Electrolux EOB6850AOX Instrukcja obsługi

Typ
Instrukcja obsługi
EOB6850
................................................ .............................................
MK ПЕЧКА УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
PL PIEKARNIK INSTRUKCJA OBSŁUGI 40
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3
2. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
3. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 5
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 6
5. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 8
6. ФУНКЦИИ НА ЧАСОВНИКОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 12
7. АВТОМАТСКИ ПРОГРАМИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14
8. КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 14
9. ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 17
10. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 19
11. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 31
12. ШТО ДА СТОРИТЕ АКО... . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 37
13. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 38
14. МОНТАЖА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 38
15. ЕКОЛОШКИ ПРАШАЊА . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 39
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што купивте Electrolux апарат. Одбравте производ со долгогодишно професионално
искуство и иновативност. Револуционерен и стилски, мислевме на Вас кога го дизајниравме. Со секое
користење, бидете сигурни дека секогаш ќе имате супер резултати.
Добродојовте во Electrolux.
Посетете ја нашата веб страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми, информации за
сервисирање:
www.electrolux.com
Регистрирате Вашиот производ за подобри услуги:
www.electrolux.com/productregistration
Купувате Додатоци, Половни и Оригинални делови за Вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
СЛУЖБА ЗА ПОТРОШУВАЧИ И СЕРВИС
Ви препорачуваме да користите оригинални делови.
Кога ќе контактирате со Сервисот, бидете сигурни дека ги имате на располагање следниве податоци.
Информациите може да ги најдете на плочката со податоци. Модел, Број на производот, Сериски број.
Предупредување / Внимание - Сигурносни информации.
Општи информации и совети
Еколошки информации
Можноста за промени е задржана.
2
www.electrolux.com
1.
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените
упатства. Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања.
Секогаш чувајте го упатството со апаратот за
идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи
лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од задушување, повреда или
траен инвалидитет.
Овој апарат можат да го користат деца над
8 години и лица со намалени физички,
сензорни или ментални способности или
лица без искуство и знаење доколку тоа го
прават под надзор или им биле дадени
упатства како да го употребуваат апаратот
од страна на лице кое е одговорно за
нивната безбедност.
Не дозволувајте деца да си играат со
апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат
на деца.
Држете ги децата и миленичињата
подалеку од апаратот кога тој работи или
кога се лади. Деловите кои се достапни се
жешки.
Ако апаратот има безбедносен уред за
деца, Ви препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето не треба да
биде правено од страна на деца без нивен
надзор.
1.2 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Апаратот мора да биде монтиран
само од квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа.
Никогаш не монтирајте и не користете
оштетен апарат.
Следете ги инструкциите за монтирање
дадени со апаратот.
Бидете внимателни кога го преместувате
апаратот затоа што е тежок. Секогаш
носете заштитни ракавици.
Не влечете го апаратот за рачката.
Одржувајте минимална оддалеченост од
другите апарати и делови.
Уверете се дека апаратот е инсталиран под
најблиските сигурносни структури.
Страните на апаратот мора да останат во
близина на апаратите или до уредите со
иста висина.
Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар и електричен
шок.
Секое поврзување на струја треба да биде
направено од квалификуван електричар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали податоците за струјата од
плочката со спецификации одговараат на
напојувањето со електрична енергија. Ако
не, контактирајте со електричар.
Секогаш користете правилно инсталирана
приклучница, обезбедена од струјни удари.
Не употребувајте повеќекратни приклучоци
и продолжени кабли.
Внимавајте да не ги оштетите приклучокот
за струја и кабелот. Контактирајте со
сервисниот центар или со електричар за да
го смените оштетениот кабел.
Не дозволувајте кабелот да дојде во допир
со вратата на апаратот, особено кога
вратата е жешка.
Заштитата од електричен удар на
активните и изолираните делови мора да
се поврзе на таков начин што нема да
може да се извади без алатки.
Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали има пристап до
приклучокот за струја по монтажата.
Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за струја.
Не влечете го кабелот за напојување за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го штекерот за напојување.
Користете само правилни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи на
линија, осигурувачи (осигурувачи на
вртење извадени од држачот), заземјување
и контактори.
МАКЕДОНСКИ 3
Електричната инсталација мора да има
изолациски уред кој што ви овозможува да
го исклучите апаратот од приклучокот за
струја од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со ширина од
најмалку 3 mm.
1.3 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Постои опасност од повреда,
изгореници или електричен шок или
експлозија.
Користете го апаратот само во домашни
услови.
Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
Погрижете се отворите за вентилација да
не се блокирани.
Не оставајте го апаратот без надгледување
додека работи.
Исклучете го апаратот по секоја употреба.
Апаратот се загрева во внатрешноста при
работа. Не допирајте ги грејачите кои се во
апаратот. Секогаш користете ракавици за
печка за вадење или ставање прибор или
огноотпорни садови.
