Electrolux LUT7ME28X2 Instrukcja obsługi

Typ
Instrukcja obsługi
LUT7ME28X2
MK ЗАМРЗНУВАЧ
PL ZAMRAZARKA
Przewodnik uzywania
Упатствo зa yпoтpeбa
EE Sügavkülmik
Kasutusjuhend
AL Ngrirës
Manuali i përdoruesit
HR ZAMRZIV
Upute za uporabu
MK - 2 -
MK ОГАН
Предупредување: Опасност од пожар/запаливи материјали
MK - 3 -
СОДРЖИНА
ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ ..................... 5
Општи предупредувања .................................................................................5
Стари и неисправни фрижидери .................................................................. 10
Безбедносни предупредувања ..................................................................... 10
Инсталација и ракување со вашиот фрижидер ........................................... 11
Пред да го користите фрижидерот ............................................................... 12
Димензии ........................................................................................................13
ИНФОРМАЦИИ ЗА УПОТРЕБА ........................................................... 14
Информации за технологијата без мраз ..................................................... 14
Екран и контролен панел .............................................................................. 15
Ракување со замрзнувачот ........................................................................... 15
Режим за супер-замрзнување ................................................................................ 15
Поставки за температурата во замрзнувачот ....................................................... 16
Предупредувања за приспособувањето на температурата .......................16
Додатоци ........................................................................................................17
Сад за мраз ............................................................................................................. 17
Ледомат ................................................................................................................... 17
СТАВАЊЕ ХРАНА ................................................................................. 18
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ ................................................................. 23
Одмрзнување ................................................................................................. 23
ТРАНСПОРТ И ПРЕМЕСТУВАЊЕ ....................................................... 24
Превоз и промена на позиција на инсталација ........................................... 24
Менување на положбата на вратата ............................................................ 24
ПРЕД ДА ПОВИКАТЕ СЕРВИС ........................................................... 25
Совети за заштеда на енергија..................................................................... 27
ДЕЛОВИ НА АПАРАТОТ И ОДДЕЛИТЕ .............................................. 28
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ........................................................................ 29
ИНФОРМАЦИИ ЗА ИНСТИТУТИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ............................ 29
MK - 4 -
МИСЛИМЕ НА ВАС
Ви благодариме што купивте апарат Electrolux . Избравте производ што носи со себе
децении професионално искуство и иновации. Генијален и со модерен стил, дизајниран
е мислејќи на вас. Секогаш кога ќе го користите, можете да бидете сигурни дека секој
пат ќе добиете одлични резултати.
Добре дојдовте во Electrolux.
Посетете ја нашата веб-страница за да:
Добиете совети за употреба, брошури, решавање на проблеми, услуги
за сервисирање и поправка:
www.electrolux.com/support
Регистрирајте го вашиот производ за подобра услуга:
www.registerelectrolux.com
Купете додатоци, потрошни материјали и оригинални резервни делови
за вашиот уред:
www.electrolux.com/shop
ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ И СЕРВИС
Секогаш користете само оригинални делови.
Кога контактирате со нашиот овластен сервисен центар, проверете дали ги имате
следниве податоци: Модел, PNC, сериски број.
Информациите може да се најдат на плочката со спецификации.
Предупредување / Внимание-Безбедносни информации
Општи информации и совети
Информации за животната средина
Предмет на промени без претходно известување.
MK - 5 -
Општи предупредувања
Прочитајте го внимателно прирачникот пред да го
инсталирате и користите вашиот уред. Нашата компанија
нема да биде одговорна во случај на злоупотреба.
Следете ги сите инструкции на уредот и во прирачникот, и
чувајте го прирачников на сигурно за да можете да решите
идни можни проблеми.
Овој уред не е наменет да се користи како вграден апарат.
