Electrolux EOB6850AOX Instrukcja obsługi

Typ
Instrukcja obsługi
EOB6850
MK ПЕЧКА НА ПАРЕА УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ 2
PL PIEKARNIK PAROWY INSTRUKCJA OBSŁUGI 49
СОДРЖИНА
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ..................................................................... 3
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ.................................................................... 4
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ.................................................................................7
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА.........................................................................................7
5. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА.............................................................................. 9
6. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА...........................................................................10
7. ФУНКЦИИ НА ЧАСОВНИКОТ........................................................................ 15
8. АВТОМАТСКИ ПРОГРАМИ............................................................................16
9. КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ........................................................................17
10. ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ.......................................................................20
11. ПОМОШ И СОВЕТИ......................................................................................22
12. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ........................................................................................39
13. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ.......................................................................44
14. МОНТАЖА..................................................................................................... 46
15. ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ......................................................................... 47
16. ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ...................................................................... 47
НИЕ МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што го избравте овој апарат на Electrolux. Одбравте
производ којшто носи со себе децении на професионално искуство и
иновации. Уникатен и стилски, дизајниран е специјално за вас. Секогаш кога
ќе го користите, можете да бидете сигурни дека ќе имате добри резултати во
секое време.
Добредојдовте во Electrolux.
Посетете ја нашата страница за да:
Добиете корисни совети, брошури, водич за решавање на проблеми,
информации за сервисирање:
www.electrolux.com
Го регистрирате вашиот производ за подобро сервисирање:
www.registerelectrolux.com
Купувате дополнителен прибор, потрошни или оригинални резервни
делови за вашиот апарат:
www.electrolux.com/shop
ГРИЖА И УСЛУГА ЗА КОРИСНИЦИ
Секогаш користете оригинални резервни делови.
Кога ќе контактирате со нашиот Овластен сервис, треба да ги имате на
располагање следниве податоци: Модел, број на производот, сериски број.
Информациите може да ги најдете на плочката со спецификации.
Предупредување / Внимание - Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
Можноста за промени е задржана.
www.electrolux.com2
1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги приложените упатства.
Производителот не е одговорен ако неправилната
монтажа и употреба предизвикаат повреди и
оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со
апаратот за идна употреба.
1.1 Безбедност на деца и ранливи лица
Овој апарат можат да го користат деца над 8
години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности или лица без искуство и
знаење доколку тоа го прават под надзор или им
биле дадени упатства како безбедно да го
употребуваат апаратот и ги разбираат опасностите
поврзани со него.
Не дозволувајте им на децата да играат со
апаратот.
Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
Држете ги децата и миленичињата подалеку од
апаратот кога тој работи или кога се лади.
Деловите кои се достапни се жешки.
Доколку апаратот има уред за безбедност на деца,
ви препорачуваме да го активирате.
Чистењето и одржувањето од страна на
корисникот не треба да го прават деца без надзор.
Апаратот не смее да биде во дофат на деца
помали од 3 години освен ако не се под постојан
надзор.
1.2 Општа безбедност
Само квалификувано лице може да го монтира
уредот и да го замени кабелот.
Апаратот се загрева во внатрешноста при работа.
Не допирајте ги греачите што се наоѓаат во
апаратот. Секогаш користете ракавици за рерна за
МАКЕДОНСКИ 3
вадење или ставање прибор или огноотпорни
садови.
Пред одржувањето, исклучете го апаратот од
струја.
Пред да ја менувате светилката во рерната,
проверете дали уредот е исклучен, за да ја
избегнете можноста од струен удар.
Не користете чистач на пареа за чистење на
апаратот.
Не користете груби абразивни средства или остри
метални стругалки за да го чистите стаклото на
вратата, бидејќи тоа може да предизвика прскање
на стаклото.
Доколку се оштети кабелот за напојување, тој
треба да биде заменет од страна на
производителот, негов Овластен сервисен центар
или слично квалификувани лица за да се избегне
опасност.
За да ги извадите држачите на решетките,
повлечете го предниот дел од држачот на
решетката, а потоа задниот крај настрана од
страничните ѕидови. Монтирајте ги држачите на
решетките по обратен редослед.