Внимавајте кога ја отворате вратата на
апаратот додека тој работи. Може да
испушти жежок воздух.
Не ракувајте со апаратот со влажни раце
или кога тој има контакт со вода.
Не притискајте на отворена врата.
Не употребувајте го апаратот како работна
површина или како простор за складирање.
Секогаш држете ја вратата на апаратот
затворена кога апаратот работи.
Отворете ја вратата на апаратот
внимателно. Користењето на состојки со
алкохол може да предизвика мешање на
алкохол и воздух.
Кога ја отворате вратата, не дозволувајте
апаратот да дојде во контакт со искри или
отворен оган.
Не ставајте запаливи производи или
предмети натопени со запаливи средства
во, блиску до или на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од оштетување на
апаратот.
За да го заштитите емајлот од оштетување
или губење на бојата:
- Не ставајте огноотпорни садови или други
предмети во апаратот директно на дното.
- Не ставајте алуминиумска фолија
директно на дното на апаратот.
- Не ставајте вода директно во врелиот
апарат.
- Не чувајте влажни чинии или храна во
апаратот откако сте завршиле со
готвењето.
- Бидете внимателни при отстранување или
поставување на приборот.
Обезбојувањето на емајлот нема ефект врз
работата на апаратот. Тоа не е дефект во
смисол на гаранцијата.
Користете длабока тава за влажни колачи.
Овошните сокови предизвикуваат дамки
кои може да останат постојано.
Готвење на пареа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од изгореници и
оштетување на апаратот.
Не ја отворајте вратата од апаратот додека
готвите со пареа. Може да излезе пареа.
1.4 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од повреди, пожар или
оштетување на апаратот.
Пред одржување, исклучете го апаратот и
извадете го штекерот за струја од
приклучницата.
Проверете дали апаратот е ладен. Постои
опасност од кршење на стаклените плочи.
Веднаш заменете ги стаклените плочи на
вратата кога се оштетени. Контактирајте со
сервисот.
Бидете внимателни кога ја вадите вратата
од апаратот. Вратата е тешка!
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на материјалот на
површината.
Заостанатата мрснотија или храна во
апаратот може да предизвика пожар.
Исчистете го апаратот со навлажнета мека
крпа. Користете само неутрални
детергенти. Не користете абразивни
средства, сунѓери со жица, растворувачи
или метални предмети.
4
www.electrolux.com
Доколку користите спреј за печка,
почитувајте ги безбедносните инструкции
на пакувањето.
Не чистете го каталитичкиот емајл (доколку
има) со никаков тип на детергент.
1.5 Внатрешно светло
Типот на светилката или на халогената
лампа која се користи за овој апарат е само
за употреба во апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во куќата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од струен удар.
Пред да ја замените светилката, исклучете
го апаратот од напојувањето.
Користете само светилки со истите
спецификации.
1.6 Отстранување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда или задушување.
Исклучете го апаратот од приклучокот за
струја.
Отсечете го кабелот за струја и фрлете го.
Извадете ја рачката на вратата за да
спречите затворање на деца и миленичиња
во апаратот.
2. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
4
11
8
9
7
3
10
6
5
4
1
2
3
1 2
5
1
Eлектронски програмер
2
Фиока за вода
3
Скара
4
Светилка во печката
5
Вентилатор
6
Држач за решетка, се вади
7
Цевка за цедење
8
Вентил за испуштање пареа
9
Плочка со спецификации
10
Положби на решетките
11
Довод на пареа
2.1 Прибор за печката
Решетка
За садови за готвење, калапи за торта,
тави за печење.
Голем плех за печење
За колачи и бисквити.
Голема длабока тава за скара/печење
За печење на тесто или месо или како сад
за собирање маснотија.
Телескопски шини
За решетки и плехови.
Диетален сад за печење
За функциите за готвење со пареа.
3. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете го поглавјето „Безбедносни
информации“.
3.1 Прво чистење
Извадете ги сите додатоци и решетките кои
се вадат (ако е применливо).
МАКЕДОНСКИ 5
Исчистете го апаратот пред првата
употреба.
Видете во поглавјето „Нега и
чистење“.
3.2 Прво поврзување
Кога го приклучувате апаратот на струја или
по прекин на напојувањето со струја, морате
да го поставите јазикот, контрастот на
екранот, осветленоста на екранот и времето
во денот.
1.
Допрете го или за да ја
поставите вредноста.
2.
Допрете го OK за да потврдите.
3.3 Загревање
Загрејте го апаратот додека е празен за да ја
извадите преостаната мaснотија.
1.
Поставете ги функцијата на печката и
максималната температура.
2.
Оставете го апаратот да работи околу 45
минути.
3.
Поставете ги функцијата на печката и
максималната температура.
4.
Оставете го апаратот да работи околу 15
минути.
Додатоците може да станат пожешки од
обично. Апаратот може да испушта миризба и
чад. Тоа е нормално. Погрижете се да има
доволно проветрување.