При монтажа кога апаратот не е самостоен, почитувајќи го
потребниот простор за димензиите при употреба, апаратот
ќе работи правилно, но потрошувачката на енергија може
малку да се зголеми.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не ги блокирајте отворите за
вентилација кои се најдуваат во кутијата на уредот или
во вградената структура.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да користите механички
уреди или други начини за забрзување на процесот на
одмрзнување, освен оние кои се препорачани од
производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да користите електрични
уреди во внатрешните оддели на уредот, освен доколку
не се од вид кој е препорачан од производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не го оштетувајте колото на
разладувачот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да се спречи опасност поради
нестабилност на уредот, мора да се фиксира според
инструкциите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога го позиционирате уредот,
гледајте кабелот за струја да не биде заглавен или
оштетен.
ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ СО УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ
ДЕЛ 1.
MK - 6 -
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Немојте да поставувате повеќе
продолжни кабли или утикачи на задниот дел од уредот.
Ако вашиот уред користи R600а како рефригерант
можете да ја видите оваа информација на етикетата на
ладилникот треба да внимавате за време на транспорт и
монтажа да не ги оштетите разладните елементи на
ладилникот. Иако тој е пријателски спрема околината и
природен, експлозивен е. Во случај на истекување поради
оштетување на елементите на ладилникот, оддалечете го
уредот од извори на оган или топлина и проветрете ја собата
неколку минути.
• Чувајте ја целата амбалажа подалеку од деца и
отстранувајте ја соодветно.
• Додека го носите и преместувате фрижидерот, внимавајте
да не го оштетите колото на гасот.
• Немојте да чувате експлозивни материи, како на пример
кутии со аеросол со запалив пропелент, во овој уред.
• Овој уред е наменет да се користи само во домашни
услови и слични намени како на пр.:
- Кујнски оддели во продавници, канцеларии и други
работни средини
- Фарми и клиенти во хотели, мотели и други околини од
тип резиденција
- Околини од тип „ноќевање и појадок“
- Угостителство и слични непродажни намени
• Ако штекерот не одговара на приклучокот на кабелот,
мора да се замени од страна на производителот, неговиот
сервисен агент или слично обучени лица, со цел да се
избегне незгода.
• Овој уред не е наменет за користење од лица
(вклучително и деца) со намалени физички, осетни или
умствени способности или без искуство и/или знаење,
MK - 7 -
освен доколку не се под надзор или биле обучени за да го
користат уредот од страна на лице одговорно за нивната
безбедност. Децата мора да бидат надгледувани за да се
осигури дека не си играат со уредот.
• Кабелот за напојување на ладилникот има специјално
заземјен приклучок на него. Овој приклучок треба да се
користи со специјално заземјен приклучок од 16 ампери
или 10 ампери во зависност од земјата каде што ќе се
продава производот. Ако таков штекер нема во куќата,
повикајте квалификуван електричар да го монтира.
• Овој уред може да се користи од деца од 8 години и
нагоре и лица со намалени физички, осетни или ментални
способности или недостаток од искуство и знаење,
доколку истите се под надзор или им биле дадени
инструкции во врска со употребата на уредот на безбеден
начин и доколку ги разбираат можните опасности. Децата
не смеат да играат со уредот. Чистењето и одржувањето
не смеат да се извршуваат од деца без надзор.
• Деца на возраст од 3 до 8 години можат да ги полнат
и празнат уредите за ладење. Не се очекува деца да го
чистат или да го одржуваат уредот, не се очекува многу
мали деца (0-3 години) да ги користат уредите, не се
очекува мали деца (3-8 години) да ги користат безбедно
уредите доколку не се под постојана контрола, повозрасни
деца (8-14 години) и лица со посебни потреби можат да
ги користат уредите безбедно по соодветна контрола или
насоки за користење на уредот. Не се очекува лицата
со поголеми посебни потреби да ги користат безбедно
уредите без континуирана контрола.
• Ако кабелот е оштетен, мора да се замени од страна
на производителот, неговиот сервисен агент или слично
обучени лица, со цел да се избегне незгода.
MK - 8 -
• Овој уред не е наменет за употреба на надморска
височина повисока од 2000 m.
За да се избегне загадување на храна, ве молиме
придржувајте се до следните упатства:
• Отворање на вратата подолго време може да предизвика
значително зголемување на температурата во преградите
на уредот.
