Electrolux EWF127410W Instrukcja obsługi

Typ
Instrukcja obsługi

Ten podręcznik jest również odpowiedni dla

Упатство за ракување
instrukcja obsługi
Інструкція
Машина за перење
Pralka
Пральна машина
EWF 107410 W
EWF 127410 W
Electrolux. Thinking of you.
Видете повеќе како размислуваме на www.electrolux.com
СОДРЖИНА
Безбедносни информации 2
Опис на производот 4
Контролна табла 5
Прва употреба 9
Персонализација 9
Секојдневна употреба 9
Помошни напомени и совети 13
Програми за перење 15
Нега и чистење 18
Што да сторите ако... 23
Технички податоци 26
Потрошувачки вредности 26
Монтажа 27
Поврзување на струјата 30
Еколошки прашања 31
Можноста за промени е задржана
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
ВАЖНО Внимателно прочитајте и
чувајте за идни потреби.
Безбедноста на вашиот уред одговара
на индустриските стандарди и на
законските барања за безбедноста на
уредите. Сепак, како производители,
сметаме дека наша должност е да ги
дадеме следниве безбедносни
напомнувања.
Многу е важно, ова упатство да остане
заедно со уредот за идни потреби.
Доколку уредот се продаде или
пренесе на друг сопственик или се
преселите и го оставите уредот,
внимавајте упатството секогаш да
биде со него, за да може новиот
сопственик да се запознае со
функциите и со важните
предупредувања.
МОРА да ги прочитате внимателно
пред да го инсталирате или користите
уредот.
Пред првото пуштање, проверете да
не дошло до оштетување на машината
во текот на транспортот. Никогаш не
поврзувајте оштетена машина.
Доколку има оштетени делови,
обратете се кај Вашиот продавач.
Ако уредот се испорачува во зимските
месеци, кога температурите се под
нулата: чувајте ја машината за перење
24 часа на собна температура, пред
првпат да ја користите.
Општа безбедност
Опасно е да ги менувате
спецификациите или да се обидувате
да го модификувате овој производ на
кој било начин.
Во текот на програмите за миење со
високи температури, стаклото од
вратата може да стане жешко. Не
допирајте го!
Уверете се дека малите миленичиња
нема да се качат во барабанот. За да
го избегнете ова, проверете го
барабанот пред користење.
Секакви предмети, како парички,
безопасни, шајки, шрафови, камење
или друг тврд, остар материјал, може
да предизвикаат големо оштетување и
не смеат да се ставаат во машината.
Користете само препорачани
количини омекнувач и детергент. Со
преполнување можете да
предизвикате оштетување на
ткаенината. Погледнете ги
количините, кои ги препорачува
производителот.
Перете ги малите предмети, како
чорапи, врвки, колани итн., во
вреќичка за перење или во навлака за
перница, бидејќи е можно тие да се
протнат помеѓу коритото и
внатрешниот барабан.
Не користете ја машината за перење
на предмети со фишбајн, непорабен
или искинат материјал.
По користење, при чистење и
одржување, секогаш исклучувајте го
2 electrolux
уредот од напојувањето со струја и
затворете го доводот на вода.
Во никој случај не треба да се
обидувате самите да ја поправате
машината. Поправките изведени од
страна на неискусен материјал може
да предизвикаат повреда или
сериозни грешки во работењето.
Обратете се во локалниот сервисен
центар. Секогаш инсистирајте на
оригинални резервни делови.
Инсталирање
Овој уред е тежок. Бидете внимателни
кога го преместувате.
При распакување, проверете дали
уредот е оштетен. Не користете го
доколку се сомневате и обратете се во
сервисниот центар.
Сета амбалажа и транспортните
клинови мора да се отстранат пред
употребата. Доколку не се
придржувате кон ова може да дојде до
сериозно оштетување на уредот.
Погледнете го соодветното поглавје
во прирачникот.
По монтажата, проверете уредот да не
стои врз доводното или одводното
црево и капакот да не го притиска
кабелот за напојување со струја бо
ѕидот.
Доколку машината е поставена на
обложен под, регулирајте ги ногалките
за да се овозможи слободно струење
на воздухот под уредот.
По монтажата, секогаш проверете
дали цревата и спојките добро
дихтуваат.
Доколку уредот се монтира на место,
кое е изложено на мраз, прочитајте го
поглавјето "опасности од
замрзнување".
Водоводџиските работи, потребни за
монтажа на овој уред, мора да ги
изведува квалификуван водоводџија
или стручно лице.
Електричните работи, потребни за
монтажа на овој уред, мора да ги
изведува квалификуван електричар
или стручно лице.
Користење
Уредот е конструиран за користење во
домаќинството. Не смее да се користи
за други цели, освен оние за кои е
наменет.
Перете само ткаенини, кои се
наменети за перење во машина.
Следете ги упатствата на етикетата на
секое парче од облеката.
Не преполнувајте го уредот.
Погледнете ја табелата со програми
за перење.
Пред перењето, проверете дали
џебовите се празни и дали патентите
се затворени. Избегнувајте перење на
изресени или искинати предмети, и
третирајте го дамките од боја,
мастило, рѓа и трева пред перењето.
Градниците со жица НЕ смеат да се
перат во машина.
Деловите од облеката, кои биле во
допир со производи од испарлива
нафта, не треба да се перат во
машина. Доколку користите испарливи
течности за чистење, треба да
внимавате да ја отстраните течноста
од делот од облеката пред да го
ставите во машината.
Никогаш не влечете го кабелот за да
го извлечете штекерот од
приклучницата; секогаш фаќајте го
самиот штекер.
Никогаш не користете го уредот ако
кабелот за струја, контролната табла,
работната површина или основата се
оштетени на начин, кој овозможува
слободен пристап во внатрешноста на
уредот.