2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
2.1 Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го
монтира само
квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Не влечете го апаратот за рачката.
Одржувајте минимална
оддалеченост од другите апарати и
делови.
Проверете дали апаратот е
монтиран под и во близина на
безбедна структура.
Страните на апаратот мора да
останат во близина на апаратите
или до уредите со иста висина.
2.2 Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен
удар.
Секое поврзување со струја треба
да биде направено од
квалификуван електричар.
www.electrolux.com4
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали информацијата за
напојување со струја на плочката
со спецификации се совпаѓа со
напојувањето со струја. Доколку не
се совпаѓа, контактирајте со
електричар.
Секогаш користете правилно
монтиран штекер отпорен на
струјни удари.
Не користете адаптери со повеќе
приклучоци и продолжени кабли.
Погрижете се да не ги оштетите
приклучокот за струја и кабелот.
Доколку кабелот за струја на
апаратот треба да се замени, тоа
мора да го направи нашиот
Овластен сервисен центар.
Не дозволувајте кабелот да дојде
во допир со или да биде близу до
вратата на апаратот, особено кога
вратата е жешка.
Заштитата од електричен удар на
активните и изолираните делови
мора да се поврзе на таков начин
што нема да може да се извади без
алатки.
Поврзете го приклучокот за струја
со штекерот на крајот од
монтажата. Проверете дали
приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Доколку штекерот е лабав, не
приклучувајте го приклучокот за
струја.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Користете само соодветни уреди за
изолација: заштитни прекинувачи
на линија, осигурувачи
(осигурувачи на вртење извадени
од држачот), заземјување и
контактори.
Електричната инсталација мора да
има изолациски уред кој што ви
овозможува да го исклучите
апаратот од приклучокот за струја
од сите полови. Изолацискиот уред
мора да има контактен отвор со
ширина од најмалку 3 mm.
Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
2.3 Употреба
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Постои опасност од
повреда, изгореници или
струен удар или
експлозија.
Користете го апаратот само во
домашни услови.
Не менувајте ги спецификациите на
овој апарат.
Погрижете се отворите за
вентилација да не бидат блокирани.
Не оставајте го апаратот без
надзор додека работи.
Исклучувајте го апаратот по секоја
употреба.
Внимавајте кога ја отворате
вратата на апаратот додека тој
работи. Може да се ослободи
жежок воздух.
Не ракувајте со апаратот со влажни
раце или кога тој има контакт со
вода.
Не притискајте на отворената
врата.
Не употребувајте го апаратот како
работна површина или како простор
за складирање.
Внимателно отворајте ја вратата на
апаратот. Користењето на состојки
со алкохол може да предизвика
мешање на алкохол и воздух.
Кога ја отворате вратата, не
дозволувајте апаратот да дојде во
контакт со искри или отворен оган.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од оштетување
на апаратот.
За да го заштитите емајлот од
оштетување или губење на бојата:
не ставајте огноотпорни садови
или други предмети директно
на дното на апаратот.
не ставајте алуминиумска
фолија директно на дното на
апаратот.
не ставајте вода директно во
врелиот апарат.
МАКЕДОНСКИ 5
не чувајте влажни чинии или
храна во апаратот откако сте
завршиле со готвењето.
бидете внимателни при
отстранување или поставување
на приборот.
Обезбојувањето на емајлот нема
ефект врз работата на апаратот.
Тоа не е дефект во смисол на
гаранцијата.
Користете длабока тава за влажни
колачи. Овошните сокови
предизвикуваат дамки кои може да
останат постојано.
Овој апарат е наменет само за
готвење. Не смее да се користи за
други намени, на пример за
загревање на простории.
Секогаш гответе со затворена
врата на печката.
2.4 Готвење на пареа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од изгореници и
оштетување на апаратот.
Ослободената пареа може да
предизвика изгореници:
Не ја отворајте вратата од
апаратот додека готвите со
пареа.
Внимателно отворете ја
вратата на апаратот после
работата со готвење на пареа.