• Чистете ги редовно површините што можат да дојдат во
контакт со храна и достапните системи за одвод.
• Чувајте го сировото месо и риба во соодветните садови
во фрижидерот, со што нема да бидат во контакт или да
прокапуваат врз друга храна.
• Деловите за замрзната храна означена со две ѕвездички
се соодветни за чување претходно замрзната храна или
за правење сладолед или коцки мраз.
• Деловите со една, две и три ѕвездички не се соодветни
за замрзнување свежа храна.
• Ако фрижидерот е оставен подолго време, исклучете
го, одмрзнете го, исчистете го, избришете со сува крпа
и оставете ја вратата отворена за да спречите појава на
мувла во уредот.
MK - 9 -
Сервис
• За да го поправите уредот контактирајте го Овластениот
сервисен центар. Користете само оригинални делови.
• Имајте предвид дека поправката од самите вас или
непрофесионалната поправка можат да имаат последици
по безбедноста и можат да ја поништат гаранцијата.
• Следните резервни делови се достапни 7 години
по укинување на моделот: термостати, сензори за
температура, печатени струјни табли, извори на светлина,
рачки за врата, куки за врата, подлошки и корпи.
• Имајте предвид дека некои од овие резервни делови
се единствено достапни за професионални сервисери
и дека не сите резервни делови се однесуваат на сите
модели.
• Гумите за врата ќе бидат достапни 10 години по укинување
на моделот.
MK - 10 -
Стари и неисправни фрижидери
• Доколку вашиот стар фрижидер има брава, скршете ја или тргнете ја,
бидејќи децата може да се заклучат во фрижидерот и да предизвикаат
несреќа.
• Старите апарати користат материјал за изолација и рефригерант со ЦФЦ.
Затоа, внимавајте да не ја загадувате околината кога го фрлате стариот
фрижидер.
• Ве молиме да се обратите кај вашите локални власти во врска со отстранувањето
на WEEE со цел повторна употреба, рециклирање и поправка.
Забелешки:
• Овој уред е произведен за да се користи дома и може да се користи единствено така
и само за наведените намени. Не е погоден за комерцијална или општа употреба.
Ако се користи така, тоа ја поништува нашата гаранција и нашата компанија нема
да биде одговорна за настанатите штети.
• Овој уред е произведен за домашна употреба и погоден е само за ладење/чување
на храна. Не е погоден за комерцијална или општа употреба и/или за чување
на супстанци различни од храна. Нашата компанија не е одговорна за штети
настанати од непочитување на овие намени.
Безбедносни предупредувања
• Не користете продолжителен кабел или повеќевлезен штекер.
• Не вклучувајте оштетени, скинати или стари приклучоци.
• Немојте да го тргате, виткате или оштетувате кабелот.
• Уредот е наменет да се користи од страна на возрасни, не оставајте им
на децата да си играат со него или да висат на вратата.
• Не го фаќајте кабелот со влажни раце, опасност од струен удар!
• Не поставувајте стаклени шишиња или лименки со пијалаци во
замрзнувачот. Шишињата или лименките може да експлодираат.
• Поради ваша безбедност не поставувајте експлозивни и запаливи
материјали во фрижидерот. Поставете ги пијалаците со висок алкохолен
процент во одделот за ладење со добро затворени затки и во вертикална позиција.
• Избегнувајте контакт со гола кожа со мразот додека го вадите од делот за
длабоко замрзнување, бидејќи мразот може да предизвика замрзнатини
и/или посекотини.
• Не допирајте замрзнати работи со влажни раце! Немојте да јадете сладолед и
MK - 11 -
• коцки мраз веднаш откако ќе ги извадите од замрзнувачот!
• Немојте повторно да ги замрзнувате храните кои еднаш се одмрзнале. Тоа
може да предизвика здравствени проблеми од типот на труење со храна.
• Не го покривајте телото и врвот на фрижидерот со чаршаф. Тоа влијае на работата
на фрижидерот.
• Обезбедете ги внатрешните додатоци во апаратот за да не се оштетат при
преместување.