Заклучување заради безбедност на
децата
Овој апарат не е наменет да го
користат лица (вклучувајќи ги и
децата) со намалени физички,
сензорски или ментални способности,
или лица без искуство и знаење, освен
ако немаат надзор и упатување во
користење на апаратот од страна на
лицето, кое е одговорно за нивната
безбедност.
Децата треба да се под надзор за да
не си играат со апаратот.
electrolux 3
Компонентите од амбалажата (на пр.
пластична фолија, стиропор) може да
бидат опасни за децата – опасност од
задушување! Чувајте ги надвор од
дофатот на децата.
Чувајте ги сите детергенти на
безбедно место, надвор од дофат на
децата.
Уверете се дека децата или
миленичињата нема да се качат во
барабанот. За да спречите децата и
миленичињата да се затворат во
барабанот, машината е опремена со
специјален додаток. За да го
активирате овој уред, вртете го (без
притискање) копчето во внатрешноста
на вратата во десно, додека жлебот не
стои хоризонтално. Ако е потребно,
употребете паричка.
За да го дезактивирате овој уред, и да
ја вратите можноста за заклучување
на вратата, вртете го (без притискање)
копчето во внатрешноста на вратата
во лево, додека жлебот не стои
вертикално.
ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
Вашиот нов уред ги задоволува сите современи барања за ефикасен третман
на алиштата со мала потрошувачка на вода, струја и детергент. Неговиот систем
за перење овозможува целосно искористување на детергентот и ја намалува
потрошувачката на вода, со што штеди струја.
1 2
3
4
5
6
1 Фиока на дозерот за детергент
2 Контролна табла
3 Рачка за отворање на вратата
4 Плочка со спецификации
5 Одводна пумпа
6 Ногарки за нивелирање
4 electrolux
Фиока за детергент
Преграда за детергент, што се
користи во фазата на претперење или
киснење, или за средство за
отстранување дамки, во фазата на
дејство против дамките (доколку ја има).
Детергентот за претперење и киснење
се додава на почетокот од програмата
за перење. Средството за отстранување
дамки се додава во текот на фазата на
дејство против дамките.
Преградата за детергент во прав или
за течен детергент се користи за
главното перење. Aко користите течен
детергент налејте го пред самото
стартување на програмата.
Преграда за течни додатоци
(омекнувач, штирак).
Следете ги препораките на
производителот за количините што
треба да се користат и не
пречекорувајте ја ознаката „MAX“ во
фиоката на дозерот за детергент. Сите
омекнувачи или адитиви за штиркање
мора да се налеат во преградата пред
самото стартување на програмата за
перење.
Табела со програми
Со апаратот се испорачуваат разни
табели со програми на разни јазици.
Една е на предната страна на фиоката
на дозерот за детергент, а другите се
приложени со упатството за употреба.
Табелата на фиоката може лесно да се
замени: извадете ја табелата од
фиоката влечејќи ја надесно и ставете ја
табелата со саканиот јазик.
КОНТРОЛНА ТАБЛА
Подолу е слика на контролната табла. На неа се прикажани тркалцето на
програматорот, како и копчињата, контролната сијаличка и екранот. Тие се
претставени со соодветните броеви на следните страници.
electrolux 5
1 2 4 6 7
8
9
3 5
10
1 Селектор на програми
2 Копче за ТЕМПЕРАТУРА
3 Копче за намалување на
ЦЕНТРИФУГАТА
4 Копче за ПРЕТПЕРЕЊЕ
5 Копче за ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
6 Копче за ОДЛОЖЕН ПОЧЕТОК
7 Екран
8 Копче СТАРТ/ПАУЗА
9 Контролна сијаличка за ЗАКЛУЧЕНА
ВРАТА
10 Копчиња на ВРЕМЕНСКИОТ
УПРАВУВАЧ
Табела на симболи
= Програми на временскиот
управувач (Time Manager)
= памучни
= синтетика = чувствителни
= волна = Рачно перење
= свила = женска долна облека
= киснење = плакнење
= цедење = центрифугирање
= Штедливо = лесно пеглање
= џинс = Ќебе
= специјални програми = температура
= студено перење = намалување на центрифугата
= Запирање на плакнењето = ноќен циклус
= предперење = дополнително плакнење
= одложен почеток = безбедносно заклучување за деца
= старт/пауза = заклучување на вратата
= Копчиња на временскиот
управувач (Time Manager)
6 electrolux
Тркалце на програматорот
Овозможува вклучување и исклучување
на апаратот, како и одбирање програми.
Температура
Ова копче ви овозможува да ја
зголемите или намалите температурата
на перење.
Намалување на брзината на
центрифугата
Со притискање на ова копче можете да
ја намалите брзината на центрифугата
за избраната програма или да ја
изберете некоја од достапните опции.
Задржано плакнење
Со одбирање на оваа функција водата
од последното плакнење не се црпи за
да се спречи туткање на ткаенините.
Пред да ја отворите вратата, неопходно
е да се испушти водата. За да ја
испуштите водата, прочитајте го
поглавјето "Кога ќе заврши програма".
Ноќен циклус
Со одбирање на оваа функција
машината нема да ја испушти водата од
последното плакнење и сите фази за
центрифугирање се исклучени за да не
се истуткаат алиштата. Овој циклус за
перење е многу тивок и може да се
одбере за навечер или за периоди со
поевтина струја. За некои програми
плакнењата ќе се извршат со повеќе
вода. Пред да ја отворите вратата,
неопходно е да се испушти водата. За да
ја испуштите водата, прочитајте го
поглавјето "Кога ќе заврши програма".
Претперење
Со одбирање на оваа опција машината
врши претперење пред главното
перење. Времето за перење ќе биде
подолго. Оваа опција се препорачува за
многу извалкани алишта.