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА
Eлектронски програмер
1 10
11
2 43 8 95 6 7
Користете ги сензорските полиња за работа со апаратот
Број
Сензорско
поле
Функција Коментар
1
Вклучено/
исклучено
За вклучување и исклучување на апаратот.
2
Функции на
греење или
Помош при
готвење
За одбирање функција за греење или
функција за Помош при готвење . За
пристап до потребната функција, допрете
го полето еднаш или двапати кога е
вкклучен апаратот. За вклучување или
исклучување на светлото, допрете го
полето 3 секунди. Можете исто така да го
вклучите светлото кога апаратот е
исклучен.
6
www.electrolux.com
Број
Сензорско
поле
Функција Коментар
3
Почетно копче За враќање назад едно ниво во менито. За
враќање во главното мени, допрете го
полето 3 секунди.
4
Избор на
температура
За поставување на температурата или за
прикажување на моменталната
температура во апаратот. За вклучување
или исклучување на функцијата Брзо
загревање , допрете го полето 3 секунди.
5
Омилена
програма
За зачувување и пристап до вашите
омилени програми.
6
Копче за нагоре За да се движите нагоре во менито.
7
Копче за надолу За да се движите надолу во менито.
8
Време и
дополнителни
функции
За поставување на различни функции. Кога
работи функција за греење, допрете го
сензорското поле за да го поставите
тајмерот, Блокадата за деца, меморијата за
Омилена програма , Топлина +
Задржување или Set + Go или за да ги
промените поставките на сензорот за
температурата во средината (само за
избрани модели).
9
Потсетник во
минути
За поставување на Потсетникот во минути .
10
OK За потврда на изборот или на поставката.
11
Екран Ги прикажува тековните поставки на
апаратот.
Екран
A
DE
B C
A)
Функција за греење
B)
Време во денот
C)
Показател за загревање
D)
Температура
E)
Функции Траење и Крај на готв.
Други показатели на екранот
Знак Функција
Потсетник во минути Функцијата работи.
Време во денот На екранот се прикажува времето во денот.
Траење На екранот се прикажува потребното време за
готвење.
МАКЕДОНСКИ 7
Знак Функција
Крај на готв. Не екранот се прикажува кога времето на готвење е
завршено.
Означување на
време
На екранот се прикажува колку долго работи
одредена функција за греење. Притиснете ги
истовремено
и за да го вратите времето на
нула.
Показател за
загревање
На екранот се прикажува температурата во апаратот.
Показател за Брзо
загревање
Функцијата работи. Оваа функција го намалува
времето на загревање.
Автоматска тежина На екранот се прикажува дека работи автоматскиот
систем за тежина или дека можете да ја промените
тежината.
Топлина +
Задржување
Функцијата работи.
5. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете го поглавјето „Безбедносни
информации“.
5.1 Движење низ менијата
Работа со менијата:
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Допрете го или за да ја изберете
опцијата од менито.
3.
Притиснете OK за да дојдете до
подменито или за да ја прифатите
поставката.
Во секое време можете да се вратите назад
во главното мени со
5.2 Преглед на менијата
Главно мени
Знак Ставка во менито Примена
Специјални Содржи список со додатни функции на греење.
Функции на греење Содржи список со функции на греење.
Помош при готвење Содржи список со автоматски програми за готвење.
Омилена програма
Содржи список со омилени програми за готвење
зачувани од корисникот.
Основни поставки Содржи список со други функции.
Подменија за: Основни поставки
Знак Подмени Опис
Постави време во денот Го поставува тековното време на часовникот.
8
www.electrolux.com
Знак Подмени Опис
Означување на време
Кога е ON (вклучена), на екранот се прикажува
тековното време кога го исклучувате апаратот.
SET + GO
Кога е ON (вклучена), можете да ги вклучите
функциите кога ја вклучувате функцијата за греење.
Топлина + Задржување
Кога е ON (вклучена), можете да ја вклучите оваа
функција кога ја вклучувате функцијата за греење.
Дополнително време Ја вклучува и исклучува функцијата.
Контраст на екран Го прилагодува контрастот на екранот по степени.
Осветленост на екранот
Ја прилагодува осветленоста на екранот по
степени.
Постави јазик Го поставува јазикот на екранот.
Јачина на звучен сигнал
Ја поставува јачината на тоновите на притискање и
сигналите по степени.
Тонови на копчиња
Го вклучува и исклучува тонот на полињата на
допирање.
Тревога/Грешка Тонови Ги вклучува и исклучува тоновите за тревога.
Сервисирање
Ја прикажува верзијата на софтверот и
конфигурацијата.
Фабрички поставки
Повторно ги поставува сите поставки како фабрички
поставки.
5.3 Функции на греење
Подмени за: Функции на греење
Функција за греење Примена
Готвење со вентилатор За печење на најмногу три нивоа на решетката
истовремено. Кога ја користите оваа функција,
намалете ја температурата на печката за 20 -
40°C од стандардните температури што ги
користите за Вообичаено готвење .