• Кога е затворена вратата на замрзнувачот, додаѓа до вакумирање. Почекајте
1 минута за да ја отворите повторно.
• Оваа апликација е опционална за
лесно отварање на вратата. Со оваа
апликација, може да се појави блага
кондензација околу овој простор.
Инсталација и ракување со вашиот
фрижидер
Пред да почнете да го користите фрижидерот, обрнете внимание на следниве работи:
• Работниот напон на фрижидерот е 220-240 волти при 50 херци.
• Приклучокот мора да биде на дофат после инсталацијата.
• При првото вклучување може да се појави мирис. Ќе исчезне кога уредот ќе почне
да лади.
• Пред да поврзете во струјно коло, осигурете се дека напонот означен на плочката
со името на уредот одговара на напонот во вашата мрежа дома.
• Вклучете го приклучокот во штекер со ефикасно заземјување. Доколку штекерот
не е заземјен или не одговара, ви препорачуваме да повикате авторизиран
електричар да ви помогне.
• Уредот мора да биде поврзан на штекер со соодветен осигурувач.
Напојувањето и напонот на напојната точка мора да соодветствуваат
со деталите на плочката на уредот (таа се најдува на внатрешната
лева страна на уредот).
• Не преземаме одговорност за штета настаната поради незаземјени
приклучоци.
• Поставете го фрижидерот на добро место кое нема да биде изложено на директна
сончева светлина.
• Фрижидерот не смее никогаш да се користи на отворено или да се остава на дожд.
• Треба да биде на најмалку 50 см од извори на топлина како шпорети, фурни,
радијатори и печки и најмалку на 5 см од електрични фурни.
• Потребен е слободен простор од најмалку 15 см над и зад уредот.
• Не оставајте тешки предмети на уредот.
• Целосно чистете го уредот, особено во внатрешноста, пред да го користите (видете
го делот Чистење и одржување).
• Процедурата за инсталирање во кујнските елементи е дадена во прирачникот за
инсталација. Уредов е наменет за користење единствено во соодветни кујнски
елементи.
MK - 12 -
• Прилагодливите предни ногалки мора да се постават на соодветна висина со
цел фрижидерот да работи стабилно и правилно. Тоа можете да го направите
со вртење на ногалките во правец на стрелките (или обратно). Тоа треба да се
направи пред да се постави храна во фрижидерот.
Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови со млака вода во
која сте раствориле сода бикарбона и потоа исплакнете со чиста вода и исушете.
Вратете ги сите делови после чистењ.
• Поставете ја пластиката за прилагодување на растојание (делот
со црни крилца на задната страна) така што ќе го завртите за 90
степени со што ќе оневозможите на кондензаторот да го допира
ѕидот.condenser from touching the wall.
• Растојанието меѓу уредот и ѕидот одзади мора да биде минимум 42
mm и максимум 75 mm.
• За монтажа на странична ниша погледнете во Сетот за спојување обезбеден со
замрзнувачот и упатството за поставување (ЗАБЕЛЕШКА: сетот за спојување е
исто така одделно достапен како додаток).
Пред да го користите фрижидерот
• За да овозможите ефикасна работа, при првото користење или после
преместување, вклучете го фрижидерот во струја и оставете го исправен
3 часа. Во спротивно, може да го оштетите компресорот.
• При првото вклучување може да се појави мирис; мирисот ќе исчезне
кога фрижидерот ќе почне да лади.
Внатрешно осветлување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од струен удар.
• Светилката (светилките) во овој производ и резервните светилки се продаваат
одделно: Овие светилки се наменети да издржат екстремни физички услови во
уредите за домаќинства, како што се температура, вибрации, влажност или се
наменети да сигнализираат информации за работната состојба на апаратот. Тие
не се наменети да се користат за други намени и не се погодни за осветлување на
простории во домаќинства.