Дополнително плакнење
Апаратот е конструиран да штеди
енергија. Ако е потребно плакнење на
алиштата со дополнително количество
вода (дополнително плакнење),
изберете ја таа опција. Ќе се извршат
неколку дополнителни плакнења. Оваа
опција се препорачува за лица
алергични на детергенти, како и за
подрачја со многу мека вода.
Одложен старт
Со ова копче, програмата може да се
одложи за 30 мин - 60 мин - 90 мин, 2
часа, па потоа по 1 час се до максимум
од 20 часа.
Старт пауза
Ова копче ви овозможува да ја
стартувате или да ја прекинете
избраната програма.
Временски управувач (Time Manager)
Овие копчиња ви овозможуваат
менување на времетраењето на
програмата автоматски по предлог на
апаратот.
Контролна сијалица за заклучена врата
Контролната сијалица 9 се пали кога ќе
стартува програмата и укажува дали
вратата може да се отвори:
свети: вратата не може да се отвори.
Машината работи или престанала да
работи, но има вода во кадата.
не свети: вратата може да се отвори.
Програмата завршила или водата е
исцрпена.
светлото трепка: вратата се отвора
electrolux 7
Екран
7.4 7.5 7.1
7.27.3
Екранот ги прикажува следните
информации:
7.1:
Траење на избраната програма
По одбирањето програма,
времетраењето се прикажува во
часови и минути (на пример 2.05 ).
Траењето се пресметува автоматски
врз база на максималното
препорачано полнење за секој вид на
материјал. Откако програмата ќе
стартува, преостанатото време се
ажурира секоја минута.
Одложен почеток
Избраното одложување, нагодено со
притискање на соодветното копче, се
појавува на екранот во траење од
неколку секунди, па потоа повторно се
прикажува траењето на избраната
програма.
Шифри за тревога
Во случај на проблеми во работењето,
може да се прикажат некои шифри за
тревога, на пример E20 (погледнете го
пасусот „Што да сторите ако...“).
Неправилно одбирање на опција
Доколку некоја опција не е
компатибилна со нагодената програма
за перење, во долниот дел од екранот
на неколку секунди ќе се прикаже
пораката Err , а вградената црвена
сијалица на копчето 8 ќе почне да
трепка.
Крај на програмата
Кога ќе заврши програма, се
прикажуваат три нули што трепкаат,
контролната сијаличка 9 и
контролната сијаличка на копчето 8 се
гаснат и вратата може да се отвори.
7.2: Икони за фазите на програмата за
перење
Перење
Плакнења
Цедење
Центрифугирање
Со бирање на програма за перење,во
долниот дел од екранот се прикажуваат
иконите за фазите од програмата,
соодветни на разни фази од програмата.
Откако ќе го притиснете копчето 8 ,
останува вклучена само иконата за
тековната фаза.
7.3: Фаза на загревање
За време на циклусот за перење, на
екранот се прикажува икона за
температура што покажува дека
апаратот почнал со греењето на водата
во кадата.
7.4: Икони за степен на валканост
Интензивно
Нормално
Секојдневно
Лесно
Брзо
Супер брзо
Освежување
Супер брзо
8 electrolux
Кога ќе се одбере програма, на екранот
се појавува икона што го прикажува
степенот на извалканост што машината
го предлага автоматски.
7.5: Безбедносно заклучување за деца
(видете пасус „Безбедносно
заклучување за деца“).
ПРВА УПОТРЕБА
Проверете дали електричните и
водоводните поврзувања се
согласни со упатствата за
местење.
Отстранете ги блокот од стиропор
и сиот останат материјал од
барабанот.
Истурете 2 литри вода во главната
преграда за перење
на фиоката
на дозерот за да се активира
вентилот ECO . Потоа вклучете
циклус за памук на највисока
температура, без алишта во
машината, за да ги отстраните
производните остатоци од
барабанот и кадата. Турете 1/2
мерка детергент во фиоката за
главно перење на дозерот и
вклучете ја машината.
ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
Звучни сигнали
Машината е опремена со звучен уред кој
се огласува во следните случаи:
на крајот од циклусот
ако има дефект.
Откако истовремено ќе ги притискате
копчињата 4 и 5 околу 6 секунди ,
звучниот сигнал се исклучува (освен во
случај на дефект). Со повторно
притискање на овие 2 копчиња, звучните
сигнали повторно се вклучуваат.
Безбедносна блокада за децата
Овој уред Ви дозволува да го оставите
апаратот без надгледување и да не се
грижите за тоа дека децата може да се
повредат или да го оштетат. Оваа
функција останува вклучена и кога
машината не работи.
Има два начина да се нагоди оваа
опција:
1. Пред да го притиснете копчето 8 :
стартувањето на машината е
невозможно.
2. Откако да го притиснете копчето 8 :
менувањето на која било друга
програма или опција е невозможно.
За активирање или дезактивирање на
оваа опција притискајте ги истовремено
околу 6 секунди копчињата 5 и 6 , додека
иконата
не се појави или изгуби од
екранот.
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
Полнење на алиштата
Отворете ја вратата со внимателно
влечење на рачката кон надвор. Ставете
ги алиштата во барабанот, едно по едно,
протресувајќи ги што е можно повеќе.
Затворете ја вратата.
electrolux 9
Измерете детергент и омекнувач
Извлечете ја фиоката од дозерот додека
не застане. Измерете ја количината
потребен детергент, всипете ја во
главната преграда
или во
соодветната преграда, ако тоа го бара
избраната програма/опција (повеќе
детали ќе најдете во "Фиока на дозерт за
детергент").
Доколку е потребно, всипете омекнувач
во преградата означена со
(количината не смее да ја надмине
ознаката "MAX" во фиоката). Полека
затворете ја вратата.
Изберете ја потребната програма со
вртење на бирачот на програми (1)
Завртете го бирачот на програми на
потребната програма. Машината за
перење ќе предложи температура и
автоматски ќе избере максимална
вредност на центрифугирање, достапна
за избраната програма. Овие вредности
можете да ги промените со притискање
на соодветните копчиња. Зелената
контролна сијалица од копчето 8 почнува
да трепка.