Вентилатор + Пареа За парење јадења. Користете ја оваа функција за
намалување на должината на времето на готвење
и за зачувување на витамините и хранливите
состојки во храната. За да ја користите, изберете
ја функцијата и поставете ја температурата меѓу
130°C и 230°C.
Поставки за пица За правење пица, киш или пита на пареа.
Вообичаено готвење За печење тесто и месо на едно ниво.
МАКЕДОНСКИ 9
Функција за греење Примена
Бавно готвење За подготвување особено меко, сочно печено
месо.
Печење на леб За печење колачи со крцкаво дно или дно со кора
и за конзервирање храна.
ЕКО печење на месо Функциите ЕКО ви овозможуваат да ја
оптимизирате потрошувачката на енергија за
време на готвењето. Неопходно е прво да го
поставите траењето на готвењето.
Замрзната храна За правење храна за разни пригоди како чипс,
кришки или чипс со паштета.
Печење За печење рамни парчиња храна на средината на
скарата и за печење тост од леб.
Брзо печење За печење рамни парчиња храна во големи
количини и за печење тостови од леб.
Турбо печење За печење поголеми парчиња месо или живина со
коски на едно ниво на решетката. Исто и за
запекување и потпекување.
Подгревање на пареа За повторно загревање на веќе зготвената храна
директно во чинија.
Подмени за: Специјални
Функција за греење Примена
Печење на леб За печење леб со пареа.
Потпечени За подготовка на јадења како што се лазањи и
потпечен компир. Исто и за запекување и
потпекување.
Киснато тесто За киснење на тесто со квасец пред печење.
Топлење на чинии За загревање чинија пред сервирање.
Конзервирање За конзервирање зеленчук во тегли и течност
(на пр. мешана туршија).
Сушење За сушење кришки овошје како јаболка, сливи
или праски и зеленчук како домати, тиквички
или печурки.
Одржување на топлина За одржување на топлината на приготвената
храна.
Одмрзнување За одмрзнување на замрзната храна.
10
www.electrolux.com
5.4 Вклучување на функција за
греење
1. Вклучете го апаратот.
2. Изберете го менито Функции на греење .
Притиснете OK за да потврдите.
3. Поставете ја функцијата за греење.
Притиснете OK за да потврдите.
4. Поставете ја температурата. Притиснете
OK за да потврдите.
Притиснете еднаш или двапати на
за директно да влезете го менито
Функции на греење (кога апаратот е
вклучен).
5.5 Готвење на пареа
Капакот на фиоката за вода е во
контролната табла.
1.
Притиснете го капакот за да ја отворите
фиоката за вода.
2.
Наполнете ја фиоката за вода со 900 ml
вода.
Количеството вода е доволно за околу 55
- 60 минути.
Не ставајте вода директно во
генераторот на пареа.
Користете само вода. Не користете
филтрирана (деминерализирана) или
дестилирана вода. Не користете
други течности. Не ставајте запаливи
или алкохолни течности во фиоката
за вода.
3.
Турнете ја фиоката за вода во нејзината
почетна положба.
4.
Вклучете го апаратот.
5.
Подготвувајте ја храната во правилни
садови за готвење.
6.
Изберете ги функцијата за греење со
пареа и температурата.
7.
Доколку е неопходно, поставете ја
функцијата Траење
или Крај на
готв.
.
На крајот на времето за готвење се
огласува звучен сигнал.
8.
Исклучете го апаратот.
Оставете го апаратот целосно да се
исуши со отворена врата.
9.
Испразнете го садот за вода откако ќе
заврши готвењето со пареа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Почекајте најмалку 60 минути по
секое користење на готвењето со
пареа за да спречите излегување на
топла вода од вентилот за
испуштање вода.
5.6 Показател за празен сад
На екранот се прикажува Потребна е вода и
се огласува звучен зигнал кога садот е празен
и мора да се наполни.
Повеќе информации ќе најдете во „Готвење
на пареа“.
5.7 Показател за полн сад
Кога на екранот се прикажува Садот за вода е
полн , можете да го користите готвењето со
пареа.
Се огласува звучен сигнал кога ќе се наполни
садот.
Ако сипете премногу вода во садот,
безбедносниот уред за испуштање ќе
го однесе вишокот вода на дното на
печката.
Отстранете ја водата со сунѓер или
крпа.
5.8 Празнење на садот за вода
Погрижете се апаратот да се излади
пред да почнете да го празните садот
за вода.
1.
Подгответе ја цевката за цедење (С)
вклучена во истиот пакет со упатството
за употреба. Ставете го конекторот (В) во
еден од краевите на цевката за цедење.
B
C
A
МАКЕДОНСКИ 11
2.
Ставете го другиот крај на цевката за
цедење (В) во сад. Ставете ја во пониска
положба од вентилот за испуштање (А).
3.
