно загревање на веќе зготвената храна
директно во чинија.
Подмени за: Специјални
Специјални Примена
Печење на леб За печење леб на пареа.
Потпечени За подготовка на јадења како лазањи и
потпечен компир. Исто и за запекување и
потпекување.
Киснато тесто За стасување тесто со квасец пред печење.
Топлење на чинии За загревање порција пред сервирање.
Конзервирање За конзервирање зеленчук во тегли и течност
(на пр. мешана туршија).
МАКЕДОНСКИ 11
Специјални Примена
Сушење За сушење кришки овошје, на пример јаболка,
сливи или праски, и зеленчук како домати,
тиквички или печурки.
Одржување на топлина За одржување на топлината на приготвената
храна
Одмрзнување За одмрзнување на замрзната храна.
6.4 Вклучување на функција за
греење
1. Вклучете го апаратот.
2. Изберете го менито Функции на греење .
Притиснете OK за да потврдите.
3. Поставете ја функцијата за греење.
Притиснете OK за да потврдите.
4. Поставете ја температурата. Притиснете
OK за да потврдите.
Притиснете еднаш или двапати на
за директно да влезете го менито
Функции на греење (кога апаратот е
вклучен).
6.5 Готвење на пареа
Капакот на фиоката за вода е во
контролната табла.
1.
Притиснете го капакот за да ја отворите
фиоката за вода.
2.
Наполнете ја фиоката за вода со 900 ml
вода.
Количеството вода е доволно за околу 55
- 60 минути.
Не ставајте вода директно во
генераторот на пареа.
Користете само вода. Не користете
филтрирана (деминерализирана) или
дестилирана вода. Не користете
други течности. Не ставајте запаливи
или алкохолни течности во фиоката
за вода.
3.
Турнете ја фиоката за вода во нејзината
почетна положба.
4.
Вклучете го апаратот.
5.
Подготвувајте ја храната во правилни
садови за готвење.
6.
Изберете ги функцијата за греење со
пареа и температурата.
7.
Доколку е неопходно, поставете ја
функцијата Траење
или Крај на
готв.
.
На крајот на времето за готвење се
огласува звучен сигнал.
8.
Исклучете го апаратот.
Оставете го апаратот целосно да се
исуши со отворена врата.
9.
Испразнете го садот за вода откако ќе
заврши готвењето со пареа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Почекајте најмалку 60 минути по
секое користење на готвењето со
пареа за да спречите излегување на
топла вода од вентилот за
испуштање вода.
6.6 Показател за празен сад
На екранот се прикажува Потребна е вода и
се огласува звучен зигнал кога садот е празен
и мора да се наполни.
Повеќе информации ќе најдете во „Готвење
на пареа“.
6.7 Показател за полн сад
Кога на екранот се прикажува Садот за вода е
полн , можете да го користите готвењето со
пареа.
Се огласува звучен сигнал кога ќе се наполни
садот.
Ако сипете премногу вода во садот,
безбедносниот уред за испуштање ќе
го однесе вишокот вода на дното на
печката.
Отстранете ја водата со сунѓер или
крпа.
12
www.electrolux.com
6.8 Празнење на садот за вода
Погрижете се апаратот да се излади
пред да почнете да го празните садот
за вода.
1.
Подгответе ја цевката за цедење (С)
вклучена во истиот пакет со упатството
за употреба. Ставете го конекторот (В) во
еден од краевите на цевката за цедење.
2.
Ставете го другиот крај на цевката за
цедење (C) во сад. Ставете ја во пониска
положба од вентилот за испуштање (А).
3.
Отворете ја вратата на печката и ставете
го конекторот (В) во вентилот за
испуштање (A).
4.
Притискајте го конекторот
последователно при празнење на садот
за вода.
5.
Кога водата ќе престане да тече, симнете
го конекторот од вентилот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не ја употребувајте исцедената вода
за да го полните садот за вода
повторно.
