Aeg-Electrolux HC451220EB Instrukcja obsługi

Typ
Instrukcja obsługi
HC451220EB MKУпатство за ракување 2
PL Instrukcja obsługi 21
ROManual de utilizare 39
RUИнструкция по эксплуатации 57
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 4
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 7
4. УПАТСТВА ЗА РАКУВАЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 9
5. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14
7. ШТО ДА СТОРИТЕ АКО... . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 15
8. УПАТСТВА ЗА МОНТИРАЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 16
9. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19
ЗА СОВРШЕНИ РЕЗУЛТАТИ
Ви благодариме за изборот на овој производ на AEG. Го создадовме за да ви пружиме
одлична работа за многу години, со иновативни технологии што помагаат да го направат
животот поедноставен - карактеристики што можеби нема да ги најдете на обичните
апарати. Потрошете неколку минути за читање за да го добиете најдоброто од него.
Посетете ја нашата веб страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми,
информации за сервисирање:
www.aeg.com
Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги:
www.aeg.com/productregistration
Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат:
www.aeg.com/shop
СЛУЖБА ЗА ПОТРОШУВАЧИ И СЕРВИС
Ви препорачуваме да користите оригинални делови.
Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање
следниве податоци.
Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот,
Сериски број.
Предупредување / Внимание - Сигурносни информации.
Општи информации и совети
Еколошки информации
Можноста за промени е задржана.
2
www.aeg.com
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или траен
инвалидитет.
Овој апарат може да го користат деца на возраст
од 8 години и постари и лица со намалени
физички, сетилни или ментални способности или
со недостаток на искуство и знаење доколку ги
надгледува лице кое е одговорно за нивната
безбедност.
Деца не смеат да играат со апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на
деца.
Држете ги децата и миленичињата подалеку од
апаратот кога тој работи или кога се лади.
Деловите кои се достапни се жешки.
Ако апаратот има безбедносен уред за деца, ви
препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без
надзор.
1.2 Општа безбедност
Апаратот и неговите достапни делови се
вжештуваат за време на употребата. Не допирајте
ги грејните елементи.
МАКЕДОНСКИ 3
Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер
или со посебен систем за далечинско управување.
Готвењето на плотна со маст или масло без
надзор може да биде опасно и да доведе до
пожар.
Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете
го апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр.
со капак или специјално противпожарно ќебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Не користете чистач на пареа за чистење на
уредот.
Металните предмети, како ножеви, виљушки,
лажици и капаци, не треба да се оставаат на
површината за готвење бидејќи може да станат
жешки.
Ако стакло-керамичката површина е напукната,
исклучете го апаратот за да ја избегнете
можноста од струен удар.
По користењето, исклучете ја ринглата од плочата
за готвење преку соодветната команда и не
потпирајте се на уредот за откривање тенџере.
2.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да биде
монтиран само од
квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа.
Никогаш не монтирајте и не
користете оштетен апарат.
Следете ги инструкциите за
монтирање дадени со апаратот.
Одржувајте минимална
оддалеченост од другите апарати и
делови.
Бидете внимателни кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Залепете ги засечените површини
со лепак за да спречите влагата да
предизвика надигнување.
Заштитете го дното од апаратот од
пареа и влага.
Не го монтирајте апаратот во
близина на врата или под прозорец.
На овој начин ќе спречите некој
жежок сад за готвење да падне од
апаратот кога вратата или
прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над
фиоки, внимавајте просторот
4
www.aeg.com
помеѓу дното од апаратот и горната
фиока да е доволен за циркулација
на воздух.
Проверете дали просторот за
вентилација од 2 mm помеѓу
горната работна површина и
предниот дел од апаратот долу е
слободен. Гаранцијата не покрива
штета која е причинета од немање
на адекватен простор за
вентилација.
Дното на апаратот може да стане
жежок. Ви препорачуваме да
монтирате незапалива плоча за
одделување под апаратот за да
спречите пристап до дното.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од пожар и струен удар.