Отворете ја вратата на печката и ставете
го конекторот (В) во вентилот за
испуштање (C).
4.
Притискајте го конекторот
последователно при празнење на садот
за вода.
5.
Кога водата ќе престане да тече, симнете
го конекторот од вентилот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не ја употребувајте исцедената вода
за да го полните садот за вода
повторно.
Во садот може да има малку вода
кога на екранот се прикажува
Потребна е вода . Почекајте додека
водата не престане да истекува од
вентилот за испуштање.
5.9 Показател за загревање
Кога вклучувате функција за греење, се
вклучува лента на екранот. Лентата покажува
дека температурата се зголемува.
5.10 Показател за Брзо загревање
Оваа функција го намалува времето на
загревање. За да ја вклучите функцијата,
задржете го
3 секунди. Ќе видите дека
показателот за загревање се менува.
5.11 Преостаната топлина
Кога ќе го исклучите апаратот, екранот ја
прикажува преостанатата топлина. Можете да
ја употребите топлината за да ја одржите
храната топла.
5.12 Штедење енергија
Апаратот има функции кои ви
помагаат да заштедите енергија при
секојдневното готвење:
Преостаната топлина:
Кога функцијата за греење или
програмата работат, греачите се
исклучуваат 10% порано (светлото и
вентилаторот продолжуваат да работат).
За да работи оваа функција, времето на
готвење треба да биде подолго од 30
минути или мора да ги поставите
функциите на часовникот ( Траење , Крај
на готв. ).
Кога апаратот е исклучен, можете да ја
искористите топлината за да ја одржите
храната топла. Екранот ја прикажува
преостанатата температура.
Исклучување на екранот - доколку е
неопходно, можете целосно да го
исклучите апаратот. Истовремено
допирајте ги
и сè додека екранот не
се изгаси. Овој чекор исто така го вклучува
апаратот.
Готвење со исклучено светло - допрете и
задржете го
3 секунди за да го
исклучите светлото за време на готвењето.
Eкo-функции - видете во „Функции на
греење“.
6. ФУНКЦИИ НА ЧАСОВНИКОТ
6.1 Функции на часовникот
Знак Функција Опис
Потсетник во
минути
За да поставите одбројување (макс. 2 ч. и 30 мин.). Оваа
функција нема влијание врз работата на апаратот.
Можете исто така да ја вклучите кога апаратот е
исклучен. Искористете го
за да ја вклучите
функцијата. Притиснете
или за да ги поставите
минутите и OK за да започне.
12
www.electrolux.com
Знак Функција Опис
Траење
За да поставите колку долго треба да работи апаратот
(макс. 23 ч. и 59 мин.).
Крај на готв.
За да го поставите времето на исклучување на
функцијата за греење (макс. 23 ч. и 59 мин.).
Ако го поставите времето за функција на
часовникот, времето ќе започне да одбројува
по 5 секунди.
Ако ги користите функциите на
часовникот Траење
и Крај на
готв.
, апаратот ги исклучува
греачите по 90% од поставеното
време. Апаратот ја користи
преостанатата топлина за да го
продолжи готвењето додека не
заврши времето (3 - 20 минути).
Поставување на функциите на часовникот
1.
Поставете функција за греење.
2.
Притискајте го последователно
додека на екранот не се појави
потребната функција на часовникот и
соодветниот симбол.
3.
Допрете го или за да го
поставите неопходното време.
Притиснете OK за да потврдите.
Кога ќе истече времето, се огласува
звучен сигнал. Апаратот се исклучува. На
екранот се прикажува порака.
4.
Допрете сензорско поле за да го
исклучите сигналот.
Со Траење
и Крај на готв.
мора прво да ја поставите
функцијата за греење и
температурата. Потоа можете да
ја поставите функцијата на
часовникот. Апаратот автоматски
се исклучува.
Можете истовремено да ги
користите Траење
и Крај на
готв.
ако сакате автоматски
да го вклучите и исклучите
апаратот во дадено подоцнежно
време.
Кога го користите сензорот за
температура во средината (ако е
достапен), функциите Траење
и Крај на готв. не
работат.
6.2 Топлина + Задржување
Функцијата Топлина + Задржување ја чува
подготвената храна топла на 80°C 30 минути.
Се вклучува откако печењето тесто или месо
ќе заврши.
Можете да ја вклучите или
исклучите функцијата во менито
Основни поставки .
Услови за функцијата:
Поставената температура е
повисока од 80°C.
Поставена е функцијата
Траење .
Вклучување на функцијата
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Изберете ја функцијата за греење.
3.
Поставете ја температурата над 80°C.
4.
Притискајте го повеќепати сè додека
на екранот не се прикаже Топлина +
Задржување . Притиснете OK за да
потврдите.
Кога функцијата ќе заврши, се огласува
звучен сигнал.
Функцијата Топлина + Задржување работи 30
минути.
Функцијата Топлина + Задржување останува
вклучена ако ги промените функциите на
греење.