2.5 Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од повреди,
пожар или оштетување на
апаратот.
Пред одржувањето, исклучете го
апаратот и исклучете го кабелот од
штекерот за струја.
Проверете дали апаратот е ладен.
Постои опасност од кршење на
стаклените плочи.
Веднаш заменете ги стаклените
плочи на вратата кога се оштетени.
Контактирајте со сервисот.
Бидете внимателни кога ја вадите
вратата од апаратот. Вратата е
тешка!
Редовно чистете го апаратот за да
спречите оштетување на
материјалот на површината.
Заостанатата мрснотија или храна
во апаратот може да предизвика
пожар.
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа. Користете само
неутрални детергенти. Не
користете абразивни производи,
абразивни сунгери за чистење,
растворувачи или метални
предмети.
Доколку користите спреј за рерна,
почитувајте ги безбедносните
упатства на пакувањето.
Не чистете го каталитичкиот емајл
(доколку има) со никаков тип на
детергент.
2.6 Внатрешна светилка
Видот на светилката или на
халогената лампа која се користи
за овој апарат е само за употреба
во апарати за домаќинство. Не
употребувајте ја за осветлување во
куќата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од струен удар.
Пред да ја замените светилката,
исклучете го апаратот од
напојувањето.
Користете само светилки со истите
спецификации.
2.7 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
Извадете ја рачката на вратата за
да спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
www.electrolux.com6
3. ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
3.1 Генерален преглед
5
11
9
8
4
10
7
5
4
3
2
21 3
6
1
1
Контролна табла
2
Електронски програмер
3
Фиока за вода
4
Греач
5
Светло
6
Вентилатор
7
Држач за решетка, се вади
8
Цевка за цедење
9
Вентил за испуштање пареа
10
Положби на решетките
11
Довод на пареа
3.2 Прибор
Решетка
За садови за готвење, калапи за
торта, тави за печење.
Плех за печење
За колачи и кори.
Скара- / Длабока тава
За печење тесто и месо или како
сад за собирање маснотија.
Телескопски шини
За решетки и плехови.
Диетален сад за печење
За функциите за готвење со пареа.
4. КОНТРОЛНА ТАБЛА
4.1 Електронски програматор
1 112 4 63 9 105 7 8
Користете ги сензорските полиња за да ракувате со апаратот.
Сензорс
ко поле
Функција Коментар
1
ВКЛУЧЕНО /
ИСКЛУЧЕНО
За вклучување и исклучување на апаратот.
МАКЕДОНСКИ 7
Сензорс
ко поле
Функција Коментар
2
Функции на
греење или
Рецепти
Допрете го сензорското поле еднаш за да
изберете функција за греење или мени:
Рецепти. Допрете го сензорското поле уште
еднаш за да ги менувате менијата: Функции
на греење, Рецепти. За вклучување или
исклучување на светлото, допрете го полето
3 секунди.
3
Почетно копче За враќање назад едно ниво во менито. За
враќање во главното мени, допрете го
полето 3 секунди.
4
Избор на
температура
За поставување на температурата или за
прикажување на моменталната температура
во апаратот. Допрете го полето 3 секунди за
да ја вклучите или исклучите функцијата:
Брзо загревање.
5
Омилени За зачувување и пристап до вашите
омилени програми.
6
-
Екран Ги прикажува тековните поставки на
апаратот.
7
Копче за нагоре За движење нагоре во менито.
8
Копче за надолу За движење надолу во менито.
9
Време и
дополнителни
функции
За поставување различни функции. Кога
работи функцијата за загревање, допрете го
сензорското поле за да го поставите
тајмерот или функциите: Заклучување,
Омилени, Топлина + Задржување, Set + Go.
10
Потсетник во
минути
За да ја поставите функцијата: Потсетник во
минути.
11
OK За потврда на изборот или на поставката.
4.2 Екран
A
DE
B C
A) Функција на греење
B) Време во денот
C) Показно светло за загревање
D) Температура
E) Траење или завршно време на
функцијата
www.electrolux.com8
Други показни светла на екранот:
Знак Функција
Потсетник во минути Функцијата работи.