Во садот може да има малку вода
кога на екранот се прикажува
Потребна е вода . Почекајте додека
водата не престане да истекува од
вентилот за испуштање.
6.9 Показател за загревање
Кога вклучувате функција за греење, се
вклучува лента на екранот. Лентата покажува
дека температурата се зголемува.
B
C
A
6.10 Показател за Брзо загревање
Оваа функција го намалува времето на
загревање. За да ја вклучите функцијата,
задржете го
3 секунди. Ќе видите дека
показателот за загревање се менува.
6.11 Преостаната топлина
Кога ќе го исклучите апаратот, екранот ја
прикажува преостанатата топлина. Можете да
ја употребите топлината за да ја одржите
храната топла.
6.12 Штедење енергија
Апаратот ги има истите можности
што ќе ви помогнат да заштедите
енергија при секојдневното готвење:
Преостаната топлина:
Кога функцијата на греење или
програмата работат, елементите за
загревање се исклучуваат 10 % порано
(светлото и вентилаторот продолжуваат
да работат). За да работи оваа функција,
времето на готвење треба да биде
подолго од 30 минути или мора да ги
поставите функциите на часовникот
( Траење , Крај на готв. ).
Кога апаратот е исклучен, можете да ја
искористите топлината за да ја одржите
храната топла. На екранот се прикажува
преостанатата температура.
Готвење со исклучено светло - Допрете и
задржете го
3 секунди за да го исклучите
светлото за време на готвењето.
Кога ја користите функцијата влажно
печење со вентил., светлото се исклучува
по 30 секунди. Светлото повторно се
активира кога ќе го допрете
и ќе го
задржите 3 секунди.
Eco-функции - видете во „ Функции на
греење “.
МАКЕДОНСКИ 13
7. ФУНКЦИИ НА ЧАСОВНИКОТ
7.1 Функции на часовникот
Знак Функција Опис
Потсетник во
минути
За да поставите одбројување (макс. 2 ч. и 30 мин.). Оваа
функција нема влијание врз работата на апаратот.
Можете исто така да ја вклучите кога апаратот е
исклучен. Искористете го
за да ја вклучите
функцијата. Притиснете
или за да ги поставите
минутите и OK за да започне.
Траење
За да поставите колку долго треба да работи апаратот
(макс. 23 ч. и 59 мин.).
Крај на готв.
За да го поставите времето на исклучување на
функцијата за греење (макс. 23 ч. и 59 мин.).
Ако го поставите времето за функција на
часовникот, времето ќе започне да одбројува
по 5 секунди.
Ако ги користите функциите на
часовникот Траење
и Крај на
готв.
, апаратот ги исклучува
греачите по 90% од поставеното
време. Апаратот ја користи
преостанатата топлина за да го
продолжи готвењето додека не
заврши времето (3 - 20 минути).
Поставување на функциите на часовникот
1.
Поставете функција за греење.
2.
Притискајте го последователно
додека на екранот не се појави
потребната функција на часовникот и
соодветниот симбол.
3.
Допрете го или за да го
поставите неопходното време.
Притиснете OK за да потврдите.
Кога ќе истече времето, се огласува
звучен сигнал. Апаратот се исклучува. На
екранот се прикажува порака.
4.
Допрете сензорско поле за да го
исклучите сигналот.
Со Траење
и Крај на готв.
мора прво да ја поставите
функцијата за греење и
температурата. Потоа можете да
ја поставите функцијата на
часовникот. Апаратот автоматски
се исклучува.
Можете истовремено да ги
користите Траење
и Крај на
готв.
ако сакате автоматски
да го вклучите и исклучите
апаратот во дадено подоцнежно
време.
Кога го користите сензорот за
температура во средината (ако е
достапен), функциите Траење
и Крај на готв. не
работат.
7.2 Топлина + Задржување
Функцијата Топлина + Задржување ја чува
подготвената храна топла на 80°C 30 минути.
Се вклучува откако печењето тесто или месо
ќе заврши.
Можете да ја вклучите или
исклучите функцијата во менито
Основни поставки .