Сите поврзувања на струјата мора
да бидат направени од
квалификуван електричар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Пред да се изведуваат какви било
работи, проверете дали апаратот е
исклучен од струја.
Користете соодветен кабел за
струја.
Не оставајте ги каблите да се
заплеткаат.
Проверете дали кабелот за струја
или приклучокот (ако е применливо)
го допира топлиот апарат или
топлите садови за готвење кога го
поврзувате апаратот со штекери во
близина
Бидете сигурни дека апаратот е
правилно монтиран. Лабав и
несоодветен кабел за струја или
приклучок (ако е применливо) може
да предизвика прегревање на
терминалот.
Бидете сигурни дека е монтирана
заштитата од струен удар.
Користете клема за да го
ослободите кабелот од напон.
Потрудете се да не го оштетите
приклучокот за струја (ако е
применливо) или кабелот за струја.
Контактирајте со сервисот или со
електричар за да го заменат
оштетениот кабел за струја.
Електричната инсталација мора да
има изолациски уред кој што ви
овозможува да го исклучите
апаратот од приклучокот за струја
од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со
ширина од најмалку 3 mm.
Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот),
заземјување и контактори.
2.2 Употребете
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои опасност од повреда,
изгореници или електричен
шок.
Користете го апаратот само во
домашни услови.
Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
Не оставајте го апаратот без
надгледување додек работи.
Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
Не ставајте прибор за јадење или
капаци од тенџериња на ринглите.
Тие може да станат жешки.
Исклучувајте ги ринглите на „off“ по
секоја употреба. Не се потпирајте
на детекторот за тенџериња.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
Ако површината на апаратот е
испукана, веднаш исклучете го
апаратот од струјата. Ова ќе спречи
струен удар.
Корисниците со пејсмејкер мора да
се држат на растојание од минимум
30 см од индуктивните рингли кога
апаратот работи.
Кога ќе ставите храна во жешко
масло, може да се распрска.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои опасност од експлозија
или пожар.
Маснотиите и маслото кога се
загреани може да испуштат
запалива пареа. Држете го оганот
МАКЕДОНСКИ 5
или загреаните предмети подалеку
од маснотиите и маслата кога
готвите со нив.
Пареата којашто ја испушта
маслото коешто е многу жешко
може да предизвика спонтано
запалување.
Искористеното масло, коешто го
содржат остатоците од храната,
може да предизвика пожар на
пониска температура од маслото
коешто се користи за прв пат.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи
средства во, блиску до или на
апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
Не чувајте жешки садови за
готвење на контролната табла.
Не оставајте садовите за готвење
да вријат на суво.
Внимавајте предметите или
садовите за готвење да не паднат
на апаратот. Може да се оштети
површината.
Не користете ги ринглите со празни
садови или без нив.
Не ставајте ја алуминиумската
фолија на апаратот.
Приборот за готвење направен од
иено железо, лиен алуминиум или
со оштетено дно може да
предизвика гребнатини на стакло-
керамиката. Секогаш кревајте ги
овие предмети кога треба да ги
преместувате на површината за
готвење.
2.3 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
Не користете вода во спреј или
пареа за чистење на уредот.
Исчистете го апаратот со
навлежнета мека крпа. Користете
само неутрални детергенти. Не
користете абразивни средства,
сунѓери со жица, растворувачи или
метални предмети.
2.4 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или
задушување.
Контактирајте со општинската власт
за да добиете информации за
правилно расходување на апаратот.
Исклучете го апаратот од струја.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
6
www.aeg.com
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
3.1 Генерален преглед
1
2
3
180/280 mm
1
Индуктивни рингли
2
Стаклена прачка
3
Контролна табла
3.2 Изглед на контролна табла
321 4
11 9 8 710
65
Користете ги сензорските полиња за работа со апаратот. Екраните,
показателите и звуците покажуваат кои функции работат.
сензорско поле функција
1
За вклучување и исклучување на
апаратот.
2
За заклучување/отклучување на
контролната табла.
3
Eкран на тајмерот За прикажување на времето во
минути.