MK - 13 -
Димензии
Вкупни димензии
1
H1 mm 1860
W1 mm 595
D1 mm 650
1
висината, ширината и длабочината на
апаратот без рачката
Простор потребен за
употреба
2
H2 mm 1900
W2 mm 600
D2 mm 718
2
висината, ширината и длабочината
на апаратот вклучувајќи ја и рачката,
плус просторот неопходен за слободна
циркулација на воздухот за ладење
Вкупен простор потребен за
употреба
3
W3 mm 649
D3 mm 1224
3
висината, ширината и длабочината
на апаратот вклучувајќи ја и рачката,
плус просторот неопходен за слободна
циркулација на воздухот за ладење,
плус просторот потребен за да се
овозможи отворање на вратата под
минималниот агол што дозволува
отстранување на целата внатрешна
опрема
H1
H2
W1
D1
W2
D2
W3
D3
90
o
MK - 14 -
ИНФОРМАЦИИ ЗА УПОТРЕБАДЕЛ - 2.
Информации за технологијата без мраз
Ладилниците со технологија против мрзнење се разликуваат од
други статични ладилници во односот на принципот на работа.
Кај нормалните ладилници, влажноста што навлегува во ладилникот
заради отворање на вратата и влажноста во храната предизвикува
мрзнење во одделот на замрзнувачот. За да го одмрзнете мразот
во одделот за замрзнување, треба да го исклучувате ладилникот
од време на време, да ја ставите храната што треба да остане
замрзната во друг изладен сад и да го извадите мразот што се
насобрал во ладилникот.
Состојбата е целосно поинаква кај ладилниците со технологија
против мраз. Сув и студен воздух циркулира во одделите за ладење
и замрзнување постојано и рамномерно од неколку места преку
вентилатор. Студениот воздух што се распространува рамномерно
и постојано меѓу полиците ја лади и целата храна еднакво со што
се спречуваат влага и мрзнење.
Затоа, ладилникот со технологија против мраз ви овозможува
леснотија при употребата како надополнување на огромниот
капацитет и убавиот изглед.
MK - 15 -
Екран и контролен панел
Користење на контролниот панел
1. Копче за поставување на температурата во замрзнувачот
2. Симбол за супер-замрзнување (LED сијаличка за супер-замрзнување)
3. Симбол за предупредување (LED аларм)
4. Индикатор за приспособената температура во замрзнувачот
Ракување со замрзнувачот
Осветлување (ако е достапно)
Кога производот се вклучува прв пат, внатрешните светла може да се вклучат 1
минута подоцна поради почетните тестови.
Сијаличка за предупредување
Лед-сијаличката за предупредување ќе свети црвено ако има проблем замрзнувачот.
Копче за поставување на температурата во замрзнувачот
Ова копче ви овозможува да ја поставите температурата во замрзнувачот. Притиснете
го ова копче за да ја поставите вредноста за одделот со замрзнувачот. Користете го
ова копче за да го активирате и режимот за супер-замрзнување.
Режим за супер-замрзнување
Кога треба да се користи?
• За замрзнување голема количина храна.
• За замрзнување готова храна.
• За брзо замрзнување на храната.
• За складирање сезонска храна на подолг период.
Како се користи?
• Притискајте го копчето за поставување на температурата додека не се вклучи
сијаличката за супер-замрзнување.
• Сијаличката за супер-замрзнување ќе свети додека е активен овој режим.
• Максималната количина на свежа храна (во килограми) што може да се замрзне за
24 часа е дадена на етикетата на апаратот.
• Поставете го замрзнувачот во активен режим за супер-замрзнување 24 часа пред
да ја ставите свежата храна во замрзнувачот за да ги постигнете најдобрите
резултати од работата со максимален капацитет за замрзнување.
Додека е активен овој режим:
Ако го притиснете копчето за поставување на температурата, режимот ќе се откаже и
поставката ќе се врати на -16.
1 2 3 4
MK - 16 -
Поставки за температурата во замрзнувачот
• Почетната температура за оваа поставка на екранот е -18 °C.
• Притиснете го копчето за поставување на температурата еднаш.