Услови за функцијата:
Поставената температура е
повисока од 80°C.
Поставена е функцијата
Траење .
Вклучување на функцијата
1.
Вклучете го апаратот.
14
www.electrolux.com
2.
Изберете ја функцијата за греење.
3.
Поставете ја температурата над 80°C.
4.
Притискајте го повеќепати сè додека
на екранот не се прикаже Топлина +
Задржување . Притиснете OK за да
потврдите.
Кога функцијата ќе заврши, се огласува
звучен сигнал.
Функцијата Топлина + Задржување работи 30
минути.
Функцијата Топлина + Задржување останува
вклучена ако ги промените функциите на
греење.
7.3 Дополнително време
Функцијата Дополнително време ја
продолжува функцијата за греење по
завршувањето на Траење .
Се применува за сите функции на греење
со Траење или Автоматска тежина .
Не се применува со функциите на греење
со Сензор за температура во средината .
Вклучување на функцијата:
1.
Кога времето на готвење ќе заврши, се
огласува звучен сигнал. Притиснете
одредено сензорско поле.
2.
На екранот се прикажува порака за
Дополнително време од пет минути.
3.
Притиснете го за да го вклучите (или
за да го откажете).
4.
Поставете ја должината на
Дополнителното време . Притиснете OK
за да потврдите.
8. АВТОМАТСКИ ПРОГРАМИ
8.1 Помош при готвење со
Автоматски рецепт
Апаратот има комплет рецепти што можете
да ги употребувате. Рецептите се фиксни и не
можете да ги смените.
Вклучување на функцијата:
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Одберете го менито Помош при
готвење . Притиснете OK за да
потврдите.
3.
Одберете ја категоријата и јадењето.
Притиснете OK за да потврдите.
4.
Одберете Автоматски рецепт .
Притиснете OK за да потврдите.
Кога ја користите функцијата
Прирачник , апаратот ги користи
автоматските поставки. Можете да ги
замените како и другите функции.
8.2 Помош при готвење со
Автоматска тежина
Оваа функција автоматски го пресметува
времето на печење на месото. За да ја
употребите, потребно е да се внесе тежината
на храната.
Вклучување на функцијата:
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Одберете Помош при готвење .
Притиснете OK за да потврдите.
3.
Одберете ја категоријата и јадењето.
Притиснете OK за да потврдите.
4.
Одберете Автоматска тежина .
Притиснете OK за да потврдите.
5.
Допрете го или за да ја
поставите тежината на храната.
Притиснете OK за да потврдите.
Автоматската програма започнува. Можете да
ја смените тежината во било кое време.
Притиснете го
или за да ја смените
тежината. Кога ќе истече времето, се
огласува звучен сигнал. Допрете сензорско
поле за да го исклучите сигналот.
Превртете ја храната по 30 минути
кај некои програми. Екранот покажува
потсетник.
МАКЕДОНСКИ 15
9. КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за заштита и
сигурност.
9.1 Телескопски шини
°C
1.
Извлечете ја десната и левата
телескопска шина.
°C
2.
Поставете ја решетката на
телескопските шини, а потоа нежно
турнете ги во апаратот.
Пред да ја затворите вратата на печката,
проверете дали целосно сте ги турнале
телескопските шини внатре во апаратот.
Чувајте го упатството за монтирање
на телескопските шини за идна
употреба.
Со телескопските шини можете да ги ставате
и да ги вадите решетките многу полесно.
ВНИМАНИЕ
Не чистете ги телескопските шини во
машина за миење на садови. Не
подмачкувајте ги телескопските
шини.
9.2 Прибор за готвење на пареа
Сад за диетално печење за функциите за
готвење на пареа
16
www.electrolux.com
•Стаклена чинија (А)
Капак (B)
Цевка на вбризгувачот (C)
Вбризгувач за директно готвење на пареа
(D)
Челична решетка (E)
МАКЕДОНСКИ 17
C
Садот се состои од стаклена чинија, капак со
отвор за цевката на вбризгувачот (C) и
челична решетка која се става на дното од
садот за готвење.