4
Покажува дека тајмерот Одбројување
работи.
5
Покажува дека тајмерот Одбројување
или Потсетникот за време е во
функција.
6
Екран за поставување на
јачината на топлината
За прикажување на поставката на
јачината на топлината.
7
За вклучување на Енергетската
функција.
МАКЕДОНСКИ 7
сензорско поле функција
8
Контролна лента За поставување на јачината на
топлината.
9
/
За зголемување или намалување на
времето.
10
За поставување на функцијата
Тајмер.
11
За да ја вклучите и исклучите STOP
+GO функцијата.
3.3 Прикажување на поставките за топлина.
Екран Опис
Ринглата е исклучена.
-
Ринглата работи.
Одржување на топлина / функцијата е вклучена
Функцијата автоматско загревање е вклучена
Енергетската функција е вклучена
+ број
Има дефект
/ /
OptiHeat Control (Показател за преостаната топлина
во 3 чекори): се уште се готви / одржување на
топлина / преостаната топлина
Заклучување/Заштита за деца функцијата е
вклучена
Садовите за готвење се несоодветни или се
премногу мали или пак нема садови за готвење на
ринглата
Автоматското исклучување е вклучено
3.4 OptiHeat Control
(Индикатор за преостаната
топлина во 3 чекори)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
\ \ Опасност од
изгореници поради
преостаната топлина!
OptiHeat Control го покажува нивото на
преостанатата топлина. Индукциските
рингли ја произведуваат неопходната
топлина директно на дното на
садовите за готвење. Стакло-
керамиката се затоплува од
топлината на садовите за готвење.
8
www.aeg.com
4. УПАТСТВА ЗА РАКУВАЊЕ
4.1 Вклучување и
исклучување
Допрете го 1 секунда за да го
вклучите или исклучите апаратот.
4.2 Автоматско исклучување
Функцијата автоматски го исклучува
апаратот ако:
Сите рингли се исклучени (
).
Не сте ја наместиле јачината на
топлината откако сте го вклучиле
апаратот.
Ќе истурите или ќе ставите нешто
на контролната табла повеќе од 10
секунди, (тенџере, ткаенина, итн.).
Се огласува звучен сигнал неколку
пати и апаратот се деактивира.
Отстранете го предметот или
исчистете ја контролната табла.
Апаратот станува премногу жежок
(на пр., ако некој сад преврие и се
исуши). Ринглата мора да се излади
пред повторно користење на
апаратот.
Користите несоодветни садови.
Симболот
се пали и по 2 минути
ринглата се исклучува автоматски.
Не ја исклучувате ринглата или не
ја менувате јачината на греењето.
По одредено време се пали
и
апаратот се исклучува. Видете
подолу.
Врската помеѓу јачината на
топлината и времето на функцијата
на Автоматско исклучување:
, - — 6 часа
- — 5 часа
- — 4 часа
- — 1,5 часа
4.3 Нагодување на јачината
на топлината
Допрете ја контролната лента кај
саканата јачина на топлината.
Движете го вашиот прст по должината
на контролната лента за да ја смените
поставката. Не отпуштајте додека не
ја постигнете потребната јачина.
Екранот ја прикажува поставената
јачина на топлината.
0 3 5 8 10 14 P
4.4 Автоматско загревање
Може да го добиете неопходното
нагодување за загревање за пократко
време ако ја активирате функцијата
Автоматско загревање. Оваа функција
на некое време ја подесува
највисоката температура (погледнете
ја илустрацијата), а потоа ја намалува
до потребната топлина.
За да ја стартувате функцијата
Автоматско загревање за ринглата:
1.
Допрете го ( засветува на
екранот).
2.
Веднаш допрете ја потребната
поставка за загревање. После 3
секиунди
се појавува на
екранот.
За да ја исклучите функцијата
сменете го нагодувањето за
загревање.
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
0
1 2 3 4 5 6 7 8 9 101112 1314
МАКЕДОНСКИ 9
4.5 Вклучување/исклучување
на Енергетската функција
Функцијата Моќност обезбедува
поголема моќ за индикциските рингли.