6.3 Дополнително време
Функцијата Дополнително време ја
продолжува функцијата за греење по
завршувањето на Траење .
Се применува за сите функции на греење
со Траење или Автоматска тежина .
Не се применува со функциите на греење
со Сензор за температура во средината .
Вклучување на функцијата:
1.
Кога времето на готвење ќе заврши, се
огласува звучен сигнал. Притиснете
одредено сензорско поле.
2.
На екранот се прикажува порака за
Дополнително време од пет минути.
МАКЕДОНСКИ 13
3.
Притиснете го за да го вклучите (или
за да го откажете).
4.
Поставете ја должината на
Дополнителното време . Притиснете OK
за да потврдите.
7. АВТОМАТСКИ ПРОГРАМИ
7.1 Помош при готвење со
Автоматски рецепт
Апаратот има комплет рецепти што можете
да ги употребувате. Рецептите се фиксни и не
можете да ги смените.
Вклучување на функцијата:
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Одберете го менито Помош при
готвење . Притиснете OK за да
потврдите.
3.
Одберете ја категоријата и јадењето.
Притиснете OK за да потврдите.
4.
Одберете Автоматски рецепт .
Притиснете OK за да потврдите.
Кога ја користите функцијата
Прирачник , апаратот ги користи
автоматските поставки. Можете да ги
замените како и другите функции.
7.2 Помош при готвење со
Автоматска тежина
Оваа функција автоматски го пресметува
времето на печење на месото. За да ја
употребите, потребно е да се внесе тежината
на храната.
Вклучување на функцијата:
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Одберете Помош при готвење .
Притиснете OK за да потврдите.
3.
Одберете ја категоријата и јадењето.
Притиснете OK за да потврдите.
4.
Одберете Автоматска тежина .
Притиснете OK за да потврдите.
5.
Допрете го или за да ја
поставите тежината на храната.
Притиснете OK за да потврдите.
Автоматската програма започнува. Можете да
ја смените тежината во било кое време.
Притиснете го
или за да ја смените
тежината. Кога ќе истече времето, се
огласува звучен сигнал. Допрете сензорско
поле за да го исклучите сигналот.
Превртете ја храната по 30 минути
кај некои програми. Екранот покажува
потсетник.
8. КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Видете го поглавјето „Безбедносни
информации“.
14
www.electrolux.com
8.1 Телескопски шини
°C
1.
Извлечете ја десната и левата
телескопска шина.
°C
2.
Поставете ја решетката на
телескопските шини, а потоа нежно
турнете ги во апаратот.
Пред да ја затворите вратата на печката,
проверете дали целосно сте ги турнале
телескопските шини внатре во апаратот.
Чувајте го упатството за монтирање
на телескопските шини за идна
употреба.
ВНИМАНИЕ
Не чистете ги телескопските шини во
машина за миење на садови. Не
подмачкувајте ги телескопските
шини.
8.2 Прибор за готвење на пареа
B
Сад за диетално печење за функциите за
готвење на пареа. Садот има два дела: отвор
за дизната (В) и челична решетка што треба
да се стави на дното на садот за печење.
МАКЕДОНСКИ 15
BAC
Дизни и гумено црево. „А“ е гуменото црево,
„В“ е дизната за готвење на пареа, а „С“ е
дизната за директно готвење на пареа.
Готвење на пареа во сад за диетално печење
Ставете ја храната на челичната решетка во
садот за печење. Додадете малку вода.
Ставете ја дизната (В) во гуменото црево.
Ставете ја дизната (В) во специјалниот отвор
во диеталниот сад за печење. Ставете го
конекторот поврзан на гуменото црево (A) во
доводот на пареа.
Ставете го садот за печење на првата или на
втората положба на решетката од долу.
Внимавајте да не го превиткате гуменото
црево и тоа да не го допре греачот на горниот
дел на печката. Поставете ја печката за
функцијата за готвење на пареа.
Директно готвење на пареа
Ставете ја храната на челичната решетка во
садот за печење. Додадете малку вода.
Ставете ја дизната (С) во гуменото црево.
Ставете го конекторот поврзан на гуменото
црево (A) во доводот на пареа.
Не користете го горниот дел на
садот.
Кога готвите храно како што е пилешко, патка,
мисирка, јарешко или голема риба, ставете ја
дизната (С) директно во празниот дел на
месото. Внимавајте да не ги блокирате
отворите.
16
www.electrolux.com
Ставете го садот за печење на првата или на
втората положба на решетката од долу.
Внимавајте да не го превиткате гуменото
црево и тоа да не го допре греачот на горниот
дел на печката. Поставете ја печката за
функцијата за готвење на пареа.
Повеќе информации за готвењето на пареа ќе
најдете во табелите за готвење на пареа.
Гуменото црево е специјално
направено за готвење и не содржи
опасни материјали.
9. ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ
9.1 Мени Омилена програма
Можете да ги зачувате вашите омилени
поставки, како што се траење, температура
или функција за греење. Тие се достапни во
менито Омилена програма . Можете да
зачувате до 20 програми.
Зачувување програма
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Поставете функција за греење или
функција Помош при готвење .
3.
Допрете го повеќепати сè додека на
екранот не се прикаже ЗАЧУВАЈ .
Притиснете OK за да потврдите.
4.
Екранот го прикажува првото слободно
место во меморијата.
Притиснете OK за да потврдите.
5.
Внесете го името на програмата. Првата
буква трепка.
Допрете го
или за да ја смените
буквата. Притиснете OK.
6.
Допрете го или за да го
поместите курсорот кон лево или кон
десно. Притиснете OK.
Следната буква трепка. Направете ги
чекорите 5 и 6 уште еднаш ако е
потребно.
7.
Притиснете и задржете OK за да
зачувате.
Корисни информации:
Можете да презапишете место во
меморијата. Кога екранот го прикажува
првото слободно место во меморијата,
допрете го
или и притиснете OK за
да ја презапишете постоечката програма.
Можете да го смените името на програмата
во менито Измени име на програма .
Вклучување програма
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Одберете го менито Омилена програма .
Притиснете OK за да потврдите.
3.
Одберете го името на вашата омилена
програма. Притиснете OK за да
потврдите.
Притиснете го
за да одите директно во
Омилена програма .
9.2 Заклучување
Заклучување заштитува од случајни промени
на функцијата за загревање. Заклучување
можете да го активирате само кога работи
апаратот.
Активирање на Заклучување :
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Поставете функција за греење или некоја
поставка.
3.
Притискајте го постојано, сЀ додека
на екранот не се прикаже Заклучување .
4.
Притиснете OK за да потврдите.
5.
Вратата се заклучува и на екранот се
прикажува знак за клуч.
Ако апаратот има функција за
пиролитичко чистење и функцијата
работи, вратата е заклучена.
МАКЕДОНСКИ 17
Исклучување на Заклучување :
1.
Притиснете го . На екранот се
прикажува порака.
2.
Притиснете го , а потоа OK за да
потврдите.
9.3 Безбедносна брава за деца
Безбедносната брава за деца спречува
случајна работа на апаратот.
Вклучување и исклучување на функцијата
Безбедносна брава за деца:
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Истовремено допрете ги и сè
додека на екранот не се појави порака.
Ако апаратот има функција за
пиролитичко чистење и функцијата
работи, вратата е заклучена.
На екранот се појавува порака кога ќе
допрете некое сензорско поле.
За да го деблокирате апаратот, истовремено
допрете ги
и сè додека на екранот не
се појави порака.
9.4 SET + GO
Функцијата SET+GO ви овозможува да
поставите функција за греење (или програма)
и да ја употребите подоцна со еден допир на
сензорското поле.
Вклучување на функцијата:
1.
Вклучете го апаратот.
2.
Поставете ја функцијата за греење.
3.
Притиснете го повеќепати сè додека
на екранот не се прикаже Траење .
4.
Поставете го времето.
5.
Притиснете го повеќепати сè додека
на екранот не се прикаже SET + GO .
6.
Притиснете OK за да потврдите.
За да ја стартувате SET + GO , притиснете го
било кое сензорско поле (освен
).
Поставената функција за греење започнува.
Кога функцијата за греење ќе заврши, се
огласува звучен сигнал.
Корисни информации:
Додека работи функцијата за загревање,
функцијата Заклучување е вклучена.
Можете да ја вклучите и исклучите
функцијата SET + GO во менито Основни
поставки .
9.5 Автоматско исклучување
Заради безбедносни причини, апаратот се
исклучува по одредено време:
Доколку работи одредена функција на
печката.
Доколку не ја менувате температурата на
печката.
Температура на
печката
Време на
исклучување
30°C - 120°C 12,5 ч.
120°C - 200°C 8,5 ч.
200°C - 250°C 5,5 ч.
250°C - максимум
°C
3,0 ч.
Автоматското исклучување работи со
сите функции, освен со Светло ,
Траење и Крај на готв. .
9.6 Вентилатор за ладење
Кога работи апаратот, вентилаторот за
ладење се вклучува автоматски за да ги
одржува ладни површините на апаратот. Ако
го исклучите апаратот, вентилаторот за
ладење продолжува да работи додека
апаратот не се излади.
9.7 Безбедносен термостат
Неправилната работа на апаратот или
дефектните компоненти може да
предизвикаат опасно прегревање. За да се
спречи тоа, печката има безбедносен
термостат што го прекинува напојувањето со
струја. Печката автоматски се вклучува
повторно кога температурата ќе се намали.
18
www.electrolux.com
10. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
Апаратот има пет нивоа за решетките.
Бројте ги нивоата за решетките од долниот
дел на апаратот.