Време во денот Екранот покажува колку е часот.
Траење На екранот се прикажува
потребното време за готвење.
Крај на готв Екранот го прикажува времето
кога ќе заврши готвењето.
Температура На екранот е прикажана
температурата.
Означување на време На екранот се прикажува колку
долго работи одредена функција
на греење. Притиснете и и
истовремено за да го ресетирате
времето.
Показно светло за
загревање
На екранот се прикажува
температурата во апаратот.
Показател за брзо
загревање
Функцијата е вклучена. Го
намалува времето на загревање.
Автоматска тежина Екранот покажува дека системот
за автоматско мерење на
тежината е вклучен или дека
тежината може да се смени.
Топлина +
Задржување
Функцијата е вклучена.
5. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
5.1 Прво чистење
Извадете ги сите додатоци и држачите
на решетките што се вадат од
апаратот.
Видете го поглавјето „Нега
и чистење“.
Исчистете го апаратот пред првата
употреба.
Ставете ги додатоците и држачите кои
се вадат назад во нивната првобитна
позиција.
5.2 Прво поврзување
Кога го приклучувате апаратот на
штекерите или по снемување струја,
морате да го подесите јазикот,
контрастот на екранот, јасноста на
екранот и времето во денот.
1. Притиснете на
или за да ги
поставите вредностите.
2. Притиснете на за да
потврдите.
МАКЕДОНСКИ 9
5.3 Предзагревање
Загрејте го апаратот додека е празен
за да ја изгорите преостанатата
маснотија.
1. Поставете ја функцијата: Горен/
долен греач
и максимална
температура.
2. Оставете го апаратот да работи
околу еден час.
3. Поставете ја функцијата: Готвење
со вентилатор и максимална
температура.
4. Оставете го апаратот да работи
околу 15 минути.
Дополнителниот прибор може да
стане потопол од обично. Апаратот
може да испушта миризба и чад. Тоа е
нормално. Погрижете се да има
доволен проток на воздух во собата.
6. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
6.1 Движење низ менијата
1. Активирајте го апаратот.
2. Допрете го или за да ја
изберете опцијата од менито.
3. Притиснете за да преминете во
подмени или да ја прифатите
поставката.
Било кога можете да се
вратите назад во главното
мени со .
6.2 Преглед на мениата
Главно мени
Знак Ставка во менито Примена
Функции на греење Содржи листа со функции за греење.
Рецепти Содржи листа на автоматски програми.
Омилени Содржи листа со омилени програми за
готвење направени од корисникот.
Basic Settings (Основни
поставки)
Може да го користите за одредување други
поставки.
Специјални Содржи листа со додатни функции на
греење.
Под-мени за: Basic Settings (Основни поставки)
Знак Под мени Опис
Постави време во денот Го поставува моменталното време на
часовникот.
Означување на време Кога е ВКЛУЧЕНО, екранот го покажува
часовникот кога ќе го исклучите апаратот.
www.electrolux.com10
Знак Под мени Опис
Set + Go Кога е ВКЛУЧЕНО, во прозорецот за
Одбирање на Опции можете да ја одберете
функцијата: Set + Go.
Топлина + Задржување Кога е ВКЛУЧЕНО, во прозорецот за
Одбирање на Опции можете да ја одберете
функцијата: Топлина + Задржување.
Дополнително време Ја вклучува и исклучува функцијата за
продолжување на времето.
Контраст на екран Го прилагодува контрастот на екранот во
степени.
Осветленост на екран Ја приспособува осветленоста на екранот
во степени.
Постави јазик Го подесува јазикот на екранот.
Јачина на звучен сигнал Ја прилагодува јачината на тоновите на
притискање и сигналите во степени.
Тонови на копчиња Го вклучува и исклучува тонот на допирните
полиња. Не може да се исклучи тонот на
допирното поле за ВКЛУЧЕНО /
ИСКЛУЧЕНО.
Тревога/Грешка Тонови Ги вклучува и исклучува тоновите за
тревога.