Функцијата Моќност се активира
најмногу на 10 минути. Потоа,
индукциската рингла автоматски се
враќа назад кон поставката 14 за
јачина на топлината. За да ја
вклучите, допрете го
, се вклучува
. За да ја исклучите, допрете ја
поставката за јачина
- .
4.6 Тајмер
Можете да ја изберете функцијата на
тајмерот со
.
Тајмер за одбројување
Користете го тајмерот за одбројување
за да одредите колку време ќе работи
ринглата само за ова готвење. Ја
исклучува ринглата автоматски после
поставеното време.
Избирањето функција на
тајмерот за одбројување е
можно кога работи ринглата и
кога е поставена јачината на
топлината.
Кога е вклучена оваа функција се
пали
.
За вклучување на Тајмерот за
одбројување: допрете го
на
програматорот за да го одредите
времето (
00
-
99
минути). Кога
контролната светилка на ринглата
започнува да трепка бавно,
започнува одбројувањето.
За да го видите преостанатото
време: допрете го
неколку пати
додека на екранот не се прикаже
. На екранот се покажува
преостанатото време.
За да го смените тајмерот за
одбројување:допрете го
неколку
пати додека не се запали
, а
потоа допрете
или .
За исклучување на Тајмерот за
одбројување: допрете го
неколку
пати додека не се запали
, а
потоа допрете го
. Преостанатото
време се одбројува наназад до
00
.
Кога тајмерот за одбројување ќе
заврши, се огласува звук и трепка
00
. Ринглата се исклучува.
За да го исклучите звукот: допрете
Тајмер за броење
Користете го тајмерот за броење за
да следите колку време работи
ринглата.
Кога е активирана оваа функција, се
пали
.
За вклучување на Тајмерот за
броење:
Допрете го
.
Симболот
се исклучува и се
вклучува
.
За да видите колку долго работи
ринглата: допрете го
неколку
пати додека на екранот не се
прикаже
. Екранот го покажува
времето на работа на ринглата.
За исклучување на Тајмерот за
броење: допрете го
неколку пати
додека не се запали
, а потоа
допрете го
. Симболот се
исклучува и се вклучува
.
За повторно вклучување на
Тајмерот за броење: допрете го
.
Преостанатото време се одбројува
наназад до
00
.
Кога двете функции на
Тајмерот работат истовремено,
на екранот прво се прикажува
Тајмерот за одбројување
нагоре.
Програматор за одбројување.
Тајмерот можете да го користите и
како потсетник за време кога ринглата
не работи. Допрете го
.
Допрете го
или на тајмерот за да
го поставите времето. Кога времето
ќе истече, се огласува звук и трепка
00
.
За да го запрете звукот: допрете
10
www.aeg.com
4.7 STOP+GO
Функцијата ги поставува сите
рингли што работат на најниска јачина
на топлината - Одржувај топло (
).
Кога работи
, не можете да ја
смените поставката за јачината.
Функцијата
не ја запира функцијата
на тајмерот.
За да ја вклучите оваа функција
допрете го
. Се пали симболот
.
За да ја исклучите оваа функција
допрете го
. Се вклучува
јачината која претходно сте ја
поставиле.
4.8 Заклучување
Можете да ја заклучите контролната
табла, но не и
. Тоа спречува
случајна промена на поставката на
јачината.
Прво поставете ги поставките за
топлина.
За да започне оваа функција допрете
го
. Симболот се пали во
траење од 4 секунди.
Тајмерот останува вклучен.
За да прекине оваа функција допрете
го
. Се вклучува јачината која
претходно сте ја поставиле.
Кога ќе ја прекинете работата на
апаратот, ја прекинувате и оваа
функција.
4.9 Уред за безбедност на
деца
Функцијата спречува несакано
ракување со плочата за готвење.
Вклучување на безбедносниот уред за
деца
Вклучете ја површината за готвење
со
. Не поставувајте ја јачината
на топлината.