Програматорот може да се врти в десно
или в лево. Свртете го во положба
за
ресетирање на програмата/исклучување
на машината.
На крајот на програмата, програматорот
мора да биде свртен во положба
, за
да ја исклучите машината.
ВНИМАНИЕ Ако го завртите бирачот
на некоја друга програма, додека
машината работи, црвената
контролна сијалица од копчето 8 ќе
трепне 3-пати и ќе се прикаже
пораката за грешка Err за да укаже
на погрешното бирање. Машината
нема да ја изведува новата избрана
програма.
Копчиња за опциите на програмите
Зависно од програмата, може да се
комбинираат различни функции. Тие
мора да се избираат по одбирање на
саканата програма и пред притискање на
копчето 8 .
10 electrolux
Изберете ја температурата со
притискање на копчето 2
Со бирање на програма, уредот
автоматски прелага зададена
температура.
Доколку сакате да ги перете алиштата на
друга температура, притискајте го ова
копче повеќепати за да ја зголемите или
намалите температурата.
Намалете ја брзината на центрифугата
со притискање на копчето 3
Кога ќе се одбере програма, апаратот
автоматски ја предлага максималната
брзина за центрифугирање овозможена
за таа програма.
Притискајте го копчето 3 повеќепати за
менување на брзината на центрифугата
ако сакате алиштата да се вртат со друга
брзина. Светнува соодветната
сијаличка.
Одберете ги достапните опции
притискајќи ги копчињата 3, 4 и 5
Зависно од одбраната програмата, може
да се комбинираат различни функции
пред да се притисне копчето 8 . По
одбирањето опција, се пали
соодветната контролна сијаличка.
Ако се одбере неправилна опција,
вградената црвена сијаличка на копчето
8 трепнува 3 пати и пораката Err се
појавува на екранот неколку секунди.
За компатибилноста на програмите
за перење и за опциите, погледнете
го поглавјето „Програми за перење“.
Одберете го одложеното почнување
притискајќи го копчето 6
Пред да почнете програма, ако сакате да
го одложите почнувањето, притискајте
го копчето 6 повеќепати за да го
одберете саканото одложување. Се
пали соодветната сијаличка.
Одбраната вредност на времето за
одложување (до 20 часови) ќе се појави
на екранот неколку секунди, а потоа
повторно ќе се појави времетраењето на
програмата.
Мора да ја одберете оваа опција откако
сте ја поставиле програмата и пред да го
притиснете копчето 8 .
Може да го откажете или смените
времето на одложување кога било пред
да го притиснете копчето 8 .
Одбирање на одложеното почнување:
1. Одберете ги програмата и
потребните опции.
2. Одберете го одложеното почнување
притискајќи го копчето 6 .
3. Притиснете го копчето 8 :
машината почнува со
одбројувањето часови.
Програмата ќе почне по
истекувањето на одбраното
одложување.
Откажување на одложеното почнување
откако ќе се притисне копчето 8 :
1. Поставете ја машината за перење на
ПАУЗА притискајќи го копчето 8 .
2. Притиснете го копчето 6 еднаш за да
се прикаже симболот 0'
3. Притиснете го копчето 8 повторно за
да ја почнете програмата.
ВАЖНО Одбраното одложување може
да се смени само после повторно
одбирање на програма за перење.
Одложеното почнување не може да се
одбере со програмата Црпење .
Стартувајте ја програмата со
притискање на копчето 8
За да ја стартувате избраната програма,
притиснете го копчето 8 , зелената
контролна сијалица од копчето 8
престанува да трепка.
За да ја прекинете програмата што е во
тек, притиснете го копчето 8 : зелената
контролна сијалица почнува да трепка.
За да ја продолжите програмата од
точката каде што била прекината,
притиснете го копчето 8 . Ако сте
избрале одложен старт, машината ќе
почне да одбројува. Ако сте избрале
погрешна опција, црвената контролна
сијалица од копчето 8 ќе трепне 3-пати и
во траење од неколку секунди ќе се
прикаже пораката за грешка Err .
Изберете ја опцијата Временски
управувач со притискање на копчето 10
Со повторено притискање на ова копче,
траењето на циклусот на перење се
зголемува или се намалува. Иконата за
нивото на извалканост ќе се појави на
electrolux 11
екранот за да го прикаже одбраното ниво
на извалканост. Оваа опција е достапна
само со програмите Памук , Синтетика и
Чувствителни .
Ниво на
валканост
Икона Вид на ткаенина
Интензивно За многу валкани
алишта
Нормално За нормално
валкани алишта
Секојдневно За секојдневно
валкани алишта
Лесно За малку валкани
алишта
Брзо За многу малку
валкани алишта
Супер брзо
1)
За предмети, кои
се користени или
носени кратко
време
Освежување
1)
2)
Само за
освежување
алишта
Супер брзо
1)
2)
Само за
освежување многу
малку алишта
1) Препорачуваме да ја намалите количината на
полнење (погледнете ја табелата Програми за
перење).
2) Кога ќе ја изберете оваа опција, соодветната
икона ќе се појави само на кратко, а потоа веднаш
се губи.
Менување опција или пуштање
програма
Менувањето на некои опции е можно
пред извршување на програмата.
Пред да извршите каква било промена,
мора да го ПАУЗИРАТЕ апаратот
притискајќи го копчето 8 (ако сакате да ја
смените опцијата Одредување на
времето, мора да ја откажете
програмата во тек и повторно да
одберете програма).
Менувањето на програма во тек е можно
само со нејзино ресетирање. Свртете го
програматорот на
, а потоа на новата
програмска положба. Почнете ја новата
програма притискајќи го копчето 8
повторно. Водата за перење во кадата
нема да се испразни.