Сервисирање Ги прикажува верзијата на софтверот и
конфигурацијата.
Фабрички поставки Ги враќа сите поставки на фабричките
вредности.
6.3 Функции на греење
Функција на греење Примена
Готвење со
вентилатор
За да печете истовремено на 3 нивоа на
решетката и за да сушите храна.Поставете
ја температурата за 20 - 40 °C пониско
отколку кај функцијата: Горен/долен греач.
Вентилатор + Пареа За јадења.на пареа. Користете ја оваа
функција за намалување на должината на
времето на готвење и за зачувување на
витамините и хранливите состојки во
храната. Изберете ја функцијата и
поставете ја температурата меѓу 130°C и
230°C.
МАКЕДОНСКИ 11
Функција на греење Примена
Поставки за пица За правење пица, киш или пита на пареа.
Горен/долен греач За печење тесто и месо на 1 ниво на
решетката.
Бавно готвење За подготвување на меко, сочно печено
месо.
Долен грејач За печење колачи со крцкав долен дел и за
конзервирање зимница.
влажна печење со
вентил.
За да заштедите енергија кога печете и
готвите суви печени производи. Исто и за
печење испечени производи во плехови на
1 ниво. Оваа функција се користеше за
дефинирање на класата на енергетска
ефикасност ЕN50304.
ЕКО печење на месо Функиите ЕКО ви овозможуваат да
заштедите електрична енергија за време на
готвењето. Прво треба да го поставите
времето на готвење. За да добиете повеќе
информации за препорачаните поставки,
погледнете во табелите за готвење за
соодветната функција.
Смрзната храна За вашите често готвени јадења да бидат
крцкави, како на пр. помфрит, пекарски
компир и пролетни ролнички.
Печење на скара За печење на рамни парчиња храна и за
печење тостови.
Брзо печење За печење рамни парчиња храна во големи
количини и за печење тостови од леб.
турбо печење За печење на поголеми парчиња месо или
живина со коски на 1 ниво на решетката.
Исто и за запекување и потпекување.
Подгревање на пареа За повторно загревање на веќе зготвената
храна директно во чинија.
6.4 Специјални
Функција на греење Примена
Печење на леб За печење на леб.
www.electrolux.com12
Функција на греење Примена
Потпечени За јадења какви што се лазањи или
потпечен компир. Исто и за запекување и
потпекување.
Киснато тесто За контролирано стасување на тестото пред
печење.
Топлење на чинии За загревање на чиниите пред сервирање.
Конзервирање За конзервирање зеленчук, на пример
туршија.
Сушење За сушење овошје исечкано на резанки (на
пр. јаболка, сливи, праски) и зеленчук (на
пр. домати, тиквички, печурки).
Одржување на
топлина
За одржување на топлината на храната.
Одмрзнување За одмрзнување смрзната храна.
6.5 Вклучување на функција
на греење
1. Активирајте го апаратот.
2. Одберете го менито: Функции на
греење.
3. Притиснете го
за да потврдите.
4. Поставете функција на греење.
5. Притиснете го за да потврдите.
6. Поставете ја температурата.
7. Притиснете го за да потврдите.
6.6 Готвење на пареа
Капакот на фиоката за вода е во
контролната табла.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Користете само вода. Не
користете филтрирана
(деминерализирана) или
дестилирана вода. Не
користете други течности.
Не ставајте запаливи или
алкохолни течности во
фиоката за вода.
1. Подготвувајте ја храната во
соодветни садови за готвење.
2. Притиснете го капакот на фиоката
за вода за да ја отворите.
3. Наполнете ја фиоката за вода со
900 ml вода.
Таа количина на вода е доволна за
околу 55-60 минути.
4. Турнете ја фиоката за вода во
нејзината почетна положба.
5. Вклучете го апаратот.
6. Изберете ги функциите за греење
со пареа и температура.
7. Доколку е неопходно, поставете ја
функцијата Траење или Крај на
готв .
Кога генераторот на пареа
е празен, се огласува
звучен сигнал.