Држете го
4 секунди. Се пали
симболот
.
Исклучете ја плочата за готвење со
.
Исклучување на безбедносниот уред
за деца
Вклучете ја површината за готвење
со
. Не поставувајте ја јачината
на топлината. Допрете го
во
траење од 4 секунди. Се пали
симболот
.
Исклучете ја плочата за готвење со
.
Заобиколување на безбедносниот
уред за деца за едно готвење
Вклучете ја површината за готвење
со
. Се пали симболот .
Допрете го во траење од 4
секунди. Поставете ја јачината на
топлината за помалку од 10
секунди. Сега можете да ракувате
со површината за готвење.
Кога ќе ја исклучите површината за
готвење со
, безбедносниот уред
за деца повторно е активен.
4.10 OffSound Control
(Деактивирање и активирање
на звучните сигнали)
Деактивирање на звучните
сигнали
Деактивирање на апаратот.
Допрете го
во траење од 3
секунди. Екраните се палат и се гасат.
Допрете го
во траење од 3
секунди. Се пали
, звукот е
вклучен. Допрете го
, се пали ,
звукот е исклучен.
Кога е вклучена оваа функција,
звучните сигнали можете да ги
слушнете само кога:
го допирате
програматорот за одбројување се
намалува
Тајмерот за одбројување се спушта
надолу
сте ставиле нешто на контролната
табла.
Активирање на звучните
сигнали
Деактивирање на апаратот.
МАКЕДОНСКИ 11
Допрете го во траење од 3
секунди. Екраните се палат и се гасат.
Допрете го
во трање од 3 секунди.
Се пали
бидејќи звукот е исклучен.
Допрете го
, се пали . Симболот
е вклучен.
5. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
Користете ги индуктивните
рингли со соодветни садови за
готвење.
5.1 Садови за готвење за
индкукциски рингли
Кај индукциските рингли се
создава силно електро-
магнетно поле кое создава
топлина во садот многу брзо.
Материјал за садови за готвење
Правилно: лиено железо, емајлиран
челик, не’рѓосувачки челик, дно
направено од повеќе слоеви (со
правилна ознака од
производителот).
Неправилно: алуминиум, бакар,
бронза, стакло, керамика, порцелан.
Правилни садови за готвење за
индукциска површина за готвење се
ако …
... мала количина вода врие многу
брзо на рингла поставена на
највисока поставка за јачина на
топлина.
... магнетот го привлекува дното на
садот.
Дното на садот мора да
доволно дебел и рамен.
5.2 Работни звуци
Ако слушате
крцкање: садот е направен од
различни материјали (сендвич
конструкција).
свирење: користите една или
повеќе рингли на голема јачина и
садовите се направени од различни
материјали (сендвич конструкција).
брмчење: користите високи
енергетски нивоа.
кликање: се јавува електрично
прекинување.
шиштење, зуење: работи
вентилаторот.
Звуците се нормални и не се знак за
неисправност.
5.3 Штедење енергија
Ако е можно, секогаш
ставајте капаци на садовите
за готвење.
Ставајте ги садовите на
ринглите пред да ги
вклучите.
5.4 Öko Timer (Еко тајмер)
За да заштедите струја,
грејачот на ринглата самиот ќе
се исклучи пред сигналот од
тајмерот за одбројување.
Намалувањето на времето за
загревање зависи од јачината
и од времето на готвење.
5.5 Примери на уреди за
готвење
Врската помеѓу поставката за јачина
на топлина и потрошувачката на
енергија на ринглата не е линеарна.
Кога ќе ја зголемите јачината на
топлината пропорционално не се
зголемува потрошувачката на
електрична енергија на ринглата.
Тоа значи дека ринглата со средна
јачина на топлина користи помалку од
половина на нејзината моќност.
Податоците во табелата се
само препорака.