• Секојпат кога ќе го притиснете копчето, температурата ќе се намалува (-16 °C,
-18 °C, -20 °C,.. супер-замрзнување)
• Ако го притиснете копчето за поставување на температурата во замрзнувачот
додека не се прикаже симболот за супер-замрзнување на замрзнувачот.
• Поставките се прикажуваат и вие не притискате ниедно копче во следните 3
секунди, сијаличката за супер-замрзнување ќе трепка.
• Ако продолжите да притискате, ќе започне одново од последната поставена
вредност.
Предупредувања за приспособувањето на температурата
• Не се препорачува да го користите замрзнувачот во средини со температура
пониска од 10 °C заради неговата ефикасност.
• Не започнувајте ново приспособување додека веќе поставувате едно.
• Приспособувањето на температурата треба да се направи согласно зачестеноста
на отворањето на вратата, количината храна што се чува во замрзнувачот и
температурата во средината каде што е поставен замрзнувачот.
• За да може замрзнувачот да достигне работна температура по вклучувањето на
струја, не треба често да ја отворате вратата или да ставате големи количини
храна во замрзнувачот. Имајте предвид дека во зависност од амбиенталната
температура, на замрзнувачот може да му бидат потребни 24 часа да достигне
работна температура.
• Функцијата за одложена работа од 5 минути се применува за да се спречи
оштетување на компресорот на замрзнувачот кога ќе го исклучите или вклучите во
струја повторно или кога ќе снема струја. Замрзнувачот ќе започне да работи
нормално по 5 минути.
• Замрзнувачот е дизајниран да работи во интервалите на амбиентална температура
(T/SN = 10 °C - 43 °C) наведени во стандардите, согласно климатската класа посочена
на етикетата со информации. Не препорачуваме да го користите замрзнувачот во
други услови освен во наведените ограничувања на температурата во контекст на
ефикасно ладење.
Климатска
класа
Амбиентална
температура (°C)
T Меѓу 16 и 43 (°C)
ST Меѓу 16 и 38 (°C)
N Меѓу 16 и 32 (°C)
SN Меѓу 10 и 32 (°C)
T/SN Меѓу 10 и 43 (°C)
Препорачани вредности за температурата за замрзнувачот
Кога треба да се прилагоди? Внатрешна температура
За минимален капацитет на
замрзнување
-16
o
C
При вообичаено користење -18
o
C
За максимален капацитет на
замрзнување.
-22
o
C, -24
o
C
MK - 17 -
Важни упатства за поставување
Овој апарат е дизајниран да работи во тешки климатски услови (до 43 °C или 110 °F)
и користи технологија за „заштита од замрзнување“ со која што замрзнатата храна во
замрзнувачот нема да се одмрзне дури и кога температурата во средината би паднала
до -15 °C. Според ова, апаратот може да го сместите во незатоплена соба без да се
грижите дека замрзнатата храна ќе се расипе. Кога амбиенталната температура ќе се
врати во нормала, можете да го користите апаратот како и вообичаено.
Додатоци
Сад за мраз
• Наполнете го садот за мраз со вода и ставете го во замрзнувачот.
• Откако водата целосно ќе замрзне, може да го свиткате садот како што е прикажано
подолу за да ги извадите коцките мраз.
(Кај одредени модели)
Ледомат
• Повлечете ја рачката кон вас и извадете
го садот за мраз
• Наполнете го со вода до обележаното
ниво
• Држете го левиот крај од рачката и
поставете го садот за мраз на фиоката
за мраз
• Кога ќе се формираат коцки мраз,
завртете ја рачката за да ги испуштите
коцките мраз во фиоката за мраз.
Не треба да ја полните фиоката за
мраз со вода за да направите мраз.
На тој начин може да се скрши.
(Кај одредени модели)
Визуелните и текстуални описи во делот за додатоци може да се разликуваат во
зависност од моделот.
Класа на клима Значење Амбиентална температура
T Тропска клима
Овој ладилник е наменет да се користи на
амбиентални температури од 16 °C до 43 °C.
ST Суптропска клима
Овој ладилник е наменет да се користи на
амбиентални температури од 16 °C до 38 °C.