На крајот на времето за готвење се
огласува звучен сигнал.
8. Исклучете го апаратот.
9. Испразнете ја фиоката за вода
откако ќе заврши готвењето со
пареа.
МАКЕДОНСКИ 13
ВНИМАНИЕ!
Апаратот станува
жежок. Постои
опасност од
изгореници.
Внимавајте кога ја
празните фиоката за
вода.
Оставете го апаратот целосно да се
исуши со отворена врата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Почекајте најмалку 60
минути по секое користење
на готвењето со пареа за
да спречите излегување на
топла вода од вентилот за
испуштање вода.
6.7 Показател за празен сад
Екранот го прикажува: Има потреба од
вода и се огласува звучен зигнал кога
садот е празен и мора да се наполни.
Повеќе информации ќе најдете во
„Готвење на пареа“.
6.8 Показател за полн сад
Кога на екранот се прикажува: Садот
за вода е полн, можете да го
користите готвењето на пареа.
Се огласува звучен сигнал кога ќе се
наполни садот.
Ако налеете премногу вода
во садот, безбедносниот
уред за испуштање ќе го
однесе вишокот вода на
дното на рерната.
Отстранете ја водата со
сунѓер или крпа.
6.9 Празнење на садот за
вода
ВНИМАНИЕ!
Погрижете се апаратот да
се излади пред да почнете
да го празните садот за
вода.
1. Подгответе ја цевката за цедење
(С) вклучена во истиот пакет со
упатството за употреба. Ставете го
конекторот (В) во еден од краевите
на цевката за цедење.
B
C
A
2. Ставете го другиот крај на цевката
за цедење (C) во сад. Ставете ја
во пониска положба од вентилот за
испуштање (А).
3. Отворете ја вратата на печката и
ставете го конекторот (В) во
вентилот за испуштање (A).
4. Притискајте го конекторот
последователно при празнење на
садот за вода.
Во садот може да има
малку вода кога на
екранот се прикажува:
Има потреба од вода.
Почекајте додека
водата не престане да
истекува од вентилот
за испуштање.
5. Кога водата ќе престане да тече,
симнете го конекторот од
вентилот.
Не ја употребувајте
исцедената вода за да го
полните садот за вода
повторно.
6.10 Показател за загревање
Кога вклучувате функција за греење,
се вклучува лента на екранот. Лентата
покажува дека температурата се
зголемува.
www.electrolux.com14
6.11 Показател за брзо
загревање
Оваа функција го намалува времето
на загревање.
За да ја вклучите функцијата,
задржете го
3 секунди. Показателот
за загревање се менува.
6.12 Преостаната топлина
Кога ќе го исклучите апаратот, екранот
ја прикажува преостанатата топлина.
Можете да ја употребите топлината за
да ја одржите храната топла.
7. ФУНКЦИИ НА ЧАСОВНИКОТ
7.1 Табела со функции на часовникот
Функција часовник Примена
Потсетник во минути За да нагодите одбројување (макс 2
часа и 30 минути). Оваа функција нема
влијание врз работата на апаратот.
Искористете го за да ја вклучите
функцијата. Притиснете или за
да ги поставите минутите и за да
започне.
Траење За поставување на должината на
работата (макс. 23 часа и 59 мин.).
Крај на готв За да го нагодите времето на
исклучување на функцијата за
загревање (макс. 23 ч. и 59 мин.).
Ако го поставите времето за функција
на часовникот, времето ќе започне да
одбројува по 5 секунди.
Ако ги употребувате
функциите на часовникот:
Траење, Крај на готв,
апаратот ги деактивира
загревачките елементи по
90% од подесеното време.
Апаратот ја користи
преостанатата топлина за
да го продолжи готвењето
додека не заврши времето
(3 - 20 минути).
7.2 Поставување на
функциите на часовникот
Пред да ги користите
функциите: Траење,
Крај на готв, мора прво
да ги подесите
функцијата на греење и
температурата.
Апаратот автоматски се
исклучува.