Прекинување на програма
Повторно притиснете го копчето 8 за да
ја прекинете програмата, која е во тек,
соодветната зелена контролна сијалица
ќе почне да трепка.
Повторно притиснете го копчето за да ја
одново да ја стартувате програмата.
Откажување програма
Свртете го тркалцето на програматорот
на
за да ја откажете пуштената
програма.
Сега можете да изберете нова програма.
Отворање на вратата
Откако програмата ќе стартува (или во
текот на одложеното време) вратата е
заклучена, ако сакате да ја отворите,
прво ставете ја машината на ПАУЗА со
притискање на копчето 8 .
По неколку минути контролната сијалица
9 се гаси и вратата може да се отвора.
Ако контролната сијалица остане
запалена, тоа значи дека машината веќе
се загрева или дека нивото на водата е
превисоко. Како и да е, не обидувајте се
да ја отворите вратата на сила!
Ако не можете да ја отворите вратата, а
ви треба да ја отворите, ќе мора да ја
исклучите машината со вртење на
бирачот на O . По неколку минути
вратата може да се отвори (обратете
внимание на нивото и температурата на
водата!) .
Откако ќе ја затворите вратата, одново
ќе треба да ги нагодите програмата и
другите опции и да го притиснете
копчето 8 .
Kога ќе заврши програмата
Машината запира автоматски. Три 0.00
кои трепкаат се појавуваат на екранот, а
контролната сијалица на копчето 8 се
гасне. Се огласуваат звучни сигнали.
Ако е одбрана програма или опција што
завршува со вода во кадата, вратата
останува заклучена како показател дека
водата мора да се испушти пред да се
отвори вратата.
Постапете на следниов начин за да ја
испуштите водата:
1. Завртете го програматорот на O .
2. Одберете програма за испуштање
водата или за центрифугирање.
12 electrolux
3. Доколку е потребно, намалете ја
брзината на центрифугирање
притискајќи го соодветното копче.
4. Повторно притиснете го копчето 8 .
На крајот на програмата, вратата се
ослободува и може да се отвори.
Завртете го програматорот на O за да ја
исклучите машината.
Извадете ги алиштата од барабанот и
внимателно проверете дали барабанот
е празен. Доколку немате намера да
изведувате друго перење, затворете ја
славината. Оставете ја вратата
подотворена за да спречите создавање
на мувла и непријатни миризби.
Подготвеност : штом ќе заврши
програмата, по неколку минути ќе се
вклучи системот за штедење енергија.
Осветленоста на екранот се намалува.
Апаратот ќе излезе од состојбата за
штедење енергија со притискање на кое
било копче.
ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ
Сортирање на алиштата
Следете ги шифрираните симболи за
перење на секој дел од облеката и
упатствата на производителот за
перење. Сортирајте ги алиштата на
следниот начин: бели, во боја,
синтетика, чувствителни, волнени.
Пред ставање на алиштата
Никогаш не перете заедно бели и
шарени алишта. Белите би можеле да ја
изгубат својата "белина" при перењето.
Новите шарени алишта може да
испуштат боја при првото перење; затоа
треба да се перат одвоено првиот пат.
Закопчајте ги навлаките за перници,
патентите, куките и дрикерите. Заврзете
ги ремените или долгите ленти.
Отстранете ги тврдокорните дамки пред
перење.
Истријте ги особено извалканите места
со специјален детергент или паста.
Третирајте ги завесите со посебна
грижа. Извадете ги куките за закачување
или заврзете ги во вреќа или мрежа.
Отстранување дамки
Можно е, тврдокорните дамки да не
излезат само со вода и детергент.
Оттаму, препорачуваме да ги третирате
пред перењето.
Крв: третирајте ги свежите дамки со
студена вода. Кај исушените дамки,
натопете преку ноќ во вода со
специјален детергент, па потоа истријте
со сапун и вода.
Боја на база на масло: натопете со
бензински отстранувач на дамки,
положете го делот од облеката на мека
крпа и тапкајте ја дамката; повторете
повеќепати.
Исушени дамки од маст: натопете со
терпентин, положете го делот од
облеката на мека подлога и тапкајте ја
дамката со памучна крпа на врвовите од
прстите.
Рѓа: оксална киселина, растворена во
жешка вода или производ за
отстранување рѓа, кој се користи студен.
Внимавајте кај старите дамки од рѓа,
бидејќи целулозната структура веќе е
оштетена и ткаенината може да се
продупчи.
Дамки од мувла: третирајте ги со белило
и добро исплакнете (само за бели
алишта и алишта со трајни бои).
Трева: насапунете малку и третирајте со
белило (само за бели алишта и алишта
со трајни бои).
Пенкало и лепило: натопете со ацетон
1)
, положете го делот од облеката на
мека крпа и тапкајте ја дамката.
Кармин: натопете со ацетон, како што е
опишано погоре, па потоа третирајте ги
дамките со метилни алкохоли.
Третирајте ги сите преостанати трагови
со белило.
Црвено вино: натопете во вода и
детергент, исплакнете и третирајте со
ацетатна или лимонска киселина, па
потоа исплакнете. Третирајте ги сите
преостанати трагови со белило.
1) не употребувајте ацетон на вештачка свила
electrolux 13
Мастило: зависно од типот на
мастилото, прво натопете ја ткаенината
со ацетон
1)
, па потоа со ацетатна
киселина; третирајте ги сите
преостанати трагови на белите алишта
со белило, па потоа добро исплакнете ги.
Дамки од катран: прво третирајте со
отстранувач на дамки, метилни
алкохоли или бензин, па потоа истријте
со детергент во паста.
Детергенти и адитиви
Добрите резултати на перењето зависат
и од изборот на детергент и од
користењето на правилните количества
за да се избегне непотребно трошење и
да се заштити животната средина.