Апаратот е опремен со специјален систем
кој обезбедува струење на воздухот и
постојано кружење на пареата. Со овој
систем може да готвите во опкружување со
пареа, со што јадењата ќе останат сочни
одвнатре, а крцкави однадвор. Тоа ги
намалува времето на готвење и
потрошувачката на енергија на минимум.
На апаратот или на стаклените плочи на
вратата може да кондензира влага. Тоа е
нормално. Додека готвите, секогаш стојте
подалеку од апаратот кога ја отворате
вратата. За да ја намалите кондензацијата,
загрејте го апаратот околу 10 минути пред
готвењето.
Избришете ја влагата по секоја употреба
на апаратот.
Кога готвите, не ставајте ги предметите
директно на дното на апаратот и не
покривајте кој било дел со алуминиумска
фолија. Тоа може да влијае на резултатите
на печењето и да го оштети емајлот.
10.1 Печење колачи
Не отворајте ја вратата на рерната пред да
поминат 3/4 од времето за печење.
Ако користите два плеха за печење
истовремено, оставете го нивото помеѓу
нив празно.
10.2 Готвење месо и риба
Употребувајте тава за цедење за многу
мрсна храна за да ја заштитите печката од
дамки што можат да останат трајни.
Оставете го месото да постои околу 15
минути пред да го сечете за да не му
истечат соковите.
За да спречите создавање на премногу чад
во печката за време на печењето,
додадете малку вода во тавата за цедење.
За да спречите кондензација на чадот,
додадете вода секој пат откако ќе се
исуши.
10.3 Времетраење на готвењето
Времетраењето на готвењата зависат од
видот на храна, нејзината густина и
зафатнина.
Првично, следете ја ефикасноста кога
готвите. Најдете ги најдобрите поставки
(температура, време на готвење итн.) за
своите садови, рецепти и количества кога го
користите апаратот.
10.4 Табела за печење тесто и месо
КОЛАЧИ
ВИД ХРАНА
Kонвообичаено
готвење
Готвење со
вентилатор
Време на
печење
[мин]
Забелешки
Позиција
на
решетката
Темпе
ратура
[°C]
Позиција на
решетката
Темпе
ратура
[°C]
Матени
рецепти
2 170 3 (2 и 4) 160 45 - 60 Во калап за
торта
Тесто со
путер и шеќер
2 170 3 (2 и 4) 160 20 - 30 Во калап за
торта
Колач со
сирење
1 170 2 165 80 - 100 Во калап за
торта од 26 cm
Торта со
јаболка (Пита
со јаболка)
2 170 2 (лево и
десно)
160 80 - 100 Во два калапи
за торта од 20
cm на решетка
1)
МАКЕДОНСКИ 19
ВИД ХРАНА
Kонвообичаено
готвење
Готвење со
вентилатор
Време на
печење
[мин]
Забелешки
Позиција
на
решетката
Темпе
ратура
[°C]
Позиција на
решетката
Темпе
ратура
[°C]
Штрудла 3 175 2 150 60 - 80 Во плех за
печење
Тортици со
џем
2 170 2 (лево и
десно)
165 30 - 40 Во калап за
торта од 26 cm
Пандишпан
торта
2 170 2 150 40 - 50 Во калап за
торта од 26 cm
Божиќен
колач/Богат
овошен колач
2 160 2 150 90 - 120 Во калап за
торта од 20
cm
1)
Торта со
сливи
1 175 2 160 50 - 60 Во плех за
печење леб
1)
Мали тортици
- едно ниво
3 170 3 150 -
160
20 - 30 Во плех за
печење
1)
Мали тортици
- две нивоа
- - 2 и 4 140 -
150
25 - 35 Во плех за
печење
1)
Мали тортици
- три нивоа
- - 1, 3 и 5 140 -
150
30 - 45 Во плех за
печење
1)
Бисквити /
колачи од
лиснато тесто
- едно ниво
3 140 3 140 -
150
25 - 45 Во плех за
печење
Бисквити /
колачи од
лиснато тесто
- две нивоа
- - 2 и 4 140 -
150
35 - 40 Во плех за
печење
Бисквити /
колачи од
лиснато тесто
- три нивоа
- - 1, 3 и 5 140 -
150
35 - 45 Во плех за
печење
Пуслици -
едно ниво
3 120 3 120 80 - 100 Во плех за
печење
Пуслици - две
нивоа
- - 2 и 4 120 80 - 100 Во плех за
печење
1)
Земички 3 190 3 190 12 - 20 Во плех за
печење
1)
Еклери - едно
ниво
3 190 3 170 25 - 35 Во плех за
печење
Еклери - две
нивоа
- - 2 и 4 170 35 - 45 Во плех за
печење
20
www.electrolux.com
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72
  • Page 73 73
  • Page 74 74
  • Page 75 75
  • Page 76 76
  • Page 77 77
  • Page 78 78
  • Page 79 79
  • Page 80 80

Electrolux EOB6850AOX Instrukcja obsługi

Typ
Instrukcja obsługi