Можете да ги користите
функциите: Траење и
Крај на готв
истовремено ако сакате
автоматски да го
вклучите и исклучите
апаратот во дадено
подоцнежно време.
1. Поставете функција на греење.
МАКЕДОНСКИ 15
2. Притискајте го последователно
додека на екранот не се појави
потребната функција на
часовникот и соодветниот симбол.
3. Допрете го или за да го
поставите неопходното време.
4. Притиснете на за да
потврдите.
Кога ќе истече времето, се огласува
звучен сигнал. Апаратот се исклучува.
На екранот се прикажува порака.
5. Допрете сензорско поле за да го
исклучите сигналот.
7.3 Топлина + Задржување
Услови за функцијата:
Поставената температура е
повисока од 80°C.
Функцијата: Траење е подесена.
Функцијата: Топлина + Задржување ја
чува подготвената храна топла на
80°C за време од 30 минути. Се
активира откако печењето на месо ќе
заврши.
Можете да ја вклучите или исклучите
функцијата во менито: Basic Settings
(Основни поставки).
1. Активирајте го апаратот.
2. Изберете ја функцијата за греење.
3. Поставете ја температурата над
80°C.
4. Притискајте го повеќепати сè
додека на екранот не се прикаже:
Топлина + Задржување.
5. Притиснете на за да
потврдите.
Кога функцијата ќе заврши, се
огласува звучен сигнал.
Функцијата останува вклучена ако ги
промените функциите на греење.
7.4 Дополнително време
Функцијата: Дополнително време
прави функцијата на греење да
продолжи после крајот на Траење.
Се применува за сите
функции на греење со
Траење или Автоматска
тежина.
1. Кога времето на готвење ќе
заврши, се огласува звучен сигнал.
Притиснете одредено сензорско
поле.
На екранот е прикажана порака.
2. Притиснете го за да го вклучите
или
за да го откажете.
3. Поставете ја должината на
функцијата.
4. Притиснете го .
8. АВТОМАТСКИ ПРОГРАМИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
8.1 Рецепти со Автоматски
рецепти
Апаратот има комплет рецепти што
можете да ги употребувате. Рецептите
се фиксирани и не можете да ги
смените.
1. Активирајте го апаратот.
2. Одберете го менито: Рецепти.
Притиснете на за да
потврдите.
3. Одберете ја категоријата и
јадењето. Притиснете го за да
потврдите.
4. Одбирете рецепта. Притиснете го
за да потврдите.
Кога се користи
функцијата: Прирачник ,
апаратот ги користи
автоматските поставки.
Можете да ги замените
како и другите функции.
www.electrolux.com16
8.2 Рецепти со Автоматска
тежина
Оваа функција автоматски го
пресметува времето на печење на
месото. За да ја употребите, потребно
е да се внесе тежината на храната.
1. Активирајте го апаратот.
2. Одберете го менито: Рецепти.
Притиснете на
за да
потврдите.
3. Одберете ја категоријата и
јадењето. Притиснете на за да
потврдите.
4. Одберете ја функцијата:
Автоматска тежина. Притиснете на
за да потврдите.
5. Допрете или за да ја
подесите тежината на храната.
Притиснете на за да
потврдите.
Автоматската програма започнува.
6. Можете да ја смените тежината во
кое било време. Притиснете
или за да ја промените
тежината.
7. Кога ќе истече времето, се
огласува звучен сигнал. Допрете
сензорско поле за да го исклучите
сигналот.
Кај некои програми
храната треба да ја
превртите после 30
минути. Екранот прикажува
потсетник.
9. КОРИСТЕЊЕ НА ПРИБОРОТ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
9.1 Телескопски шини
Чувајте го упатството за
монтирање на
телескопските шини за
идна употреба.
Со телескопските шини можете да ги
ставате и да ги вадите решетките
многу полесно.
ВНИМАНИЕ!
Не чистете ги
телескопските шини во
машина за миење садови.
Не подмачкувајте ги
телескопските шини.
1. Извлечете ја десната и левата
телескопска шина.
°C
2. Поставете ја решетката на
телескопските шини, а потоа
нежно турнете ги во апаратот.