N Температура
Овој ладилник е наменет да се користи на
амбиентални температури од 16 °C до 32 °C.
SN
Проширена
температура
Овој ладилник е наменет да се користи на
амбиентални температури од 10 °C до 32 °C.
MK - 18 -
СТАВАЊЕ ХРАНА ПОГЛАВЈЕ - 3.
• Преградата за замрзнување е онаа означена со .
• Замрзнувачот се користи за замрзнување на свежа храна, за чување на замрзнати
производи онолку долго колку што е назначено на пакувањето и за правење мраз.
• Не ставајте свежа и топла храна веднаш до замрзнатата, бидејќи може да ја
растопи.
• Кога замрзнувате свежа храна (на пример, месо, риба и мелено месо), поделете ја
во помали делови кои би ги користеле како поединечен оброк.
• За складирање на замрзната храна: треба секогаш да ги почитувате прикажаните
упатства на пакувањето на замрзнатата храна. Доколку нема информации, храната
треба да се чува најдолго 3 месеци од датумот на кој сте ја купиле.
• Максимално полнење: Ако сакате да чувате големи количини храна и да го
искористите максималниот нето капацитет на замрзнувачот, можете да ги
отстраните фиоките (освен последната). Можете да складирате поголеми предмети
директно на полиците.
• При купување замрзната храна проверете дали истата била замрзната на
соодветна температура и дали пакувањето е неоштетено.
• Замрзнатата храна треба да се пренесува во соодветни контејнери со цел
одржување на квалитетот и потоа треба да се врати во делот за замрзнување во
најкус можен рок.
• Ако пакувањето со смрзната храна покажува знаци на влага и невообичаена
оросеност, веројатно претходно била складирана на несоодветна температура и
состојките се веќе расипани.
• Рокот на употреба на смрзнатата храна зависи од собната температура,
поставувањето на термостатот, колку често се отвора вратата, видот на храната
и времето коешто е потребно да се однесе производот од продавница до вашиот
дом. Секогаш следете ги упатствата што се посoчени на пакувањето и никогаш не
надминувајте го максималното посочено време за складирање.
• За да го искористите максималниот капацитет за замрзнување на вашиот
замрзнувач, поместете ја замрзнатата храна од горната корпа во другите корпи и
активирајте го режимот на брзо замрзнување. Режимот на брзо замрзнување ќе се
исклучи автоматски по 24 часа. Ставете ја храната која сакате да ја замрзнете во
горната корпа на замрзнувачот, притоа внимавајте да не го надминете капацитетот
на вашиот замрзнувач Потоа, активирајте го режимот на брзо замрзнување.
Храната можете да ја ставате веднаш до друга замрзната храна откако таа веќе
замрзнала (по минимум 24 часа од активирањето на режимот на брзо замрзнување
по втор пат).
MK - 19 -
• За да замрзнете мало количество храна (до 3 kg), ставете ја храната без да дојде во
допир со веќе замрзнатата храна и активирајте го режимот на брзо замрзнување.
Ваквата храна можете да ја ставите до другата веќе замрзната храна откако
целосно ќе замрзне (по најмалку 24 часа).
• Ако храната се одмрзнала, не замрзнувајте ја повторно. Може да биде штетна по
здравјето, на пример, да дојде до труење од храна.
• Храната треба да е целосно изладена пред да ја ставите во замрзнувачот.
• Кога купувате замрзната храна, проверете дали била замрзната при соодветна
температура и дали пакувањето е оштетено.
• Внимателно следете ги упатствата на пакувањата со замрзната храна. Доколку
нема информации, храната треба да се чува најдолго 3 месеци од датумот на кој
сте ја купиле.
• Рокот на употреба на смрзнатата храна зависи од собната температура,
поставувањето на термостатот, колку често се отвора вратата, видот на храната
и времето коешто е потребно да се однесе производот од продавница до вашиот
дом. Секогаш следете ги упатствата што се посoчени на пакувањето и никогаш не
надминувајте го максималното посочено време за складирање.