12
www.aeg.com
По
ста
вув
ањ
е
те
мп
ера
тур
а
Употребувајте за: Time
(Време)
Совети Номинална
потрошува
чка на
струја
1
За одржување на
топлината на
зготвената храна
по потреба Ставете капак на
садовите за
готвење
3 %
1 -
3
Холандски сос,
топење: путер,
чоколадо, желе
5 - 25 мин. Мешајте повремено 3 – 8 %
1 -
3
Зацврстување:
пенести омлети,
пржени јајца
10 - 40
мин.
Гответе поклопено 3 – 8 %
3 -
5
Готвење ориз и
јадења со млеко,
подгревање готови
јадења
25 - 50
мин.
Додајте најмалку
двапати повеќе
течност од
количеството ориз,
мешајте ги
јадењата со млеко
во текот на
готвењето
8 – 13 %
5 -
7
Зеленчук , риба,
месо готвени на
пареа
20 - 45
мин.
Додадете неколку
лажици течност
13 – 18 %
7 -
9
Барени компири 20 - 60
мин.
Употребете макс. ¼
л вода за 750 г
компири
18 – 25 %
7 -
9
Готвење големи
количества храна,
чорби и супи
60 - 150
мин.
До 3 л течност плус
состојките
18 – 25 %
9 -
12
Благо пржење:
шницли, телешки
специјалитет (гордон
блу), котлети,
ќофтиња, колбаси,
џигер, запршка, јајца,
палачинки, крофни
колку што
треба
Превртете на
половина време
25 – 45 %
12
-
13
Целосно пржење,
рендани компири,
бифтеци, стекови
5 - 15 мин. Превртете на
половина време
45 – 64 %
14 Зовривање вода, варење тестенини, запржување месо
(гулаш, месо за печење), помфрит во многу масло
100 %
МАКЕДОНСКИ 13
По
ста
вув
ањ
е
те
мп
ера
тур
а
Употребувајте за: Time
(Време)
Совети Номинална
потрошува
чка на
струја
Варење големи количества вода. Енергетската
функција е активна.
6. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
Исчистете го апаратот по секоја
употреба.
Секогаш користете садови со чисто
дно.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Остри и абразивни средства за
чистење го оштетуваат уредот.
За ваша безбедност, не
чистете го апаратот со чистачи
на пареа или со чистачи под
висок притисок.
Гребаници или темни дамки на
стакло-керамичката површина
немаат влијание на работата
на апаратот.
За да ја отстраните нечистотијата:
1.
Веднаш отстранете:растопена
пластика, пластична фолија и
храна со шеќер. Во спротивно
нечистотијата може да
предизвика оштетување кај
апаратот. Употребувајте
специјално стругало за стакло .
Ставете го стругалото за
стаклена површина под
прецизен агол и движете го
сечивото по површината .
Отстранете откако апаратот е
доволно изладен: остатоци од
бигор, прстени од вода, дамки
од мрснотија, сјајни метални
дамки. Употребувајте
специјално средство за чистење
стакло, керамика или
нерѓосувачки челик.
2.
Чистете го апаратот со влажна
крпа и малку детергент.
3.
На крајот на крајот исушете го
апаратот со чиста крпа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Стаклена прачка
Не користете гребач или остри
предмети за чистење на стаклената
плоча и просторот помеѓу неа и
стакло-керамичката површина.
Стаклената плоча е прикачена на
керамичката плоча.
Не ставајте ги тенџерињата на
стаклената плоча.
Внимавајте тавите и тенџерињата
да не се допираат до стаклената
плоча.
14
www.aeg.com
7. ШТО ДА СТОРИТЕ АКО...
Проблем Можна причина и решение
Не можете да го
вклучите апаратот или
да ракувате со него.
Истовремено сте допреле 2 или повеќе
сензорски полиња. Допирајте само по едно
сензорско поле.
Има дамки од вода или маснотија на
контролната табла. Исчистете ја контролната
табла
Вклучете го апаратот повторно и поставете ја
поставката за температура за 7 секунди.
Вклучен е уредот за детска безбедност или
STOP+GO. Видете во поглавјето Секојдневна
употреба.
Се огласува звук кога
ќе се исклучи апаратот.