МАКЕДОНСКИ 17
°C
Пред да ја затворите вратата на
рерната, проверете дали целосно сте
ги турнале телескопските шини внатре
во апаратот.
9.2 Прибор за готвење на
пареа
Сад за диетално печење за
функциите за готвење на пареа
Садот се состои од стаклена чинија,
капак со отвор за цевката на
вбризгувачот (C) и челична решетка
која се става на дното од садот за
готвење.
Стаклена чинија (А)
Капак (B)
Вбризгувач и цевка на вбризгувачот
C
D
„C“ е цевка на вбризгувачот за
готвење на пареа, „D“ е вбризгувачот
за директно готвење на пареа.
Цевка на вбризгувачот (C)
Вбризгувач за директно готвење на
пареа (D)
Челична решетка (E)
Не ставајте топол сад за печење на
ладни / влажни површини.
www.electrolux.com18
Не ставајте ладни течности во
садот за печење кога е жежок.
Не го користете садот за печење на
жешка површина за готвење.
Немојте да го чистите садот за
печење со абразивни средства,
жици за чистење или прашок.
9.3 Готвење на пареа во сад
за диетално печење
Ставете ја храната на челичната
решетка во садот за печење и
затворете го со капак.
1. Ставете ја цевката на
вбризгувачот во специјалниот
отвор на капакот на диеталниот
сад за печење.
C
2. Ставете го садот за печење на
втората положба на решетката од
долу.
3. Ставете го другиот крај на цевката
на вбризгувачот во отворот за
пареа.
Внимавајте да не ја превиткате
цевката на вбризгувачот или таа да не
го допре греачот на горниот дел на
печката.
4. Поставете ја печката на
функцијата за готвење на пареа.
МАКЕДОНСКИ 19
9.4 Директно готвење на
пареа
Ставете ја храната на челичната
решетка во садот за печење.
Додадете малку вода.
ВНИМАНИЕ!
Не користете го капакот на
садот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Внимавајте кога го
користите вбризгувачот
кога работи печката.
Секогаш користете
ракавици за печка за да
ракувате со вбризгувачот
кога печката е жешка.
Секогаш вадете го
вбризгувачот од печката
кога не користите функција
на пареа.
Цевката на вбризгувачот е
специјално направена за
готвење и не содржи
опасни материјали.
1. Ставете го вбризгувачот (D) во
цевката на вбризгувачот (C).
Поврзете го другиот крај со
влезниот отвор за пареа.
2. Ставете го садот за печење на
првата или на втората положба на
решетката од долу.
Внимавајте да не ја превиткате
цевката на вбризгувачот или таа да не
го допре греачот на горниот дел на
печката.
3. Поставете ја печката на
функцијата за готвење на пареа.
Кога готвите храна како што е
пилешко, патка, мисирка, јарешко или
голема риба, ставете го инјекторот (D)
директно во празниот дел на месото.
Внимавајте да не ги блокирате
отворите.
За повеќе информации за готвењето
на пареа, видете во табелите за
готвење на пареа во поглавјето
„Помош и совети“.
10. ДОПОЛНИТЕЛНИ ФУНКЦИИ
10.1 Омилени
Можете да ги зачувате вашите
омилени поставки, какви што се
траењето, температурата или
функцијата за греење. Тие се
достапни во менито: Омилени. Можете
да зачувате до 20 програми.
www.electrolux.com20
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72
  • Page 73 73
  • Page 74 74
  • Page 75 75
  • Page 76 76
  • Page 77 77
  • Page 78 78
  • Page 79 79
  • Page 80 80
  • Page 81 81
  • Page 82 82
  • Page 83 83
  • Page 84 84
  • Page 85 85
  • Page 86 86
  • Page 87 87
  • Page 88 88
  • Page 89 89
  • Page 90 90
  • Page 91 91
  • Page 92 92
  • Page 93 93
  • Page 94 94
  • Page 95 95
  • Page 96 96

Electrolux EOB6850AOX Instrukcja obsługi

Typ
Instrukcja obsługi