Иако биолошки се разградуваат,
детергентите содржат материи што во
големи количества можат да ја
разнишаат чувствителната рамнотежа
на природата.
Изборот на детергентот ќе зависи од
типот на ткаенината (чувствителна,
волнена, памучна итн.), бојата,
температурата на перење и степенот на
валканост.
Со овој апарат може да се користат сите
вообичаено достапни детергенти за
машини за перење:
прашоци за перење за сите видови
ткаенини
прашоци за перење за чувствителни
ткаенини (до 60°C) и волна
течни детергенти, претежно за
програми за перење на ниски
температури (до 60°C) за сите видови
ткаенини или специјални само за
волна.
Детергентот и адитивите мора да се
ставаат во соодветните прегради на
фиоката на дозерот пред почнување на
програмата за перење.
Ако користите течни детергенти, мора да
се одбере програма без претперење.
Вашиот апарат е опремен со систем за
кружење што овозможува оптимално
трошење на концентрираниот
детергент.
Почитувајте ги препораките на
произведувачот за количествата што
треба да се употребуваат и не ставајте
повеќе од ознаката "MAX" на фиоката на
дозерот за детергент .
Количество детергент што треба да се
користи
Видот и количеството детергент зависи
од видот ткаенина, полнењето, степенот
на извалканост и тврдоста на водата што
се користи.
Следете ги упатствата на
производителот на производот за
количествата што треба да се користат.
Користете помалку детергент ако:
перете помалку алишта,
алиштата не се многу извалкани,
во текот на перењето се создаваат
големи количества пена.
Степени на тврдост на водата
Тврдоста на водата е класификувана во
таканаречени "степени" на тврдост.
Информациите за тврдоста на водата во
вашето подрачје можете да ги добиете
од одговорното претпријатие за
водоснабдување или од локалните
служби. Ако степенот на тврдоста на
водата е среден или висок,
препорачуваме да додадете омекнувач
на вода секогаш следејќи ги упатствата
на производителот. Кога степенот на
тврдост е низок, приспособете го
количеството детергент.
14 electrolux
ПРОГРАМИ ЗА ПЕРЕЊЕ
Програма
Максимална и минимална температура
Опис на програмата
Максимална брзина на центрифугата
Максимално полнење со алишта
Вид на алишта
Опции
Детергент
Преграда
ПАМУЧНИ
95° - студено
Главно перење - Плакнења
Максимална брзина на центрифугирање: 1000
врт./мин. за модел EWF 107410W (1200 врт./мин.
за модел EWF 127410W)
Макс. полнење 7 kg – Намалено полнење 3,5 kg
Бел и обоен памук (нормално валкани алишта).
ЗАБАВЕНО
ЦЕНТРИФУГИРАЊ
Е
БЕЗ ПЛАКНЕЊЕ
НОЌЕН ЦИКЛУС
ПРЕДПЕРЕЊЕ
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
ВРЕМЕНСКИ
УПРАВУВАЧ
1)
2)
СИНТЕТИКА
60° - студено
Главно перење - Плакнења
Максимална брзина на центрифугирање: 900 врт./
мин.
Макс. полнење 3,5 kg – Намалено полнење 2 kg
Синтетички или мешани ткаенини: долна облека,
шарена облека, кошули што не се туткаат, блузи.
ЗАБАВЕНО
ЦЕНТРИФУГИРАЊ
Е
БЕЗ ПЛАКНЕЊЕ
НОЌЕН ЦИКЛУС
ПРЕДПЕРЕЊЕ
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
ВРЕМЕНСКИ
УПРАВУВАЧ
1)
2)
ЧУВСТВИТЕЛНИ
40° - студено
Главно перење - Плакнења
Максимална брзина на центрифугирање: 700 врт./
мин.
Макс. полнење 3,5 kg – Намалено полнење 2 kg
Нежни ткаенини: акрилни, вискозни,
полиестерски.
БЕЗ ПЛАКНЕЊЕ
НОЌЕН ЦИКЛУС
ПРЕДПЕРЕЊЕ
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
ВРЕМЕНСКИ
УПРАВУВАЧ
1)
2)
ВОЛНА/ РАЧНО ПЕРЕЊЕ
40° - студено
Главно перење - Плакнења
Максимална брзина на центрифугирање: 900 врт./
мин.
Макс. полнење 2 kg
Програма за перење за волна што се пере во
машина, како и за волнени алишта и нежни
ткаенини што се перат на рака со симболот „рачно
перење“. Забелешка : Поединечен или масивен
предмет може да предизвика неврамнотеженост.
Ако не се вклучува последната центрифуга,
додадете уште алишта, прераспределете го
товарот рачно, а потоа одберете ја програмата за
центрифугирање.
ЗАБАВЕНО
ЦЕНТРИФУГИРАЊ
Е
БЕЗ ПЛАКНЕЊЕ
НОЌЕН ЦИКЛУС
electrolux 15
Програма
Максимална и минимална температура
Опис на програмата
Максимална брзина на центрифугата
Максимално полнење со алишта
Вид на алишта
Опции
Детергент
Преграда
СВИЛА
30° - студено
Главно перење - Плакнења
Максимална брзина на центрифугирање: 700 врт./
мин.
Макс. полнење 1 kg
Нежна програма за перење погодна за свила и
мешана синтетика.
БЕЗ ПЛАКНЕЊЕ
НОЌЕН ЦИКЛУС
ДОЛНА ОБЛЕКА
40° - студено
Главно перење - Плакнења
Максимална брзина на центрифугирање: 900 врт./
мин.
Макс. полнење 1 kg
Оваа програма одговара за многу чувствителни
предмети, како дамска долна облека, градници и
долна облека. Максималната брзина на
центрифугирање се намалува автоматски.