Сте ставиле нешто на едно или повеќе
сензорски полиња. Тргнете го предметот од
сензорските полиња.
Показателот за
преостанатата топлина
не се пали.
Ринглата не е жешка затоа што работела кратко
време. Ако ринглата треба да биде жешка,
јавете се во сервис.
Поставката за јачина
на топлината се менува
помеѓу две поставки.
Вклучено е управувањето со енергија. Видете во
делот Управување со енергијата.
Се огласува звукот и
апаратот повторно се
вклучува и исклучува.
По 5 секунди се
огласува уште еден
звук.
Сте го покриле . Тргнете го предметот од
сензорското поле.
Се пали
Вклучено е Автоматското исклучување.
Исклучете го и повторно вклучете го апаратот.
Се пали
На ринглата нема садови за готвење. Ставете
сад за готвење на ринглата.
Садовите за готвење не се соодветни.
Користете соодветни садови за готвење.
Пречникот на дното на садот за готвење е
премал за ринглата. Преместете го садот за
готвење на помала рингла.
и број се
вклучуваат.
Има грешка во апаратот.
Исклучете го апаратот од напојувањето извесно
време. Исклучете го осигурувачот од
електричниот систем на куќата. Повторно
поврзете. Ако повторно се вклучи
, обратете
се во сервисниот центар.
МАКЕДОНСКИ 15
Проблем Можна причина и решение
Се пали
Настанала грешка во апаратот бидејќи садот за
готвење вриел на суво. Вклучена е заштитата од
прегревање на ринглата. Вклучено е
Автоматското исклучување.
Исклучете го апаратот. Тргнете ги жешките
садови за готвење. По околу 30 секунди,
повторно вклучете ја ринглата.
не треба да
се прикажува на екранот, а показателот за
преостанатата топлина може да остане. Доволно
изладете го садот и проверете го според
поглавјето Садови за готвење на индуктивни
рингли.
Нема сигнал кога ќе ги
допрете сензорските
копчиња на таблата.
Сигналите се исклучени.
Вклучете ги сигналите (видете во Контрола за
исклучување на звукот).
Ако сте се обиделе со сите погоре
наведени решенија и сепак не можете
да го отстраните проблемот, обратете
се во службата за односи со
корисниците. Наведете ги податоците
од плочката со технички податоци,
троцифрената шифра за стакло-
керамика (се наоѓа во аголот на
плочата за готвење) и пораката за
грешка која се пали.
Ако неправилно сте ракувале со
уредот, сервисирањето од страна на
сервисниот техничар или на дилерот
нема да биде бесплатна, дури и во
гарантниот период. Упатствата за
службата за односи со корисниците и
за условите на гаранцијата се
наведени во гарантниот лист.
8. УПАТСТВА ЗА МОНТИРАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
Пред монтажата
Пред да го монтирате апаратот,
прочитајте ги сите информации кои се
наоѓаат на плочката со спецификации.
Плочката со спецификации се наоѓа
на дното од куќиштето на апаратот.
Модел ...............................
Број на производ
(PNC) ...................................
Сериски број (S.N.) ............
8.1 Вградени апарати
Користете ги апаратите што се
вградуваат само ако се претходно
вградени во соодветни елементи за
вградување и во работни површини
кои ги исполнуваат стандардите.
8.2 Поврзен кабел
Апаратот се испорачува со кабел за
струја.
Заменете го оштетениот кабел со
специјален кабел (тип H05BB-F
Tmax 90°C; или подобар). Обратете
се во локалниот сервисен центар.
8.3 Ставање на лента за
запечатување.
Исчистете ја работната плоча во
пределот за сечење.
Ставете ја лентата за запечатување
околу долниот раб на апаратот
преку надворешниот раб на стакло-
керамиката. Притоа, не
растегнувајте ја. Ставете ги
16
www.aeg.com
сечените краеви во средината од
една од страните. Кога, ќе ја
пресечете според должината
(додавате неколку mm), споете ги
краевите.