C
D
Вбризгувач и цевка на вбризгувачот. „C“ е
цевка на вбризгувачот за готвење на пареа,
„D“ е вбризгувачот за директно готвење на
пареа.
Готвење на пареа во сад за диетално печење
Ставете ја храната на челичната решетка во
садот за печење и затворете го со капак.
Ставете ја цевката на вбризгувачот во
специјалниот отвор на капакот на диеталниот
сад за печење. Ставете го садот за печење на
втората положба на решетката од долу.
Ставете го другиот крај на цевката на
вбризгувачот во влезниот отвор за пареа
(видете во поглавјето „Опис на производот“).
Внимавајте да не ја превиткате цевката на
вбризгувачот или таа да не го допре греачот
на горниот дел на печката. Поставете ја
печката за функцијата за готвење на пареа.
18
www.electrolux.com
Директно готвење на пареа
Ставете ја храната на челичната решетка во
садот за печење. Додадете малку вода.
Ставете го вбризгувачот (D) во цевката на
вбризгувачот (C). Поврзете го другиот крај со
влезниот отвор за пареа.
Не користете го капакот на садот.
Кога готвите храна како што е пилешко, патка,
мисирка, јарешко или голема риба, ставете го
инјекторот (D) директно во празниот дел на
месото. Внимавајте да не ги блокирате
отворите.
Ставете го садот за печење на првата или на
втората положба на решетката од долу.
Внимавајте да не ја превиткате цевката на
вбризгувачот или таа да не го допре греачот
на горниот дел на печката. Поставете ја
печката за функцијата за готвење на пареа.
За повеќе информации за готвењето на
пареа, видете во табелите за готвење на
пареа во поглавјето „Помош и совети“.
Цевката на вбризгувачот е
специјално направена за готвење и
не содржи опасни материјали.
Внимавајте кога го користите вбризгувачот
кога работи печката. Секогаш користете
ракавици за печка за да ракувате со
вбризгувачот кога печката е жешка. Секогаш
вадете го вбризгувачот од печката кога не
користите функција на пареа.
Не ставајте топол сад за печење на ладни /
влажни површини.
МАКЕДОНСКИ 19
Не ставајте ладни течности во садот за
печење кога е жежок.
Не го користете садот за печење на жешка
површина за готвење.
Немојте да го чистите садот за печење со
абразивни средства, жици за чистење или
прашок.
10. ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ
10.1 Мени Омилена програма
Можете да ги зачувате вашите омилени
поставки, како што се траење, температура
или функција за греење. Тие се достапни во
менито Омилена програма . Можете да
зачувате до 20 програми.
Зачувување програма
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Поставете функција за греење или
функција Помош при готвење .
3.
Допрете го повеќепати сè додека на
екранот не се прикаже ЗАЧУВАЈ .
Притиснете OK за да потврдите.
4.
Екранот го прикажува првото слободно
место во меморијата.
Притиснете OK за да потврдите.
5.
Внесете го името на програмата. Првата
буква трепка.
Допрете го
или за да ја смените
буквата. Притиснете OK.
6.
Допрете го или за да го
поместите курсорот кон лево или кон
десно. Притиснете OK.
Следната буква трепка. Направете ги
чекорите 5 и 6 уште еднаш ако е
потребно.
7.
Притиснете и задржете OK за да
зачувате.
Корисни информации:
20
www.electrolux.com
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72
  • Page 73 73
  • Page 74 74
  • Page 75 75
  • Page 76 76
  • Page 77 77
  • Page 78 78
  • Page 79 79
  • Page 80 80
  • Page 81 81
  • Page 82 82
  • Page 83 83
  • Page 84 84
  • Page 85 85
  • Page 86 86
  • Page 87 87
  • Page 88 88

Electrolux EOB6850AOX Instrukcja obsługi

Typ
Instrukcja obsługi