ЗАБАВЕНО
ЦЕНТРИФУГИРАЊ
Е
БЕЗ ПЛАКНЕЊЕ
НОЌЕН ЦИКЛУС
КИСНЕЊЕ
30°
Предперење - Киснење околу 40 минути -
Сопирање со вода во кадата
Макс. полнење 7 kg
Специјална програма за многу валкани алишта.
Машината изведува киснење на 30°C. На крајот на
програмата, машината ќе сопре автоматски со
вода во кадата.
Пред стартување на нова фаза на перење,
потребно е да се испушти водата со:
Само цедење : завртете го програматорот на
програмата за цедење. (Притиснете го копчето
8 ).
Цедење и центрифугирање : завртете го
програматорот на Центрифугирање, намалете
ја брзината на центрифугирање со копчето 3 , па
притиснете го копчето 8 .
Важно! Оваа програма не може да се користи за
многу деликатни ткаенини, како свила или волна.
Ставете го детергентот за програмата киснење во
означената преграда. На крајот од киснењето
(откако ќе ја испуштите водата) можете да
изберете програма за перење. (Прво завртете го
програматорот на
, па потоа на програмата, па
притиснете го копчето 8 ).
16 electrolux
Програма
Максимална и минимална температура
Опис на програмата
Максимална брзина на центрифугата
Максимално полнење со алишта
Вид на алишта
Опции
Детергент
Преграда
ПЛАКНЕЊЕ
Плакнење – Долго центрифугирање
Максимална брзина на центрифугирање: 1000
врт./мин. за модел EWF 107410W (1200 врт./мин.
за модел EWF 127410W)
Макс. полнење 7 kg
Со оваа програма е можно да се плакнат и да се
центрифугираат памучни делови од облеката, кои
се испрани на рака. За поинтензивно плакнење,
изберете ја опцијата ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ. Апаратот ќе изведе неколку
дополнителни плакнења.
ЗАБАВЕНО
ЦЕНТРИФУГИРАЊ
Е
БЕЗ ПЛАКНЕЊЕ
НОЌЕН ЦИКЛУС
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
ЦЕДЕЊЕ
Испуштање на водата
Макс. полнење 7 kg
За испуштање на водата од последното плакнење,
кај програмите кај кои е избрана опција при која
водата на крајот останува во барабанот.
ЦЕНТРИФУГИРАЊЕ
Испуштање и долго центрифугирање
Максимална брзина на центрифугирање: 1000
врт./мин. за модел EWF 107410W (1200 врт./мин.
за модел EWF 127410W)
Макс. полнење 7 kg
Посебно центрифугирање за рачно перени делови
од облеката и по програмите со опцијата
ЗАПИРАЊЕ ПЛАКНЕЊЕ. Брзината може да ја
изберете со притискање на соодветното копче за
да се прилагоди за ткаенините што треба да се
центрифугираат.
ЗАБАВЕНО
ЦЕНТРИФУГИРАЊ
Е
+ ПАМУК, ШТЕДЛИВО
95° - 40°
Главно перење - Плакнења
Максимална брзина на центрифугирање: 1000
врт./мин. за модел EWF 107410W (1200 врт./мин.
за модел EWF 127410W)
Макс. полнење 7 kg
Бели и трајно обоени памучни алишта
Оваа програма може да се избере за малку или
нормално валкани алишта. Температурата ќе се
намали, а времето на перење ќе се продолжи. Ова
овозможува подобра ефикасност во перењето но
и штедење на енергија.
ЗАБАВЕНО
ЦЕНТРИФУГИРАЊ
Е
БЕЗ ПЛАКНЕЊЕ
НОЌЕН ЦИКЛУС
ПРЕДПЕРЕЊЕ
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
2)
electrolux 17
Програма
Максимална и минимална температура
Опис на програмата
Максимална брзина на центрифугата
Максимално полнење со алишта
Вид на алишта
Опции
Детергент
Преграда
ЛЕСНО ПЕГЛАЊЕ
60° - студено
Главно перење - Плакнења
Максимална брзина на центрифугирање: 900 врт./
мин.
Макс. полнење 1 kg
Оваа програма може да се избере за алишта од
синтетика или од мешани материјали што ќе се
пеглаат. Алиштата можат нежно да се исперат и
центрифугираат за да се избегне секакво туткање.
На тој начин пеглањето е полесно. Покрај тоа,
машината ќе изведе и неколку дополнителни
плакнења.
ЗАБАВЕНО
ЦЕНТРИФУГИРАЊ
Е
БЕЗ ПЛАКНЕЊЕ
ПРЕДПЕРЕЊЕ
ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ
2)
ТЕКСАС
60° - студено
Главно перење - Плакнења
Максимална брзина на центрифугирање: 1000
врт./мин. за модел EWF 107410W (1200 врт./мин.
за модел EWF 127410W)
Макс. полнење 3,5 kg
Со оваа програма може да се перат панталони,
кошули или јакни од тексас платно, како и маици
направени од високотехнолошки материјали.
(Опцијата ДОПОЛНИТЕЛНО ПЛАКНЕЊЕ ќе се
активира автоматски).
ЗАБАВЕНО
ЦЕНТРИФУГИРАЊ
Е
БЕЗ ПЛАКНЕЊЕ
НОЌЕН ЦИКЛУС
ПРЕДПЕРЕЊЕ
2)
ЌЕБЕ
40° - 30°
Главно перење - Плакнења
Максимална брзина на центрифугирање: 700 врт./
мин.
Макс. полнење 2 kg
Специјална програма за единечно синтетичко
ќебе или јорган кои се перат.
/ ИСКЛУЧЕНО
За откажување на програмата што е во тек, или за
исклучување на машината.
1) Ако ја изберете опцијата Брзо или Супер брзо со притискање на копчето 10 , препорачуваме да го
намалите максималното полнење како што е наведено. Можно е и целосно полнење, но со послаби
резултати на перење. Ако ги изберете опциите Освежување или Супер освежување, препорачуваме уште
повеќе да го намалите полнењето.