Ако ја користите дополнителната
рамка C-FRAME, прво прочитајте ги
приложените упатства со рамката
пред да го монтирате апаратот.
8.4 Составување
min.
50mm
min.
500mm
min.
2mm
340
+1
mm
490
+1
mm
R 5mm
55mm
МАКЕДОНСКИ 17
min.
12 mm
min.
2 mm
min.
38 mm
min.
2 mm
Затворете ја празнината помеѓу
работната површина и стакло-
керамиката со силикон.
Намачкајте го силиконот со малку
сапуница.
Отстранете го вишокот силикон со
стругалка.
8.5 Инсталација на повеќе од еден апарат
Додадени делови:прачки за
поврзување, силикон отпорен на
висока температура, гумен обликувач,
ремен за заптивање.
Користете само специјален
силикон отпорен на висока
температура.
580 mm
520 mm
490 mm
360 mm
+-=
20 mm 920 mm
Исечок на работната површина
Растојание од ѕидот: минимум 50 mm
Длабочина: 490 mm
Широчина: соберете ги широчините
на сите апарати што треба да се
вградат и одземете 20 mm (видете и
во „Преглед на широчините на
апаратот“)
Инсталација на повеќе од еден апарат
1.
Поставете ги димензиите за
отворот на работната површина и
исечете го.
2.
Ставете ги апаратите еден по
еден на некаква мека површина,
на пример ќебе, превртени
нагоре.
3.
Ставете ја заптивната лента
околу долниот раб на апаратот
преку надворешниот раб на
стакло-керамиката.
4.
Прицврстете ги плочките за
прицврстување лабаво во
соодветните дупки во заштитното
куќиште.
18
www.aeg.com
5.
Ставете го првиот апарат во
отворот во работната површина.
Поставете ја прачката за
поврзување во отворот во
работната површина и турнете до
половина широчина кон апаратот.
6.
Лабаво зацврстете ги плочките за
прицврстување од долу на
работната површина и на
прачките за поврзување.
7.
Ставете го следниот апарат во
отворот во работната површина.
Проверете дали предните краеви
на апратите се на исто ниво.
8.
Стегнете ги шрафовите на
плочката за прицврстување /
држачите .
9.
Затворете ја празнината помеѓу
работната површина и апаратите
и помеѓу апаратите со силикон.
10.
Намачкајте го силиконот со малку
сапуница.
11.
Притиснете го гумениот
обликувач со малку сила врз
стакло-керамиката и полека
влечете го по празнината.
12.
Не допирајте го силиконот додека
не се стврдне, што може да
потрае околу еден ден.
13.
Внимателно отстранете го
вишокот од силиконот со жилет.
14.
Исчистете ја стакло-керамиката.
9. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
Model HC451220EB Prod.Nr. 941 560 805 00
Typ 55 FED 01 AU 220 - 240 V 50 - 60 Hz
МАКЕДОНСКИ 19
Induction 3,7 kW Made in Switzerland
Ser.Nr. .......... 3,7 kW
AEG
Моќност на ринглите
Рингла Номинална
моќност
(Поставка за
максимална
топлина) [W]
Активирана е
енергетската
функција [W]
Максимално
траење на
енергетската
функција
[минути]
Минимален
дијаметер за
садови за
готвење [mm]
Средна
предна —
180/280 mm
1800/3500 W 2800/3700 W 5 145
10. ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА
Рециклирајте ги материјалите со
симболот
. Ставете ја
амбалажата во соодветни
контејнери за да ја рециклирате.
Помогнете во заштитата на
живтната средина и човековото
здравје и рециклирајте го отпадот
од електрични и електронски
апарати. Не фрлајте ги апаратите
озанчени со симболот
во
отпадот од домаќинството.
Вратете го производот во вашиот
локален капацитет за
рециклирање или контактирајте ја
вашата општинска канцеларија.
20
www.aeg.com
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72
  • Page 73 73
  • Page 74 74
  • Page 75 75
  • Page 76 76

Aeg-Electrolux HC451220EB Instrukcja obsługi

Typ
Instrukcja obsługi