Можно е одредени зачини во готвената храна (анасон, босилек, копар, оцет, мешан
зачин, ѓумбир, лук, кромид, сенф, мајчина душичка, мајоран, црн пипер, колбаси) да
предизвикаат вкус на расипано по долго чување во замрзнувач. Затоа, замрзнатата
храна треба да се зачинува во мала количина или да се зачинува по одмрзнувањето
на храната.
Периодот на чување на храната зависи од употребеното масло. Маргаринот,
животинската маст, маслиновото масло и путерот одговараат, додека маслото до
кикирики и свинската маст не одговараат. Зготвената храна во течна форма треба да
се замрзне во пластични садови, а останата храна треба да се завитка во пластична
фолија или во пластични кеси.
Табелата дадена подолу е краток водич кој го покажува најефикасниот начин за
складирање на главните групи храна во делот за замрзнувач.
MK - 20 -
Месо и риба Подготовка
Максимално
време за
чување
(месец)
Бифтек Завиткан во фолија 6 - 8
Јагнешко Завиткан во фолија 6 - 8
Печено телешко Завиткан во фолија 6 - 8
Телешко на коцки На мали парчиња 6 - 8
Јагнешко на коцки На парчиња 4 - 8
Мелено месо Во пакување без зачини 1 - 3
Пилешки џигер (парчиња) На парчиња 1 - 3
Колбаси/салама
Треба да се спакувани дури и
ако имаат лушпа
Пилешко и мисирка Завиткан во фолија 4 - 6
Гуска и патка Завиткан во фолија 4 - 6
Елен, зајак и дива свиња Во порции од 2,5 кг како филети 6 - 8
Слатководна риба (лосос,
амур, крап, сом)
Откако ќе ги исчистите утробата
и крлушките на рибата, измијте
и исушете ја и ако е неопходно,
исечете ги опашот и главата.
2
Посна риба: морски гргеч,
калкан, лист
4
Мрсна риба (туна, скуша,
ципура, сардела)
2 - 4
Школки, ракови Исчистени и во вреќички 4 - 6
Кавијар
Во своето пакување, во
алуминиумски или пластичен
сад
2 - 3
Полжави
Во солена вода, во
алуминиумски или пластичен
сад
3
Забелешка: Смрзнатото месо треба да се готви како свежото штом ќе се одмрзне.
Ако не го зготвите месото кога ќе се одмрзне, не смее повторно да се замрзнува.
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72
  • Page 73 73
  • Page 74 74
  • Page 75 75
  • Page 76 76
  • Page 77 77
  • Page 78 78
  • Page 79 79
  • Page 80 80
  • Page 81 81
  • Page 82 82
  • Page 83 83
  • Page 84 84
  • Page 85 85
  • Page 86 86
  • Page 87 87
  • Page 88 88
  • Page 89 89
  • Page 90 90
  • Page 91 91
  • Page 92 92
  • Page 93 93
  • Page 94 94
  • Page 95 95
  • Page 96 96
  • Page 97 97
  • Page 98 98
  • Page 99 99
  • Page 100 100
  • Page 101 101
  • Page 102 102
  • Page 103 103
  • Page 104 104
  • Page 105 105
  • Page 106 106
  • Page 107 107
  • Page 108 108
  • Page 109 109
  • Page 110 110
  • Page 111 111
  • Page 112 112
  • Page 113 113
  • Page 114 114
  • Page 115 115
  • Page 116 116
  • Page 117 117
  • Page 118 118
  • Page 119 119
  • Page 120 120
  • Page 121 121
  • Page 122 122
  • Page 123 123
  • Page 124 124
  • Page 125 125
  • Page 126 126
  • Page 127 127
  • Page 128 128
  • Page 129 129
  • Page 130 130
  • Page 131 131
  • Page 132 132
  • Page 133 133
  • Page 134 134
  • Page 135 135
  • Page 136 136
  • Page 137 137
  • Page 138 138
  • Page 139 139
  • Page 140 140

Electrolux LUT7ME28X2 Instrukcja obsługi

Typ
Instrukcja obsługi

w innych językach