2) Ако користите течни детергенти, мора да се одбере програма без ПРЕДПЕРЕЊЕ.
НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да
изведувате какви било работи на
одржување или чистење, уредот
мора да го исклучите од струја.
Отстранување бигор
Водата што ја користиме обично содржи
бигор. Препорачливо е, во машината
повремено да користите прав за
омекнување на водата. Правете го ова
посебно од перењето на алиштата и
18 electrolux
според упатствата на производителот на
омекнувачот на водата. Тоа ќе помогне
во спречување на таложење на бигорот.
По секое перење
Оставете ја вратата отворена некое
време. Ова помага во уредот да се
спречи создавање на миризба на мувла
и на застоено. Со тоа што ќе ја оставате
вратата отворена по перењето ќе го
сочувате и дихтунгот.
Перење за одржување
Со користење на перења со ниски
температури, можно е да дојде до
таложење на остатоци во внатрешноста
на барабанот.
Препорачуваме редовно да изведувате
перење за одржување.
За да изведете перење за одржување:
во барабанот не треба да има алишта.
изберете ја најжешката програма за
перење памучни алишта.
употребете вообичаена количина
детергент, кој мора да биде во прав и
да има биолошки својства.
Чистење однадвор
Чистете го надворешниот дел од
куќиштето на уредот само со сапуница, а
потоа исушете го темелно.
ВАЖНО Немојте за чистење на
кабинетот да користете метилирани
алкохоли, растворувачи или слични
производи.
Чистење на фиоката на дозерот
Фиоката на дозерот за детергент треба
да се чисти редовно.
Фиоката на дозерот за прашок за перење
и за омекнувач треба да се чисти
редовно.
Извадете ја фиоката така што резето ќе
го притиснете надолу и ќе ја извлечете.
Исплакнете ја под чешма за да
отстранете секакви трагови од
наталожен прашок.
За полесно чистење, горниот дел на
преградата за омекнувач треба да се
извади. Исчистете ги сите делови со
вода.
Исчистете ја комората на фиоката на
дозерот со четка.
electrolux 19
Барабан за перење
Поради рѓосување на туѓи тела во
перењето или поради тоа што водата од
водоводот содржи железо, во барабанот
може да се јават наслаги од рѓа.
ВАЖНО Не чистете го барабанот со
средства против бигор што содржат
киселина, детергенти за стружење со
хлор или со железна или челична жица.
1. Отстранете ги наслагите од рѓа со
средство за чистење за челик што не
рѓосува.
2. Пуштете циклус на перење без
алишта, за да ги исчистите сите
остатоци од средствата за чистење.
Програма: куса програма за памук
при максимална температура, со
прибл. 1/4 мерник детергент.
Дихтунг на вратата
Повремено проверувајте го дихтунгот од
вратата и отстранете ги евентуално
заглавените предмети во
превиткувањето.
Одводна пумпа
Пумпата треба редовно да се проверува
и тоа особено ако:
апаратот не испушта и/или не
центрифугира;
апаратот испушта невообичаени
звуци за време на цедењето поради
предмети, како на пр., безопасни,
парички итн., кои ја блокираат
пумпата.
се открие проблем кај системот за
испуштање на водата (за повеќе
детали, погледнете го поглавјето „Што
да сторите ако...“).
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Пред да ја
отворате вратата од пумпата,
исклучете го апаратот и извадете го
штекерот од приклучокот за струја.
Постапете вака:
1. Извлечете го штекерот на апаратот.
2. Доколку е потребно, почекајте
додека водата не се излади.
3. Отворете ја вратата од пумпата.
20 electrolux
  • Page 1 1
  • Page 2 2
  • Page 3 3
  • Page 4 4
  • Page 5 5
  • Page 6 6
  • Page 7 7
  • Page 8 8
  • Page 9 9
  • Page 10 10
  • Page 11 11
  • Page 12 12
  • Page 13 13
  • Page 14 14
  • Page 15 15
  • Page 16 16
  • Page 17 17
  • Page 18 18
  • Page 19 19
  • Page 20 20
  • Page 21 21
  • Page 22 22
  • Page 23 23
  • Page 24 24
  • Page 25 25
  • Page 26 26
  • Page 27 27
  • Page 28 28
  • Page 29 29
  • Page 30 30
  • Page 31 31
  • Page 32 32
  • Page 33 33
  • Page 34 34
  • Page 35 35
  • Page 36 36
  • Page 37 37
  • Page 38 38
  • Page 39 39
  • Page 40 40
  • Page 41 41
  • Page 42 42
  • Page 43 43
  • Page 44 44
  • Page 45 45
  • Page 46 46
  • Page 47 47
  • Page 48 48
  • Page 49 49
  • Page 50 50
  • Page 51 51
  • Page 52 52
  • Page 53 53
  • Page 54 54
  • Page 55 55
  • Page 56 56
  • Page 57 57
  • Page 58 58
  • Page 59 59
  • Page 60 60
  • Page 61 61
  • Page 62 62
  • Page 63 63
  • Page 64 64
  • Page 65 65
  • Page 66 66
  • Page 67 67
  • Page 68 68
  • Page 69 69
  • Page 70 70
  • Page 71 71
  • Page 72 72
  • Page 73 73
  • Page 74 74
  • Page 75 75
  • Page 76 76
  • Page 77 77
  • Page 78 78
  • Page 79 79
  • Page 80 80
  • Page 81 81
  • Page 82 82
  • Page 83 83
  • Page 84 84
  • Page 85 85
  • Page 86 86
  • Page 87 87
  • Page 88 88
  • Page 89 89
  • Page 90 90
  • Page 91 91
  • Page 92 92

Electrolux EWF127410W Instrukcja obsługi

Typ
Instrukcja obsługi
Ten podręcznik jest również odpowiedni dla